Форумџика на годината

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Колку е убаво наутро коа ке ме разбуди твојот глас ... аххх :$ ... деновиве горам од љубов по тебе ... :inlove: :P
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    оддалечуваш ме само со тоа однесување,али добро..ти си знаеш..
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Љубов моја! Најсреќна сум затоа што те видов денес. Не можам да ја опишам целата таа топлина во моето срце. Твоето присуство за мене е најважно. Само биди блиску до мене, сакам да знам дека си тука, да те гледам, да те слушам, да те чувствувам! Те сакам најмногу! :inlove: :l:
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Убаво да си поминеш на одморот.... :*
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам, како моите, кога ќе остареме заедно, да си пиеме кафе на балкон, дур врне и си листаме албуми од младоста.

    Не ја сакам самотијата додека знам за тебе.
    Ќе биде многу тежок периодов, повторно, но мораме да успееме. Со солзи и Љубов.
     
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    И еве пак јас ...
    Ти си толку мило и прекрасно човече..
    многу те сакам многу :*
    искрено многу ми е жал што повторно те налутив
    таква сум јас галеничка , се по мое сакам да биде
    знам дека не може така , еве сега сфатив
    ама јас како и по обичај се касно сфакам.
    Се надевам дека овој пат нема да биде касно..
    И еве ти велам НЕ МИ УГОДУВАЈ ! колку повеќе ми угодуваш толку повеќе ќе барам/
    Единствен си ми знаеш ?
    Јас без тебе неможам , не знам , не умеам
    Не сакам да те изгубам , никогаш!
    И ќе направам се за да те зачувам
    Ретки се момците како тебе во ова време!
    Те обожавам искрено :l:
     
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Викендов кога видов колку се грижиш за мене и за најбанални работи, подготвувајќи јадење, додека јас чекам да ми се исуши лакот, се потсетив зошто се заљубив. И во цела моја нервоза, брзаше да ме спремиш, ми утешуваше дека нема да задоцнам и се нервираше паралелно со мене кога видов како изгледам. Беше подготвен да се вратиме назад за да ме средат по мој вкус и да отидам весела на свадбата, а не незадоволна.
    Не знам што да кажам, таа искрена желба што ја имаш се` да ми биде по мерак и трудот твој за работи кои не те засегаат, само да бидам мирна и среќна, ме тераат она постојано задевање од сите роднини поскоро да се мажам, да не ми изгледа како толку страшна идеја :) .
     
    На L-enna и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  8. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Можеш колку сакаш да скокаш и да се правиш важен,ама џабе ти е се.Само глумев дека ми се свиѓаш.
     
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Само не ја истурај нервозата врз мене. Знам дека ќе се случи нешто периодов. Мора без некоја случка негативна ти не си ти. Многу мразам кога си толку нервозен јас секогаш испаѓам кривата. Што убаво ни беше деновиве само љубов сакам така да продолжиме колку и да ме нервираш јас секогаш ќе бидам покрај тебе. Премногу те сакам.
     
  10. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Баш е заебан животот...Решив да продолжам без тебе...
    Од толку голем град мораше ли на иста улица да поминеме во исто време?! :devil:
    Знаеш ли што видов?Видов еден пропаднат човек :|
    Жал ми е за тебе,се уништи..не знаеш што сакаш во животот.
    Ама среќна сум што сега знам колку вредам.
     
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Баш е така! Се двоумам колку има искреност во тие зборови или пак станува збор само за една женска итроштина. Ама сеедно е.

    Два различни света! Едниот растен во Љубов, другиот во Корист - а ти, ти си испаднал кревок и мек како слатка тиганица и покрај се. :inlove:

    Сакам само да ти купам точак, лептир машна и пента за да идеме во срцевината на езерото!
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.473
    Пол:
    Женски
    Несакам во иднина за оваа наша љубов да збориме во минато време или да се сеќаваме само на ситници. Несакам борбата за материјалното да те надвладее. Несакам да се разбудам еден ден и да имам пари, а да те немам тебе или уште полошо да сме заедно, да имаме пари, а да сме како странци. И нека се проклети сите материјални добра во овој проклет свет каде се се' испреврте.
    И во овој момент си ветувам на себе дека ќе се борам за оваа врска да успее зашто има и со што да успее. И нема да дозволам тоа што најмногу на целиот проклет свет го мразам, а тоа е материјалното, да ме раздели од тебе.
    Морав негде да се искажам, полесно ми е сега... :)
     
    На machka1 и kosmodiks им се допаѓа ова.
  13. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Деенес ми идеш на живци и ми доаѓа да те убијам |(
     
  14. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Времето без тебе никако не минува.....неможам ни еден единствен ден без тебе. Те сакам сега веднаш тука до мене... :$
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не се грижи за мене-ако сум била дел од протести не значи дека сум учествувала во нив :fubar:
    немам попаметна работа ке се тепам со полицијата :tmi: бев затоа што требаше да се појавам и знам дека ти значам ама јас не те гледам на тој начин на кој што ме гледаш ти :) се надевам дека ке сретнеш некоја посебна во Охрид-го заслужуваш тоа :) :hug:
     
  16. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Која промена, си почнал да носиш Convers. Успеала да те промени... На полошо!
     
  17. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ништо,едноставно i`ll disappier :)
     
  18. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Денес нешто многу си ми мил :inlove: сонцкаа :l:
     
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Погрешни правци.
    Лоши одлуки.
    Многу солзи.
    Погледи полни со сомнежи.
    Непроспиени ноќи.
    Пропуштени шанси.
    Изгубени моменти.
    Премолчени зборови.
    Спуштени погледи.


    Доволно за една несреќна љубов?
     
    На crazylady, ines.h, vw-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Знаев дека денеска треба да бидам таму и на тоа место. :D
    Не ме прашувај како, едноставно... Како некој да ми кажуваше, ајде, прво ова направи, ајде сега тоа, сега качи се таму, влези ваму, тргни натаму. Оди гушни го, нека му олесни.

    Едноставно, се поклопија коцките, стигнав кога требаше, каде што требаше, најслучајно. Исто како што ти пристигна во мојот живот кога требаше.
    Најслучајно.
    Или можеби не. :)

    Се зафркаваме стално дека ништо во врскава не ни е спонтано. Ни начинот на кој постојано налетувавме еден на друг порано, ни начинот на кој почнавме, ни начинов на кој тераме, како пензиониран германски пар со планер сме. За се', ама буквално за се', мора однапред да се договориме. Ни првиот бакнеж не беше спонтан - ти ќе се онесвестеше од паника. Прво беа кои денови ќе испаѓаме, кои денови ти си на кафе, кои денови јас сум на кафе, како сме со предавања, некои банални ситници. После станаа недели, кои викенди јас сум во Скопје, кои викенди не сум. Потоа ни ставија часовник над глава, планирањата станаа за месеци и месеци унапред. Мора да се договориме каде ќе одиме, кога, со кого, а со кого не :D , мора тебе да ти бидат наредени мушичките во главата, перфекционистичкото говедо во тебе да биде ,,напасено,, за да не ми се нервираш. :D Побогу човеку, се договараме и кога треба да се изненадиме меѓусебно - јас денес да ти кажам дека утре од мене ќе имаш изненадување. Не, нема да имаш, ова фигуративно кажано.

    Уствари, јас сфаќам дека многу кежуал си терам со тебе, ако не е ништо спонтано. Битните работи де. Не се ни битни... Ама многу спонтано и кежуал се смеам со тебе. И спонтано се случуваат смешни работи, со тебе можам за се' да си зборувам и кажувам, можам да ти го оставам вклучен компјутерот со фејсбук, фемина, џимејл, јаху и сите останати работи на него и да загарантирам со жива глава дека нема да ме прекопаш и едноставно ќе ми речеш - ти треба твој простор. А, бе, со кој друг дечко ќе си правам муабет за депилирање, или за перење алишта на таа и таа температура, а да, кој друг ќе готви подобро од поубавата половина? Или ќе му објаснувам кои се ОПИ лаковите и ќе го замарам во ДМ со Балеа и Алверде? Остај другото, ги научи човекот веќе од мака. Подомаќин си од мене, срам ми е да признаам, ама си. Педантерија невидена, се опуштал додека чистел. Дај да се земеме и среди ми го хаосот во собава.

    Како што ми го среди хаосот во главата.
    :hai:

    Ти викам, едноставно долета во време кога веќе си станував неподнослива сама на себе, кога мажите беа само забава без емоции која завршуваше кога ќе се раздени, кога ниеден не успеваше да разбуди некое поголемо треперење во мене и сите ми беа само за јас да си го дигнам егото... кога никој не можев да поднесам и никој не можеше да ме поднесе мене. Ама ако, мило ми е што и тоа го поминав за да можам да уживам во ова денес - стопати дискутирана тема. Стаса ти, прво така срамежливко, воздржано, се препотуваше ако се зафркавав нешто посериозно, ти се крена косата кога те прашаа на почетокот дали си заљубен, (бтв кога негираш нешто толку многу, обично е спротивното, ова џаст сејин :rofl: ), кога ти викав дека мораш да почнеш да ми кажуваш повеќе, да ми зборуваш повеќе... И така се навикна, на едно шашавко девојчиште, да ти се клешти од сабајле со едно големо ХАЈ, да трпиш секакви тортури :D од мене, да имаш другарка во секое време од денот, да имаш девојка за да се гушкаш и друго де, и на крај да имаш некоја со која ќе легнеш во кревет и ќе можеш да и кажеш дека нозите не и боцкаат - со што се депилираш? :rofl:

    И ќе ми фалиш, и ти, и твоето стружење навечер, и невештите обиди да ме изненадиш и уште поневештите обиди да ми покажеш колку ти значам. Знам, не се секирај, се' знам и се правам на три и пол. Ќе ти фали и моето измачување тогаш, моето провоцирање и смешкање и задевање. Ќе ти фали другарката која те вади од калта, која ти го носи товарот и мене ќе ми фали мојот психијатар, како што те нарекувам - оној на кој му ги трупам сите глупости насобрани во главата. И помина со мене еден пеколен период, кога гледаше како наместо најсреќна, бев најбедна, и остана присебен, во време кога сите ќе полудат и избегаат... Па што се тогаш, дем ит, 12 петоци да ги поминеш сам, кога веќе те чувам на едно толку посебно местенце дип даун, што и 120 да поминат, мислам дека ќе ми биде многу тешко да те извадам од глава.

    Ајде сега, насмеј се, и не се секирај - нека не биде тука пеколно за мене таму да ми биде пријатно и топличко. Јас сум биг грл, знам да се чувам и на дожд и на ветар. И да те чувам тебе успат. ;)
     
    На Libera, SparkyAngel, Elichka и 8 други им се допаѓа ова.