читам уште рано наутро со постирал песна во која си признаваш дека си осамен-па немој на ф.б. да постираш, земи во весник објави можеби ке се сожали некоја студентка или малолетничка бог да чува и да брани-смајли што се крсти епа како што и самиот си напишал-кој умее да љуби умее и да губи сето ова укажува дека ти навистина имаш проблем со самиот себе а што ли јас видов во тебе не можам да сватам бест опшн би било да почнете ти и Д да почнете да се дружите-и колеги сте и исти сте-начин на размислување, однесување-копи пејст
Зошто мораше пак да ми се појавиш на патот?Мислев дека нашето е веќе неколку години завршено и дека ти си само еден небитен спомен од минатото.Зарем требаше да доживеам неколку разочарувања за да сфатам дека единствено ти ме третираше како што секоја девојка сака да биде третирана? Многу ме заинтригираа некои работи кои дознав дека се случуваат во твојот живот.Ко некоја тинејџерка фатив да ги читам нашите разговори и солзите не можев да си ги сопрам.Често слушав дека се во овој живот се враќа,а сега и си го потврдив тоа.Требаше да пројде цела година за да видам колку многу сум те повредила и колку голема била твојата љубов.Јас и пред тоа бев свесна за нејзината големина,но сега ги гледам сите работи од една поинаква перспектива.Не можам да ти опишам која тежина ја осеќам во мене,зошто не можам да најдам некој кој што ќе ме гледа и третира како тебе? Не сакам да те барам тебе во нив,но ти правеше да се чувствувам најпосакуваната и најсаканата девојка на овој свет.И колку и да зборам дека ми е сеедно,мака ми е кога помислувам дека сега милуваш и бакнуваш друга додека во позадина свират нашите песни.Се нервирам кога знам дека друга лежи на страната од твојот кревет која некогаш беше моја...Тешко ми е,појави се од негде и без срам ќе ти ги признаам сите овие работи иако знам дека ние никогаш нема да бидеме заедно....
Ќе ми фали твоето присуство покрај мене вечер Иако е пекол и кога сме заедно не спиеме залепени еден до друг како во зима , самиот факт што не те слушам покрај мене како дишеш ме прави да чувствувам дека фали еден огромен дел од мене. И нема да ме бараш во сон со рацете по кревет, да ме најдеш, да ме зграпчиш, да ме бакнеш во чело и да ме гушнеш најсилно да не можам да дишам. Ретки се ваквите вечери, но сакам воопшто да ги нема.
Верувај дека и 12 саати поминати заедно мене ми се малку, посебно кога ме правиш среќна како денеска што ме направи. Дојди уште еднаш да те гушнам. Те сакам бе па
иако кажуваш дека се обидуваш да бидеш тоа за мене ммм незнам дали не ти успева или само се правиш дека се обидуваш нешто како и да е не те бива де цк не те бива
Не мора толку високо да леташ и да се замислуваш дека си некој и нешто. Не си! Симни се малку на земја и ќе забележиш дека не е се така како што ти изгледа тебе.
Ау, па не си свесен колку ми е поубав животов со тебе! Секој ден покрај тебе... Јас уживам! Уживам кога се разбираме со поглед.
Да. Тоа ми требаше. Се почувствував жива. Ме ослободи од затворот во кој живеев. Сега гледај само да не се вратам во тие темни простории. Продолжи да леташ со мене. "Ти си мојата омилена страница од мојата книга" - така наеднаш, без никакво предупредување ми ја измами насмевката на лицето, љубовта во срцево и очите ми светнаа. Осетив сречќа
Се надевам овие денови на одмор ќе помогнат да се зближиме уште повеќе и да ја зајакнеме нашата врска. Се надевам дека ќе бидеме поопуштени сега. Знам сами ќе бидеме,можеби ќе ти биде досадно,ама мене сигурно нема. После овој одмор ќе бидам на чисто со моите планови за иднината. Зависи од тебе... Планирам да ни бидат најубавите денови кои ќе ги памтиме цел живот. Ќе успееме ли во тоа?
Многу сме млади за вакви грижи и проблеми. Нашите врсници сеуште се мислат која дискотека да ја посетат во Петок, а ние размислуваме што ќе биде во иднина. Некогаш е подобро да бидеш што повеќе и што подолго дете. Ама се ќе поминеме, знам, ќе видиш дека се ќе биде во ред.
Сакам да биде секој ден како вчера. Не ги сакам обврските веќе. Сакам да бидеме слободни и да живееме !
Постојат моменти во животот кога некои луге ти недостигаат...И единствено нешто што посакуваш е да ги дофатиш во соништата и да ги прегрнеш на јаве.