Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Незнам која по ред ноќ...
    Песните на Владо ми прават друштво, секој збор убива...

    и се што нема да ти кажам
    пак од внатре ќе ме сотре...
     
    На SimonaTino, Primavera и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  2. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    знаеш,знаев дека имаш друга,неможев против тоа,тоа беше причина за да на некој начин престанам да те сакам,едноставно тоа уште повеќе ме правеше послаба и послаба за да на крајот да посакам да се откажам.. ден по ден, чекав за да те видам, по некогаш ќе помислев како би било ако некаде случајно те сретнам.детски памет тоа ти е,си фантазирав колку би било убаво со тебе и после неколку години какви би биле спомените,дали сеуште би биле заедно.. едноставно секоја помисла на тебе ми даваше сила, за подобро утре,од ден на ден се повеќе и повеќе те сакав...а тогаш се појави некој друг и ти остана некаде длабоко закопан во моето срце..знаеш од кога сум со него не мислам на тебе,ниту пак сакам да те видам,или пак да зборам за тебе..а и самиот знаеш како умирав по тебе..среќна сум сега,имам покрај мене човек што знае да сака и да почитува..и знаеш многу е поразличен од тебе.дента кога ме виде,незнам зашто и ми прозборе..искрено не те видов и да не викнеше по мене немаше ни да те видам..мислеше дека ке патам пак по тебе? ни во сон! можеби и таа љубов кон тебе ме направи вака,ама ако..убава лекција ми беше тоа никогаш нема да заборавам како плачев по тебе,секој детал за тебе го знаев..а ти си играше со мене..на моменти беше толку добар и мил што ми даваше надеж дека сепак имаш некој чувства кон мене,а веќе следниот миг беше бесчуствително ѓубре..и не,не ги заборавам оние убави моменти поминати со тебе,сакам да се секавам на нив..сепак имало нешто убаво и од таа љубов...и незнам зашто пишувам тука за тебе,ниту пак зашто мислам на тебе..убава лекција ми беше и фала ти за тоа..знаеш оваа година помината со друг убаво делуваше на мене...барем ноќите не ги поминувам сама давејќи се во солзи,а и знам дека има некој што искрено ме сака и се плаши да не ме изгуби,а ти злато пропушти многу...имаше до тебе некој што секогаш ке беше покрај тебе,некој на кој ти му беше се и те чуваше како капка вода во дланка..некој кој искрено те сакаше и беше спремен на се за тебе..сега друг ми е мене се, и среќна сум со него го сакам искрено..можеби не до тој степен како што те сакав тебе но напредувам..од ден на ден се поубави и поубави мигови поминувам со него...убаво ни е,а и дај боже секогаш да ни е..тебе мил мој некоја друга ќе те љуби..но никогаш нема до тој степен како јас..биди среќен ако ништо друго барем некогаш некој те сакал со сето срце..
     
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Не се замарам за ништо. Доста само ја ги бркав сите работи, одмарам од сега, па што сака нека биде.
     
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...ме нема оддамна а?...
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    За момент ми залупа срцето,помислив си пишал штом видов единиче на мејлот,но...попусто...проклети попусти...За момент се понадевав,но...можеби нема надеж...или има,а? ЌЕ ме заборавиш ли туку така? ЈАс не. И да сакам неможам.

    http://www.youtube.com/watch?v=p0fewRwIMpQ
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Д...
    Како што те викав секогаш. Што би рекол цимерот твој, љубовно. Онака ко да те карам, а да изгледа заљубено.
    Ќе ме оставиш ли на мира, кога веќе не умееше да се заљубиш во мене, зошто не ме пушташ да си одам!?
    Не ме мачи, не се мачи ни самиот, нема да успееме.
    И да ти се вратам, ти пак ќе си недостижно нешто за мене. Секој мој пораз е твоја победа.
    Те сакам, тоа го знаеш многу добро. Ама пушти ме, те молам ;(
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ме плаши нашата љубов. Ме плашат нашите кревки души. Рациото ми се судрува со мислата дека за да опстои една врска (еден брак) пред светот мора едниот од партнерите да биде со посурова душа настроена кон другите. А ние од сите мислиме дека извира љубов. Сметаме и веруваме дека никој неможе да не уништи. Тажно ќе признаам дека на едни им успеа. Скршија дел од нас, не победија во таа битка тогаш таму, на работа. Може и тоа не е толку важно бидејќи и после тоа ние останавме заедно. И после сите лоши и куртоазни прашања, погледи и совети кои многумина ми ги даваа јас сум тука. Јас сум посилна. Нивната беда и ненаситност на моите проблеми ме направија поздрава, а најважно дури и поубава. Пред месец дена фениксот се расони. Се фаќам себеси како не ме погодуваат повеќе злите јазици како што знаеа.

    Верувај мили мој, нема ништо полошо кога гледаш како оние кои треба да се радуваат на твојот успех не го прават тоа. Нема ништо полошо од тоа кога сфаќаш како нивното срце ги боли зашто јас тогаш имав љубов и зачеток на кариера. Нема ништо потешко кога ќе ти текне како ти си им се радувала на нивните успеси, на нивната љубовна приказна која ја искусиле многу порано од тебе, си била среќна со нив, а сега да гледаш како тие се обидуваат пред твои очи да ти ја земат твојата љубов.

    Ама затоа не сме сите слични. Не сме сите родени со иста цел и исти очекувања. Ниту сме тука за исто да му дадеме на светот.

    http://www.youtube.com/watch?v=GDWnfKLdDB4 - не сакам да дојде ваков момент мили, никогаш!
     
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Ти ги избришав сите твои слики од телефон,
    Ги извадив сите слики од рамка,
    Твојата слика за во новчаник отиде у архива (не ни знаев дека сум ја носел во ташна),
    Го очистив компјутерот од траги од тебе,
    Го искршив и го фрлив чекерното срце што ти го купив за валентин.

    иииииииииии те сонував, .............. пак :(

    Пушти ме маааааа,
     
    На butterfly4 и fallenangel им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    уууу што убаво си се раширил во спалната охоооо :D што убаво си спиеш :* да ти дојдат така над тебе и така заедно да спиеме :lol: те љубушкам :*
     
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Девојко не ме гледај така, тоа што го бараш можеби не е на лицето, но ако ме погледнеш длабоко, ќе го најдеш и она што не го очекуваш, во душата е сета моја убавина :* .
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Што можам друго да посакам во животов? Доволно ми е што те имам тебе.Доволно е што имам некој покрај мене,некој што ме сака и што ме разбира,и секогаш е тука со мене кога ми е најтешко.Секогаш знаеш да ме насмееш.Да ме утешиш. Ти си мојот живот,без тебе јас не сум јас. Фала ти што си со мене. Со тебе научив што е љубов,научив како е некој кога те сака премногу..
    Те сакам премногу знаеш,и никогаш нема да престанам да те сакам! :* :* :l: :l:
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.403
    Допаѓања:
    82.102
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала конкретна роденденска желба, отсекогаш бев скромна и ги немаше дури ни оние баналните од типот - сакам нова Барби кукла со кученце.
    Годинава имам една, поврзана со тебе - СОЗРЕЈ, те молам !
    Како што минува времето, така некако ко сè позелен и позелен да стануваш, дури почнувам да верувам во оној машки феномен за вечниот пубертет период.
    Соземи се, созреј и однесувај се како возррасен, зашто моментално си сè освен тоа што мислиш дека си и да - далеку си од возрасен, морам да ти речам.
    Ако ова ти е синоним за зрело однесување, почнувам да се плашам дека нештата ги перцепираш во и од многу погрешна насока.
    Разбуди се, порасни и биди зрел, зашто нема ниту да приметиш како ќе ме снема - ќе ти се лизнам низ раце и ќе се распрснам како жива, ќе ме изгубиш од видик за секунда.
    А, сакаш ли !? :?:
     
    На Divinebutterfly и thelittle17 им се допаѓа ова.
  13. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Засекогаш ќе останеш ист, џабе си мислам поинаку... За жал така е
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Се надевам дека тој ден ќе дојде.
    Ќе се вратиш.
    Повторно ќе бидеме заедно.
    Ќе чекаме изгрејсонца.
    Зајдисонца.
    Ќе дишеме во нашата тишина.
    Ќе ми го мериш пулсот.
    Ќе го повторувам отчукувањето на твоето срце.
    Можеби.


    Можеби и не треба.
    Но, ете.
    Суште се надевам.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како може од сите девојки во градов ниту една да не ти се погоди тебе бе :^)
    си се запнал за мене ко последна на светов да сум-е веке ја претера секоја граница :!:
    јас и ти другари-глума невидена
    и да ти стане јасно дека колку и да трчаш по мене нема НИКОГАШ да ме добиеш-по се она што знам за тебе-нели на другарска база кажано да си дозволам да имам нешто со тебе нема теоретски шанси па светов наопаку да се преврти :!: не те замислувам покрај себе и немам намера да се предомислам
    ј ми кажуваше дека и со неа си пробувал не ти успеало, а верувај дека немам намера да се предомислам па ако треба и до крајот на живото сама останала :!:
     
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.527
    Допаѓања:
    18.593
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На simonka93, kate21 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Помина пола година од кога последен пат пишував тука за тебе. Помина пола година и плус уште еден маж во кошницата. А јас сум пак кај тебе.

    Знам дека ќе раскинеш. Не одма, но знам дека ќе раскинеш. Не знам дали ќе ми се вратиш. Знам што те спречува. Дали ќе треба со истите гомна да се справуваш, со оние кои ги имав во пост Иван издание од себеси.

    Не знам ни јас тоа, но само едно знам. Знам дека сакам да ми се вратиш, кога бев со тебе поинаков одраз во огледалото имав. И си го сакав тој одраз.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... најубав дел од овој живот: ТИ.
    [​IMG]
     
    На lokumche, kate21 и Primavera им се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Денес ти е роденден среќен нека ти е,иако по 1 недела не зборување нема да кренам тел.и да ти го честитам убаво да си поминиш верувам дека ќе бидеш посреќен без моето присуство и без моите честитки...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Baby you're all that I want
    When you're lyin' here in my arms
    I'm findin' it hard to believe
    We're in heaven...