Што би биле ако не сме заедно и кога ни се трупаат проблеми? Ти викам ајде да се стиснеме во гарсоњеричка, мала и слатка, а ти не па не. Ама разбуди се, така ќе се стискаме повеќе. Ќе спиеме секогаш споени и ќе ти го чувствувам твоето тело дури и во сонот. Just like beginnings. Денеска се почастивме со Нес домашен и тоа два пати, ништо плус ни минус од секој обичен ден. Сакам во Барселона да одиме летово. Сакам најмил! Малку поинаков одмор. Абре кога имавме пари требаше да шетаме и за сега. Јас сум крива. Признавам!
Треба да зборуваме. Овоа е тоа што ти зборев. Извини, но изгледа нема да можам да си го исполнам ветувањето. Таква сум. Одлучна. Те сакав, до пред 20 мин... А во тие 20 мин, размислив за се. Те оставам, комплетно да и се препуштиш на новата врска. Не, нема да и копирам ништо од нашиот разговор.. Како ти треба периодов, дека секогаш мене ќе ме сакаш, никоја нема да го заземе моето место во твоето срце. Епа овака сеа, можеш да и дадеш се. Не ми требаш повеќе. Ќе ги заборавам твоите ветувања... Можеби ќе го сменам размислувањето кога повторно ќе те сретнам. Би сакала да биде така, затоа што секогаш исполнувам мои ветувања. Ама знаеш како се вели, за се има прв пат. Благодарам што не ми пружи шанса да ме запознаеш. Благодарам што допревме многу далечни точки, во оваква врска. И за крај како што ми рече, се ќе беше поинаку ако те запознаев после 2 години. Ќе биде и сега, јас без тебе, а ти без мене. Погрешно време, а со тоа и ние сме погрешни. За некој извесен период, ќе станеш секојдневна појава во мојот живот. Сакам да ја гледам онаа убава насмевка на твоето лице. Да ми кажеш дека си среќен како никогаш порано. Биди среќен, тоа е најбитно! Јас ќе се погрижам за останатото.
што кој к*р бараш од мене ... да беше некој друг сигурно ке беше и поинаква ситуација ... договараш средби без да ме има ..знаеш кога сум на работа и се ...ти дреме на таквото по цели денови со сите 5 во вис мислиш господ знае што правиш !! само ке ти кажам благодарам и немој да се чудиш кога јас ќе се однесувам како тебе..и да те боли ич нема да ме боли мене !!!Извини но морам да се сменам ...зошто не е фер само мене да ме боли
Ќе си ја пееш ти песнава во скоро време, така ми се чини, ќе сватиш ама доцна е веќе срце ... Јас тука престанувам да се трудам и те бришам од мојава глава http://www.youtube.com/watch?v=jJT0Suanqhg
Одвај чекам да те видам злато. Одвај чекам да го пијам тоа жешко благо турско кафе со цигара и ти до мене. Одвај чекам да те гушнам и да ти кажам дека те сакам
Те сакам заради тоа што ги имаш најубавите сини очи на светот. Те сакам заради ритамот во кој чекориш. Те сакам заради секое движење што го правиш. Те сакам заради тоа што го имаш најубавиот глас што сум го слушнала. Те сакам заради твојот брилијантен ум, начинот на кој размислуваш, зборовите што ги одбираш. Те сакам заради твојот извонреден карактер, заради твојата мудрост, заради твојата повремена дрскост. Те сакам заради тоа што знам дека имаш и нежна страна. Те сакам затоа што само ти ме правиш среќна. Те сакам заради тоа што со твоето присуство ми носиш светлина во животот. Те сакам заради се што си ти!
те читам што пишуваш цело време-да не земаш нешто ти очигледно од тоа ти е, затоа зборуваш глупости поголеми цело време-си ги поминал Марија, Ана-вчера и денес а утре следувала Мартина-тоа биле само кока коли арно реков јас-цело Скопје и половина Македонија
И после толку време заедно ти секогаш знаеш да ме изненадиш со нешто што ќе кажеш... со повеќе ствари, уствари Многу ти ја сакам таа мила страна од твојот карактер што се буди баш пред ти да заспиеш, толку прекрасни работи знаеш да кажеш... Добро додуша не се жалам ти стално си ми таков, ама има нешто посебно во тоа... Посебен си и пошто ретко кој би ги издржал моите испади на нервоза, љубомора, депресија и лутина, кога ќе ме фатат тие моите, али ти одлично се справуваш со нив, очигледно подобро него јас. Ма ти си мојата половинка, само со тебе сум комплетна и среќна и ништо друго не ми треба Баш се разочарав сабајле кога станав, цела радосна денес е петок, утре ќе се гушкаме и ќе си бидеме заедно, и отварам телефон гледам 13 штоо па петок е 14, сабота 15 не е во ред нешто ова... И така ми се скрши филмот...
И што дека не сум ти се јавила откако ме немало 5 минути откако ти си ми ѕвонел. Немораш после тоа да ми викаш... А јас кога те барам тебе на мобилен и не ми се јавуваш дури пет саати, океј е така? Е не е.
bi mu kazala nesto sto mu go nemam kazano otkako sme zaedno...bi mu kazala deka vo ovie 3 i pol godini zaedno bez razklika sto toj e muasliman a jas makedonka,deka zivotot bez nego nema smisla,bi mu kazala deka ne bi znaela kako bez nego ponataka,bi mu kazala deka bi sakala da mozev da go pokazam na cel svet i da kazam ova e covekot sto go ljubam,bi mu kazala deka bi bila gorda........
кога со денови сакав да те видам-тенемаше а денес неколку лекори после мојата зграда баш налетав на тебе како што цел ден сум и ти се насмеав и на тебе а во разговорот и ти на мене-ама ме зафркна се поздрави со мене со лева рака а јас со слушалките во рака бев што да ти казам мило ми е што те видов, убаво што си ми врсник а тоа што си магистер убаво звучи да ама највазно е пред се да си човек-со душа и срце
Ако некогаш се надевав дека ќе ми вака, навистина не верував во тоа. Не верував дека постои таква љубов, не за мене. Мислев дека и понатаму само ќе сонувам. А сега сум благодарна што Господ го чувал сето ова за мене. Се надевам чува уште многу убавини.
Ниедни твои зборови не ме здоболеа како тие што ги кажа вечерва... Не си волен да го слушаш она што сакам да ти го кажам...па ќе ти кажам тука...знам дека кога тогаш ќе отвориш... Не барам јас премногу туку ти ми даваш премалку...и не не сум јас виновна и не кенкам само безвеза зошто она што го зборам, во последно време почесто, го чувствувам и тоа ме притиска и пече и незнам уште колку можам да издржам... Не дека не те сакам...те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш и очигледно тоа е проблемот...зошто повеќе не се трудиш да те сакам се повеќе и повеќе... Ми фали очајно твоето внимание. Ми фали понекогаш да добијам порака од тебе, да ме разбудиш среде ноќ за да ме видиш... Сакам понекогаш да ми удоволуваш и да ме титриш зошто тоа сум јас, жена и заслужувам да ме разгалуваш понекогаш.Никогаш досега ти немам преречено за нешто, секогаш е онака како што ти сакаш и досега не бев свесна за тоа...сега сфаќам дека се ми удира од глава...сета љубов и сета енергија која ја вложив во оваа врска, зошто ти стана проклето себичен, само грабаш и грабаш и ништо не даваш за возврат. Има денови кога сум неизмерно среќна зошто те имам во животов, но има и денови кога помислувам на сето ова и нешто се крши во мене...ден по ден, страв ми дека ќе се скрши се она кое моето битие го изградило за тебе и знам дека тогаш ќе остане една голема празнина...те молам тоа не сакам да се случи. Не велам дека не ме сакаш, јас знам дека ме сакаш, ама љубовта е една работа, а целата врска сосема друга...ако се однесуваш вака поради тоа што не си среќен повеќе со мене, ако не те го исполнувам веќе животот како некогаш, кажи ми...сосем ќе те разберам, само не ме мачи. Треба ми нежност и малку романтика, потребно ми е да се почувствувам посакувано од твоја страна. И веќе никогаш, никогаш немој да ми речеш дека несакаш да ми го слушаш гласот оти тоа боли многу повеќе од што мислиш... И кога ќе го прочиташ ова...може веќе ќе сме помирени и се ќе е позади нас, може и не...сеедно размисли за моите зборови.
Со тебе... кога јадам нутела и кога се шлапкам со кремот несмасно околу устата. Со тебе.... И кога јадам сладолед и целата ќе се покапам. Со тебе.... И кога ги носам оние панталони кои ми се пет броја големи и ми паѓаат ако не ги додржиш. Со тебе... И кога плачам за тоа кое ми го одзема животот. Со тебе.... И кога јадам лук и кромид (и цвекло).