Оф леле колку многу сакам да те видам барем уште еднаш,да можам да ти ги кажам сите работи кои ми се во глава и во срцето,да можам силно да те гушнам и засекогаш така да останеме...знаеш навистина ми требаш.Не требаше вака да испадне НЕ
Те сакам најмногу на светот... сакам да те гушнаааааааам силно... сонот наш да стане јаве и да бидеме најсреќни, зверчееееееее
Стари мој, можеби сега се предомисли па не ја сакаш целосната искреност од мене, но морав да си го кажам она што ми лежи на душа. Чувствувам дека можам се да ти кажам, но жалам што не размислувам дека можеби ќе те повредам. Јас и ти сме силна спојка, само страв ми е да не пукнеме. Убаво е да знам дека сакаш да сум покрај тебе во се, убаво е да знам дека сакаш да си покрај мене во се. И кога збориш дека ќе имаме ќерка како мене, која ќе ми ја вади душата за да видам како ти е тебе со мене го гледам блесокот во твоите очи. Убав си ми, најубав, и покрај сите брчки и некое си бело влакно
Половина година заедно, помина додека да трепнеме . Како вчера да беше кога се запознавме..јас срамежливо те поздравувам , а ти како од пушка-кажувај каде сакаш да одиме. И од тогаш јас и ти сме ко едно цело , кое тешко се дели. Се надевам дека секогаш ќе биде вака како овие месеци, секогаш вака ќе си се сакаме, почитуваме и ќе се надополнуваме еден со друг. Те знам кратко, и сеуште учам по нешто ново за тебе, но се чувствувам ко да те знам цел живот. И сега знам дека ти си делчето кое недостасуваше за слагалката да е цела. Те љубам!!
Зборувај ми за љубов за онаа која ја оставивме да умре без да и подадеме рака . Можеш ли? Не би издржала..
Свињо една со камено срце, крени ми веке еднаш да расчиситме, да си ја испразнам душичката после шо сакаш прави, оди у пм
Што да ти кажам денес? Од каде да почнам? Твојата сенка ме прати насекаде, се обидувам да те заборавам, да свртам нов лист хартија.. но никако да го испишам стариот. Ајде, еве, не го допишувам, сега пак не можам да го свртам листот. Повторно се враќа на претходната страница. Е сега што правиме!? Па добро, без чувства ли си бре човеку, дај појави се од некаде, пушти некој абер дека си океј, дека супер ти е овака.. уствари не. Коа ќе размислам подобро, сакам да ми кажеш дека не ти е добро, дека не можеш повеќе вака, дека за тој краток временски интервал направи огромна грешка, а последиците се премногу болни. Појави се и кажи ми дека ја сум ти се што ти треба, дека ме сакаш покрај себе. Знаеш што е најтрагично сега.. незнам како би изреагирала, дали ќе ти се смеам у фаца што се понижуваш пред мене или ќе те прегрнам најсилно на свет, и ќе ти прошепотам "Знаев дека ќе сфатиш и дека ќе се вратиш." Ти посакувам убав и угоден ден..
Дете, у ПМС сум. А кога сум у ПМС 3-4 дена имам право да бидам “заљубена“ у кого сакам се` додека е платонски и без давање сигнали. Да ми го забраниш тоа е исто како јас да ти забранам да глеаш порничи за стално и да наведнуваш глава надолу секогаш кога ќе видиш убаво намонтирана женска. Фала и пријатно. И не, не сум будала отворено да ти го кажам ова. A да и за твоево нервозно расположение у последно време имам нешто да додадам, Пази на кого ја истураш нервозата. Можеби таа на која и` се дереш сега, пред ти да се појавиш у нејзиниот живот, слушала поезија од некој друг. Сум за тоа да не држиш во себе и да си ја отвораш душата, но се додека не заборавиш дека не сум предмет за истресување на нервоза. Низ колку свињарии поминавме заедно, кога не сум ти се обратила со нежен тон? Сум викала само во самоодбрана. Немој после да ми се правдаш и да местиш други дека те нас`скале. Не сум педофил, доволно голем дечко си за да мислиш со своја глава. Фала вторпат.
Сега се каеш, плачеш и молиш, ама малку ти е за тоа што ми направи. Не сум злопамтило, не ти посакувам ништо лошо... Господ нека ми те поживее, ама не ме барај повторно. Животот продолжува, научи да живееш во него без мене.
Толку имав да ти кажам, а јас само поминав покрај тебе.. Ама и јас будала.. Кога ја учиш птицата да лета, што се чудиш ако одлета.. Убаво ми го плесна сестра ми во фаца "си го 'порасна' мочкото на свој грб, како паразит, и мајка и сестра и другарка му беше, и дечко и девојка во врската, бар пелените што си ги покака да му ги сменеше пред да си замине.. или да пратеше поздрав до новата му девојка, таа да му ги смени.. "