мислам дека те видов вчера на мотор-или беше некој твој клон се замислуваш дека си црнец-реално, блиску си до тоа а на бело се палиш а а оние твоине колеги ко детективи-каде и да се мрднам се околу мене
Заборави на се околу тебе, на сите тупаци и шупаци и помисли на нас, не мора на мене мисли на НАС! Разбери дека јас и ти не сме за врска на далечина, така беше долго време, и знаеш дека секој ден беше пекол... Се ќе направам да останеш тука со мене СЕ! Само кажи и така ќе направам...
Никако да најдеме време за нас.Или сакаш или не сакаш.Треба да се одлучиш.Јас за тебе и термини откажувам а ти? Веќе преку се .. Немој да се чудиш кога како одговор ќе добиеш само едно "извини но немам повеќе желба за тоа" Затоа размисли ... Се гледаме утре ако не откажеш -.-
Овој ден е со големи букви запишан во календарот на мојот живот Ти си сон кој го сонувам секоја ноќ кога ќе ги затворам очите и прва помисла кога ќе ги отворам. Секој збор е толку сиромашен и мизерен за да го употребам посакувајќи ти среќен роденден. Доволно е само да погледниш напред и да ја видиш иднината пред себе, затоа немој да застанеш на патот по кој чекориш. И кога ќе помине многу време..ќе мислам на тебе.
А највеќе од се ме интересира изразот на твоето лице, кога повторно ќе те видам. Ќе ти подадам рака во знак на стекнување ново пријатество. Како потполни странци, кои одамна го изгубиле својот пат.
Пред 4години те сретнав(Се запустив).Бевме месец ипол заедно,но во моето срце остана сеуште.Навистина неможам да те заборавам и ме боли тоа што неможам ниту да разговарам со тебе.Пробав!Продолжив!Се вратив!Самата си го наметнувам фактот,,ке успеам,, а знам дека нема.Са мата си го наметнувам тоа дека ке бидам со тебе,а нема!Самата се борам против самата со себе,а нема!Неможам да го победам силното во мене бидејки е посилно од мене,од самата јас!Се би дала за една вечер да те гушнам,да го слушнам твојот глас!Се би дала да добијам пропуштен повик како што добив пред 4 години.Се би дала да ги видам повторно тие сино-зелени очи коишто направија да се заљубам во тебе.Се би дала да заврни повторно,а ти да ме гушнеш и бакнеш на дождот.Имав многу обиди, но безуспешни.Срцево ми се кини,неможам да продолжам понатаму навистина.Замини веке од мојот живот или врати се и биди моето душе... Н те сакам разбери!
Веќе не се ни замарам со тебе. До тој степен што не чувствувам потреба да те навредам или да ти се одмаздам. Ј*бига, како што човек може сам да си ја укака работата, никој не може. A ти младичу, многу си се зезна. Нема да ја ставам вината на твоето воспитување. Мајка ти те има учено дека жената е нежно битие со кое треба така и да се однесуваш, жената и пред мене ти го има кажано тоа. И ти беше таков, но ... некои други сили надвладеаја со тебе. Штета. За тебе. А за мене, малку емотивно олеснување. Додека си поднослив ќе бидам покрај тебе и ќе се грижам за тебе исто како порано. Верна како и досега. Исто ќе ти се обраќам со нежен тон и ќе те поддржувам низ предизвиците кои ги носи животот. Се` додека си поднослив. Но тоа е обично зрнце песок во споредба со тоа што и колку изгуби. Некои зборови и постапки не се враќаат назад. А особено потешки последици носат кога се направени од некој во кој си имал толкава доверба и си го сакал повеќе од се` на светот.
Ех...стигнав само да сонувам дека заспивам на твоите гради Ова време веќе требаше да е реалност,а не сон Ах,една среќа што имаме...
Синоќа ме уништи. Бев спремна на се за тебе, со тебе, но веќе не сум сигурна. Половен бе? Никогаш не сум те гледала така. Те ставив на пиедестал, но ме уништи, ми ги уништи сите соништа, ми ја уништи секоја желба. Потиштена сум, повеќе не го гледам ни мобилниот, сеедно ми е дали ќе пишеш или не. На секоја твоја порака повеќе не се радувам. Ми го уништи периодов, ме столчи. Е така да си знаеш. Тебе нема ништо да ти кажам. Ме сакаш Мене? Нема никогаш повеќе да ме имаш таква каква што бев со тебе.
Фала ти многу што растури све,ми се скрати животот со ова..секогаш јас сум бил крив па да немаш што друго да кажеш.Секогаш викаш не си се сменил си останал ист,па само јас ли да се мењавам што не се смениш ти јас многу пати се сменив само кој да види..толку време толку поминати работи заедно ти за секоја караница ке ми раскинуваш мене ? Колку пати само за тоа сме правеле моабет ама ти си голем инат и нејкеш да смениш нешто,а знаеш дека јас све би направил за тебе..и секогаш вака ми правиш зошто знаеш дека неможам без тебе и секогаш барам излез од ваква ситуација а ти како да сакаш да се расправаме..упропасти све..и одмор и све што имаме..се прашувам зошто..толку да неможеш 5 мин да се видиме ти викам ќе дојдам до кај тебе да се видиме само на 5 мин знам дека неможеш и дека си болна ама ако неможеш да се видиш 5 мин со мене како можеш да идеш на друго место и да спиеш таму како тоа не ми е јасноо..и после јас сум бил крив ?? за што сум крив извини за тоа што ти нејкеш да се видиш со мене ?? ако е така кажи не сакам и крај а не да ми кажуваш вака е онака е..и оваа година како пред 2 години све направив за да одам на одмор со тебе,знаеш за во Охрид што се исподеси кај мене за да дојдам со тебе на одмор и дојдов..еве и сега исто направив све..и после ми викаш ти намерно вака ми правиш за да раскинеме ццц..како може намерно да ти правам какооо..кога ти ми рече збогум јас ти реков изброј до 10 немој те молев немој немој и после јас сум сакал да раскинеме ?? Глупаво е ова јас незнам пар кога ќе има некоја караница да раскинуваат нон стоп не сум слушнал до сега..Тешко ми е многу заради ова премногу ама ти од што си голем инат нејкеш никад да признаеш ама како сакаш..
Тој, што не проговори ни еден збор да тој,што не го познавам остави белег што не можам да го избришам тој што го сретнав толку случајно да тој ,што име не му знам остави спомен што не можам да заборавам Колку сакав да те прегрнам да ти кажам дека ме маѓепса а те нема и твојот поглед ме прогонува колку сакав да те прегрнам да ти кажам дека ме маѓепса а те нема и твојот поглед ме прогонува Тој, што не проговори ни еден збор да тој,што не го познавам остави белег што не можам да заборавам секоја вечер ,секоја ноќ тој на сон доаѓа да ме потсетува дека можеби сѐ ќе беше поинаку да му пријдев јас Колку сакав да те прегрнам да ти кажам дека ме маѓепса а те нема и твојот поглед ме прогонува колку сакав да те прегрнам да ти кажам дека ме маѓепса а те нема и твојот поглед ме прогонува Сакам да те заборавам.