Ти си личноста што ако дозволам да ја изгубам или ја оттргнам од себе,ќе се каам цел живот. Имаш се што некогаш би посакала кај еден маж. Имаш почитување,имаш разбирање,имаш неизмерна љубов. Со гордост и светлина во очите ме носиш на вечери со другарите и другарките.... Тебе не те пропуштам така лесно. Душа си ти,најголема.
Ме смируваш и после долг и напорен ден.. Ми даваш сила... љубов.. топлина.. Сакам, сонувам и живеам за мене, тебе и нашите три дечиња
преубав ден мил мој преубаво будење,преубав појадок преубав ден поминат заедно,малце во природа малце шопинг малце јас и ти Sе надевам и така ке ни заврши денов љубов моја
Никако не ми е јасно како можеше од толку предобар дечко да станеш невиден кретен? Свесен си и самиот дека не ја искористи ни најмалку шансата што ја доби во вторник,ни пак таа што ја доби вчера и сега пак со истите зборови ме молиш за нова шанса,а ова го правш секогаш (не знам само со кое лице!). Ми велиш дека сега навистина ќе се смењиш,дека ќе се вратиш стариот,но ако навистина го сакаше тоа ти ќе се сменеше уште минатото лето (од тогаш почна ова и уште од тогаш ти кажав и тоа милион пати до сега ). Цврсто сум решена сега да не ти попуштам,па колку и да ми е тешко. Сеуште чекам да ги слушнам од тебе вистинските причини зошто си ваков,а не она твоето-дека не знаеш зошто си ваков и дека ќе се смењиш само дека ти треба време една година помина,а ти уште си таков....повеќе време немам на губење со тебе...Ако ме навистина сакаше како што велиш ова уште одамна ќе се средеше. Знаеш за оној што се вистински сака се се прави,а јас од тебе слушам само-не можам,не знам,ми треба време....Колку и да ми е тешко подобро е веднаш да ставам крај на ова мое мучење со тебе....Се надевам дека ќе те заборавам...наскоро...
Во цела оваа збрка, само ти си тука до мене. Каква поддршка си ми бе човек, ти си злато. Со тебе толку е лесно да се надмине секој пад, секој удар. Секоја солза од моето лице ја бришиш. Велиш само од среќа смеело да се плаче. Како нов човек си. И сега сфаќам зошто. Мислев дека обожаваш да ме нервираш, а уствари ништо не сум знаела. Од каде твојата нервоза, која претгодно ја немаше...како ли не ми текна да се запрашам на момент? Зошто не открив дека само бараш да ти подадам рака и заедно со мене да преминеш преку се. Која будала сум јас бе човек! Кој слепец, што не сум можела да ја видам таа тага и загриженост во твоите очи. Срам ми е! Ми се иде да се плукнам самата себе! Извини што те направив најнеблагодарното суштество на светот. Мислев дека уживаш да ме повредуваш...а уствари само си барал да бидам покрај тебе, да те држам за рака. Чувствувам грижа на свест. Како да ми стое камен на душава...зошто ли неможев да видам? Секој ден ми искажуваш љубов, а јас трперам внатре. Незнам што да кажам, незнам како да возвратам...Како да не го заслужувам цело ова. Ми дари нов свет, полн со бои. Смени се` за мене, отиде против сите. А јас ништо...при очи слепа сум била! Ќе најдам начин за се да ти се оддолжам. Знам дека бараш само љубов и искреност. Внимание и разбирање. Ќе дадам се од себе за да се почувствуваш сакано, како што јас се чувствувам од тебе. Фала ти што замижа на моето избувнување. Само држи се вака близу до мене, и ти ќе ја почувствуваш силната љубов. Извини што устата толку време ми беше побрза од умот...Дај Боже никогаш да не те повредам. И да те чувам како капка вода во сред пустина...
пред да влезам ти го видов автомобилот-прво дамла ме удри па кога ме фати една нервоза и бес кој знае мое и женати била со тебе како и да е , си преминувам за некој месец во сениори
Те заборавив, ти се верува? Мене да. И онака се трудам, се мачам да избројам на левава рака колку пати излеговме, се обидувам да се сетам, зашто, знаеш, не беа многу. Кога само ќе се сетам колку смешен беше. Ти си ја имаше мувата на капата, па сакаше обврската на мене да ја префрлиш, а? Smart move. Си доби тоа што сакаше. Убаво ли ти е? Се надевам задоволен си. Бар да не ти е мака. http://www.youtube.com/watch?v=rdYoijPtnP0
Прости згешив јас ветрови гo носaт мојот глас времето ме гази мене спаси ме и верувај во нас сакам да сум пак со тебе Мислев животот ми е дел од навика без цел сакав јас да ставам крај и крилјата ги скршив знај за да не можам ништо понатаму без тебе... Поинаку е. Сурова е реалноста. Морам да заминам. Никогаш нема да те повредам повторно.
Чудно, ама истовремено и убаво беше да не те мислам од мајот па навака. Ама еве ме пак тука, те мислам. И во пмс сум, пак. Вчера кога ти ја видов најпрекрасната брачеда на свет, се стаписав.. не можев погледот да го кренам, ни едно „Здраво..“ да им речам. Којзнае што си помислиле.. толку долго си одел со некоја што не знае чест да направи. Еден спомен назад.. сите муабети, како тетка ти те прашувала кога ќе ја шетаме малечката (која сега е мноогу порасната) и сето исчекување на таа прошетка која никогаш не се случи. Уште чекам, знаеш.. И, еј.. Ми фалат ситниците твои. Вчера баш размислував.. ми се плаче од што одамна ни ти, ниту било кој ми се нема јавено или оставено порака додека јадам. И секогаш кога ќе ти кажев зошто не ти кренав, ти целиот насмеан ќе ми кажеше: Ееее гледаш кој ми те сакат најмногуу! Зашто, нели.. ако му го побараш човек додека јаде значи го сакаш. Вистина - не вистина, не ми е важно, зашто тоа беше доволно да ми се исцрта насмевка на лицево која ќе ме грее цел ден. И како да не те сака човек после бе? Целиот си таков.. lovable. И така.. Ми фалат ситниците и моментите со тебе. И спомените. Среќа што си ги направивме.. Не се жалам, сепак.. се може и вака. You are happy, I am blue. But not because of you..
Сонце, вака можеш до крајот на светот и назад да ме возиш, нема да се бунам Напротив, ќе уживам Мило ми е што ти се оствари желбата Сега одиме на остварување на наредната, на онаа заедничката, нам двајцата најважна
До овој степен ли дојде после 3 години..ни на телефон да не ми кренеш ? Фала ти злато што ми го уништи животот за секогаш после свееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее не ми се верува дека без тебе ќе бидам и уште ти покажувам слабост зошто и сам се прашувам и сам си одговарам дека те сакам и пак се прашувам зошто те сакам и си одговарам дека незнам зошто сум те засакал..после тој еден месец не требаше воопшто да те примам во мојот живот воопшто ама ако сега мене ќе ме боли ти уживај си..со среќа во твојот живот..заборави ти на све ама јас нема да заборавам..толку сум ти значел јас на тебе заборави слободно..те сакам и ќе те сакам засекогаш а сега стварно едно големо ЗБОГУМ !!
Не можам да спијам. Го слушав Петар Грашо. Ја пееше "Недостаје ми наша љубав"! Каков глас има човеков, каква е пак песнава. И Балашевич ми се допаѓа кога ја пее и овој. Замисли ти да ми пееш така секое утро. Па јас ќе бидам најсреќна! Не можам да спијам. Се секирам за иднината. Главата ми трешти и тежи.
И не можам да разберам. А барам одговор. Ти ме лажеш без да кажеш еден збор. И без да знаеш правиш да се чувствувам ко, ко да не сум живеел ни еден ден.. за нас.
Да не си тука некаде јас далеку би била да не те љубев многу нешта јас би пропуштила.... ОНА ШТО ТЕ КРАСИ ТЕБЕ ЗНАЈ Е ИСКРЕНОСТ НЕ БИ СТОРИЛА НИШТО ДА ТЕ ПОВРЕДАМ.. http://www.youtube.com/watch?v=ZLlbyE6Bh2g
Моите очи веќе не сјаат кога ќе го слушнам твоето име. Моето срце веќе не чука забрзано кога ќе ми се насмевнеш. Не ми се допаѓаш како претходно,затоа, следен пат немој да се изненадиш кога нема да те погледнам. И немој да губиш време пробувајќи да разговараш со мене, бидејќи нема да добиеш одговор. Најтажно е што немаш кој да го направиш крив, освен себе. Ти ја дадов секоја шанса која си можела да ја посакаш, а ти? Ти секогаш ја упропастуваше.Се прашуваш како сум сега? Сега само чекорам со насмевка и се смеам погласно од кога и да било, златна па ти мене ме изгуби…