Постојано погледнувам во часовникот ставен на ѕидот... ти ја правам омилената вечера и ги бројам минутите до твоето доаѓање дома .... ТЕ САКАМ
Сакам да си покрај мене... Да си лежиме така прегрнати. Да ти го упатам тој поглед полн со сјај и да се насмееш онака најубаво, како што само ти знаеш. Да ја напрчиш устичката и да чекаш да те бакнам па да не ми дозволуваш да се тргнам. Да те чешкам по телото, да те галам по косата и да ти се восхитувам на неодоливото тело. Да си играме и тогаш кога ќе очекувам сочен бакнеж полн со страст да добијам само еден нежен на носето. И пак да се стопам. Да ти го бакнам очниот капак од десната страна. Да ти лежам на гради и да ти го слушам срцебиењето, а ти да ме обвиткаш со твоите раце. Да бидам најсреќна што те имам, што си само мој! Да не ми се верувам дека сето тоа е вистина. Да мислам дека сонувам и никогаш да не сакам да се разбудам. И да, беше вистина. Сепак не сонував. Но, беше предобро за да трае вечно. Престана. Нема веќе ништо од ова. А ми недостасува. Ми недостасуваш ТИ !!! И како што кажав на почетокот, сакам да си покрај мене. Сакам, сакам, сакам...
пред некој ден ми титна во 7 наутро, вчера си ми звонел во 3 и 22 што ти е тебе човече имаш проблем?реши си го и АМАН веке најди си девојка другарка сум ти не девојка па да ми звониш по 100 пати кога ке ти текне
Конечно свати дека јас сум онаа што најмногу вреди до тебе. Колку сум среќна што денес ќе бидеме сами и никој нема да ни досаѓа од страна. Одвај чекам да те видам љубов
Цветам ко јаболкница во пролет. Ти ме правиш мене. Продолжи да ме изненадуваш позитивно, како и досега. И одвај чекам да отидеме сами во таа огромна пустина. Јас и ти. И разбирање, и многу љубов.
зошто јас да размислам и да ти кажам што ми е? размисли ти и кажими тебе шо ти е...уствари ти си тој на кого ништо не му е погодено а не јас...
Јас сум сеуште тука до тебе, колку сакаш туркај ме, јас продолжувам да те сакам. И да. Пак се случува тоа, само тишина, таа грозна проклета тишина. И јас до тебе. Што направив сега, реков нешто погрешно, те разочарав за нешто или пак да се тешам дека ќе помине се ова, дека ова е само лоша вечер? Најмногу од се ме боли кога молчиш и бегаш од раговор, посакувам барем еднаш макар на секунда да почувствуваш таква болка, кога некој што ти е се во животот бега од тебе. Зарем ги фрлаш во вода овие 3 години заедно? Се сеќаваш ли кој беше твоја подршка за се што постигна досега, се сеќаваш ли дека ни за момент не се оттргнав од тебе и кога ти беше најтешко и во најдобро? Зарем не почувствува ништо кога ме виде како се гушам во солзи.. Јас сум тука да не те гледам во очи од страв да не заплачам, јас сум во состојба да се менувам од корен за тебе, сакај ме, те молам, јас се останато ќе правам. Проклета јас. И двајцата да бидеме проклети, јас што незнам да заминам кога треба, ти што не си во состојба да ме спречиш. Се е ова веќе видено. Ти пак успеа да ме расплачеш, без зборови да ме пресечеш, од весела да ме претвориш во тажна. Сеедно е веќе. Живеам за денот кога ќе бидам на твоето место. Можеш ли да заспиеш знаејќи дека јас нема око да склопам, дека без престан ќе плачам, се додека снемам сила. Се изморив од пиење бедоксини. Јас незнам како без тебе, само пружам раце по тебе да ме докрајчиш до крај. Продолжи така. Ќе продолжам и јас се додека снемам сила да се борам, знам дека за два дена се ќе биде по старо,и повторно ќе те гледам насмеано, иако цела ноќ сум плачела, но верувај ништо не заборавам, кога тогаш ќе се прелие чашата. И ќе заминам, верувај ќе заминам. Вреди ли ова нашево, моите очи се изморени веќе од болка и тага, сега е редот на тебе..
Веројатно е последен пат,како ти пишувам. Тебе. Оди. Овој пат јас ќе заминам. Залудно е. Најмногу ме повреди твоето молчење. Има граница срцево колку многу е претерано. Таа,ја надмина. Одвнатре сум парталава. Тонам во длабока, црна бездна. Пак ќе заминам.Посеверно од се.Оставам еден дел тука.Засекогаш,нема да си го побарам назад. Ничиј е..лебди во воздухот.За се што помина.Сеќавања. Ќе избледам во ноќта. Не ме посакувај повеќе. Оваа љубов не е за нас. Знаеш нели? Повеќе никој не може да не спаси.Ниту ние. Странци.Во ноќта ..ден .Секогаш. Збогум мои безнадежни соништа. Нема да кажам ништо повеќе еден ден мојот поглед ќе ти каже се.