уште утрешниот ден и после нема бегање од мене !!! ама има да си тука за постојано !!! Јас позитивно гледам на нештата и знам дека така ке биде !!! едвајјј чекаммм
Ох душо моја,да знаеш како ми чури главата,ми се иде да се спакувам и да дојдам кај тебе,тука спас нема,ми се иде да се откажам од се!..
убав ден мило мое јас и ти значи вака би ни било да си имаме свие домче преубаво,љубов,шетање јас и ти заедно и заедно :geek:
Што ме немало? Па ти што не се поздравиш прееска со мене? Само чао и си отиде? Од сега сме само колеги на факс или можеби се срамеше затоа што имаше луѓе? Епа ќе ме нема малце да ти дојде паметот.
што кукавици ке бевте и двајцата морееее кој да ми се јави на мобилен да ме праша дали ке можам да одвојам од времето за да го завршам тоа што треба да го завршам-едниот ми е пријател на ф.б. а двајцата ми го имате бројот-да се чудиш и да се крстиш ко да сум некое страшило
Ја гледам месечината стои на небото во црнава ноќ светејќи со светлото што и го дава сонцето но ако сонцето не и ја дава таа светлина тогаш по се изгледа месечината ќе му должи на сонцето... ме тера да размислувам како ти се однесуваше со мене... правиш услуга а после брзо се вртиш назад и почнуваш да ме прашуваш за работи кои ги сакаш за возврат.... Преморен сум од тензијата, преморен сум од гладот...преморен од твоето глумење дека ти должам нешто најди некое друго место каде што ќе ја нахраниш твојата алчност додека јас најдам место за да се одморам...
Фала ти што си секогаш до мене,и во добро и во зло. Те сакам највеќе на целиот свет,остани засекогаш до мене!
Не сакам повеќе да те вида гаду еден. Се ќе ти се врати еден ден и запамти кога ќе појдиш во пеколот јас таму ќе те чекам и ќе се ситам кога ќе гледам како ѓаволите си прават супа со тебе.
|Ако не ми купи штикли за свадбава што сеуште не не имаат покането ке му ставам кромид во перницата на која го минува денот па да видиме дали ке легне како до сеа.(а кој знае дали и ке не канат ама јас да си испланирам што да си носам)ке одам во римјанкиако нема штилки и ке им завидувам на подкованите кобили кои ке играат во штикли а јас нема да сум подкована и ке бидам ждребе.кое цела ноќ ке му досадува на коњот за тоа како сите се подковани и како изгледаат горди кобили.
Помеѓу толпа луѓе, а толку осамено се чувствувам. Толку безначајно подарени бакнежи. Студени прегратки. Празни зборови. Скржави насмевки. Тишина која создава болка. Насолзени очи. И единствена надеж за повторно да те сретнам.
''Немавме среќа. Погрешно време. Погрешни луѓе. Љубов моја, сè што премолчевме, премолчи го и сега. Не троши ги напразно зборовите. Веројатно ќе ги кажеш на некоја друга, некогаш. Веројатно и двацата ќе бидеме среќни некогаш. Не заборавај ме. Не заборавај го тоа што не ти го кажав. Не заборавај го мојот поглед. Еден ден кога случајно ќе ме сретнеш, насмевни се. Поради сè што премолчевме.''