после толку години јас и ти да се сретнеме-ти во близина работиш, а јас тука живеам а послтојано се движам натаму ти кажав здраво со малку повесел тон а ти малку посериозен ама важно ми одговори моја средношколска љубов-кога ке ми текне колку лудував по тебе вегите ти се посредени од моиве за на крај професорката што ми беше по пракса на матурата да ми каже-тој не е за тебе а ти се муваше со моја соученичка-инаку таа е мажена за нејзината средношколска љубов, знам каде работи-скоро се видовме-уште тогаш си беше женкариште прва класа чудни се Божјите патишта
Ако почнам да ти кажувам се што мислам за тебе, нема да ми стигне еден цел роман, ама во една реченица тоа би било: Беше и остана најголемата КУКАВИЦА што сум ја запознала, за тебе другарство како што ти милуваше да кажеш е ПОИМ, а за понашањето спрема женско, една 0 ти е висока оценка. Ме разочара СКРОЗ
Фала затоа што ме поднесуваш во денови кога ни самата јас не се трпам. Фала затоа што во најтешките моменти ми даваш сила, поддршка, љубов. Фала затоа што никогаш не ти е доста од мене и моите глупости. Те сакам.
Ти благодарам што не ми се налути денес за тоа што ти го кажав, туку напротив, се насмевна и рече дека си среќен што го споделив тоа со тебе. Покрај другото, ете ова е една од причините зошто ти си мојот свет. Затоа што тебе можам да ти кажам апсолутно се' и да наидам на разбирање дури и тогаш кога не заслужувам. Те сакам жабо!
еуфорија н амомент а потоа нисто а јас во моментот како мало дете верувам дека тоа ке биде навистина имас многу такви работи знам се надевам веке нема да бидат усте во насиот живот затоа сто сега си со мене и е нас живот да знаес
Mе разочара многу,после ова денес верувај ништо нема да е исто,а и незнам дали имаме иднина,по незнам кој пат ни се дешава истото,а јас пак неможам да те пуштам да си одиш....
еее од тебе тие зборови па не ги очекував.. поарно никоаш да не се заљубеев у тебе - колку те сакам толку ме нервираш. АМАН!
Заузди си ги или толку, најсериозно. Отсекогаш сум ги "неќела" жените кои зборуваат, срце ова она, а мислат друго нешто. Значи тоа за мене не е жена туку алапача. Скржава циција! Еј до кај стигнал светот! Место да бидат среќни што може да те нахранат, те гледаат три пати во 2 години, тие од тебе зимаат пари. Ти плачат да им дадеш бидејќи немале за живот, а од друга страна се мислат да уплатат за стан. Абе ајде! Човек кој нема пари не планира да купи стан. Ебате мајката која не е среќна да му зготви нешто на синот. Јас ете не ни јадам од тие јадења, нека не се плаши. Срамота! Мајка ми скоро секој ден тука готви за нас и секогаш кога одиме на ручек ти го преполнува тањирот, дури и ти кажуваш дека многу јадење ти става, а оваа три пржени компири. Иди бе бегајте, закопајте се во земја од срам. Да не ти е ќеф да си нахраниш машко чедо барем три пати во годината. И сега сфаќам дека со жена навистина не треба со фино. Добро што ни од почетокот не и се лизнев. Само остро! Сите жени се аждии! Не дека ќе се карам со неа, гајле ми е, нема ни да ја гледам често. Ама нема шанси да си ќутам. Ако таа збори јас ќе си зборам. Оп опа ќе си сфати.
Те ставив во блиски пријатели мислиму ја сега Туку да,брзо се навикнувам на некои нови луѓе со кои ќе си изградам некаков однос. Па дури и едномесечно континуирано допишување со некого,ако стивне,знам да се чуствувам празно грдо и некомлетно. Плус многу ретко можам да си најдам чатувач,што е горе долу на истото мое нивоу на интелегенција. уживам да водам дискуси на малце поофицијален и покултурен речник. Или што би се рекло уживам да ја глумам таа моја улога. Не може нивото на интелегенција да биде исто,матуранка која допрва треба да биде матурирана во релација со магистер на градежен. М'дај. Ваљда сум ти интересна со моите магарешки и цврсти ставови. А можеби и не ти сум,твоето прозорче не ми светнало веќе 2 часа. ООООО бејбе бејбе пиши мииииии,а во спротивно ако не го сториш тоа ,се до крајот на денешниов ден. Ти давам ултиматум,дека нема да важи договорот зркање подолго време очи во очи па пак да кажуваш дека немам "муда"
Сакам да ти кажам нешто, но не знам што и како. Не излегува од мене. Разочарана сум, од твојот однос, рамнодушност, постојано потенцирање на мојата наводна себичност. И само сакам да ти кажам - оди си од мене ако ти се чинам за таква. Не успеваш да ме сфатиш, толку посакував да си крај мене кога ќе се вратиш, но ти беше многу доцна. Некогаш времето не беше изговор. Паметиш - ако се сака, се` се може? Те убедував дека не е така, но ти тврдеше и ми докажуваше секој пат. Сега престана. Престанувам да те сакам полека. Не знам ни како да дефинирам, не е дека умира љубовта, само не сме веќе она што бевме и какви не` гледав во иднина. Се` почесто размислувам дека моето место ќе припаѓа до друг, па мислам како ќе се прилагодам, во кои работи нема да биде ти. И тешко е, но не постои друг начин. Жално е кога од толку голема љубов ќе остане само пепел.
Преку глава ми е од апсурдното прашање од оние утешни погледи упатени кон мене. Обидите за да ја стишаат болката која ја чувствувам, отсутното присувство, далечните погледи.. Почнав да ги загрижувам сите. Безнадежни утехи.. Очигледно не им е јасно дека ти си мојата вистинска љубов, а јас сум будала која те пушти да си заминеш. Посакав да бидеш среќен. Но не си. Онаа закривена линија која го красеше твојот лик, почнала да се исправува. Каде ли отишол сјајот во твоите очи. Да бев до тебе сега, се ќе беше поинаку. Наместо да испишував текст посветен на тебе со чаша студено млеко пред спиење, ќе бев стуткана во тебе. Ќе ти се насмевнев, а ти ќе ми го бакнеше капакот на левото око. Повторно ќе бев на вистинското место со вистинската личност, оставајќи ги во заборав останатите.