Си одам,поточно бегам од ова проклето мало место.Големи се шансите пак да те видам,не ми се ризикува. Патетично и недораснато,нели? Се’ имам пресметано.Нема да сум тука цело лето,а од септември заминуваме повторно на различни страни. Да,да знам дека само се залажувам.Ти не се забораваш така лесно,а и да те заборавам секогаш ќе ме јаде она добро познатото-што би било кога би било? Ама нејсе,барем нема да ми ја кинеш душата со поглед. Контрадикторност.Бегам од тебе,а се молам да се појавиш од некаде и да ми подадеш рака.Будалесто дете,заборавив дека бајките се измислени.
Празно ми е без тебе ми фалиш ама ете секогаш мора да излезе нешто што пак и пак не разделува а конечно се средивме
Го знаеш ли она чувство... Кога си помеѓу толку многу луѓе, а сепак си најосамената личност на светот? Кога поминуваш низ толку многу насмевки, а твоите очи се полнат со солзи? Треба само за миг да трепнеш и веднаш ќе ти го натопат лицето. Кога си опкружен со заљубени парови, и длабоко во себе ја посакуваш твојата сакана? Појма немаш колку одвратно се чувствував вечерва кога поминав низ сето ова. Посакував... Да не бев осамена. Да ми подариш насмевка, и да ми потечат солзи. Солзи - радосници. А наместо да им љубоморам на другите, ПОСАКУВАВ ТИ ДА БЕШЕ ДО МЕНЕ. И за прв пат да ти кажев дека ТЕ САКАМ повеќе од се‘. А НЕ БЕШЕ.
леле бе душо моја колку слатко изгледаше во кујна кога подготвуваше торта би сакала почесто вака да ми правиш слатки убаво мое тоа дете
Ме направи социјално неадекватен „КАДЕ СИ“, ми вришти у подсвест. Каде и да идам, уште те барам. Ај иди си
Нели требаше вчера да бидеме сами цел ден? Добро толку ли неможеш да ми посветиш барем еден ден? Инаку фала ти за вчерашниот завршеток да вечерта,ме остави без зборови Те сакам инаку
Прв пат си отиден далеку од мене. Јас овие два дена одвај ги издржав без тебе. Уффф, а што ќе биде ако треба понатака да одиш на подолг период. Сакам да те видам и ми фалиш МНОГУ. Ми фали да ме гушнеш, да ме бакнеш во чело и да ми кажеш дека ме сакаш. Желче мое.. среќен пат за накај дома и те гушнав.
еве трета недела ке по4не а ние не сме се виделе.... ми недостигаш многу најмогу.... во слободно време слушам наши песни.... само телефонот не е доволно јас сакам повеке ама не можеме повеке јас испити и работа а ти работа .... аман овој му4ен живот веке... одваи чекам да дојде среда ,денот коа ке ми биде последниот испит .... тогаш и ти ке дојдеш и ке го поминеме цел ден заедно како и секој нареден ден ова лето.. Заедно сами гушнати и без да збориме ништо се ке си кажеме.Знаеш се и ке се борам и нема да застанам ме знаеш.Решивме да сме заедно и ке бидеме па нека ни го свртат грбот сите баш ми е гајле ја те сакам и не можам без тебе.Ти си мое се
Е да бе, мораше баш бела кола да купиш, кога ти викав немој бела, се' се познава, ти упорен, не, бела си сакал, најубава била Епа така сега и моите црвени ноктиња ќе си ги носиш на кваките Не може да не го користам омилениот мој лак, нели? Сега ќе мораш и со швалерките да пазиш, која каков лак носи, така ќе ги препознавам п.с. Се шалам срцко, ќе го исчистиме утре, не се секирај И онака ми се изгребани ноктите, а лакот е при крај
Ти си недозреана будала.Ако имаш нешто да кажеш кажи ми во лице,а не да коментираш пред други,па да се чудат што ти е.Ми иде да дојдам таму и да ти ја издепилирам косата што ја немаш .
Ќе ти дадам шанса, само немој да си ја укакал работата . Не дека ти верувам, нема да ти верувам уште многу долго. Само што сладок и интересен ми си, а и време ми е да си ја свртам страницата
Преубаво си поминавне вчера, сакам секогаш да сме си такви, нежни, елегантни, убави!!! Сите ми рекоа, прекрасен пар сте!!! Мноогу си одговарате!!! Зрачите и двајцата!!!! Те сакаммммм!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!