... се потроши знаеш веке се се потроши, љубовта,солзите,тагата,среќата,ноќите,неочекувани пораки,кратки насмевки. ..се ..останаа само сеќавањата,понекогаш да ми ги окупираат мислите. ..заборави се...повеќе не сум дел од тој свет. ...не барај ме. ...премогу ме разочара ..нема назад овој пат!
Wish the best for you Wish the best for me Wished for infinity.... http://www.youtube.com/watch?v=JCBm5VbwJvY
веќе е крај изгубисе од мојот живот од моите сеќавања и моите мисли веќе е крај на гласната смеа на прошетките во паркот,на пазарењето во маркетите веќе е крај на празниците каде што бевме неразделни веќе е крај на моето угодување на моето готвење на моите утехи,на моето простување веќе е крај на моите бакнежи во чело со кој се будеше веќе е крај на све изгубисе типишав да ме рачунаш за умрена и тоа сум за тебе мртва сум повеќе ништо да не ти е гајле во врска со мене веќе е крај на све. Нека се пресушат моите солзи и нека не течат за безвреден човек,нека Бог ми ја држи раката да не паднам и нека ми го стопли срцето веќе е крај на све... Имам уште една молба до тебе немој на никој послем мене да му велиш прасенце или буле те молам барем тоа ми го должиш
срценце мое малечко не ми се верува дека уште некој ден ке те видам ке те гушнам ке ти кажам колку многу те сакам и колку е тешко да се живее беззз тебе.....како се останува малку време јас се понестрплива сум знаеш ке полудам без тебе единствено те сакам all day all night во моја прегратка ..пс уште малку и годишнина ке ни биде
А место да се лигавам јас да ти кажам само те сакам, а тоа што те чувствувам далечен последно време не ти го забележувам, се си мислам облак е ќе помине. Па лето сме, летен дожд нели. Можеби, не знам, не сум во тебе, овојпат уздите на врската сакав во твои раце да ги ставам ама не те бива бре, не. Ама за тебе да знаеш повеќе не одговарам, ќе си одговараш сам, полнолетен си.
Оди си.. Ќе те разберам во целост. Ни јас не би сакала да пропаднеш покрај мене. Тебе ти треба нешто многу подобро од мене. Не, не те заслужувам. Доволно те уништив, морам да оставам парче живот во тебе, жар, љубов. Знам, не требаше да биде овака.. Само биди прекрасен како што беше. Сакај, верувај, бори се. И ако одиш, не го заборавај моето име. Знам дека нема но.. Направи да бидам сигурна во тоа.. Кај мене нема ништо што тебе ти е потребно. Има само љубов, ако сакаш.. Љубов што не умеам да ја дадам на достоен начин. Уживам во болка, го знаеш тоа.. Биди мојата најслатка болка, биди она во кое најмногу ќе уживам.. Ако одиш, вети ми дека нема да го заборавиш мирисот на нас. Јас нема, никогаш.
Ти благодарам што ме сакаш, ти благодарам што ме чуваш како капка вода на дланка, ти благодарам што постоиш во мојот живот. Те сакам сега, утре, ЗАСЕКОГАШШШ !!!!
Од кокага не сме седеле долго во ноќта сами со кафе и некој добра филм ме фаќа носталгија за тие моменти утревечер мора да организираме нешто ако не сами со пријателите како во старите добри времиња
Толку си променлив што,да бевме на почеток,немаше да можам да те запознаам. Час се смееш,час тагуваш. Знаеме дека не сум јас проблемот. А не ни гледам проблем во тебе. Што е? Можеш се да ми кажеш. Дојди со мене. Дојди да живееме,засекогаш млади,луди авантуристи. Јас и ти. Јас сум таму каде што ми е местото,но ние не сме таму каде што припаѓаме. Осети го тоа. Поверувај ми дека сум твоја,дека те сакам. Засекогаш.
Мислам дека е дури и тешко да поверувам, но после се, ти си повторно единственото нешто што го сакам. Не знам дали треба толку кратко време за да ги промениме нашите животи, ти твојот после мене, а јас мојот после тебе. Дали е нешто воопшто променето ? Луѓето се менуваат, спомените и чувствата не. Јас, сеуште те сакам. Едноставно е, ти си се што сакам,ти си се што некогаш сум го сакала, ти си се што ми треба. Какво ѓубре си ниту самата не сум свесна, но, понекогаш се прашувам дали јас го вадам ѓаволското од тебе како ти од мене, дали јас те направив такво ѓубре, како што ме направи и ти мене. Можам да ја почувствувам одвратноста што го измени ликот на мојата најголема љубов, онаа пред која целото мое тело се тресеше, те гледам пред мене таков со погледот твој длабоко во мојот и сеуште колената ми се предаваат пред тебе. Разбери, не можеш да си дозволиш да играш улога и на мојата темна и на мојата светла страна, одбери една, држи се до неа, олесни ми. Зошто се чувствувам како да го владеам Рајот во оваа речиси летна ноќ, кога единствено тебе сум ти покорена и оваа вечер. Престани да правиш да сакам секогаш да се вратам по уште нешто од тебе. И не сакам ништо да кажеш кога ќе дојдам по своето, ниту нешто да покажеш, доволно е да ќутиш, и така немаш право на збор, ги кажа сите. Ги кажавме сите, се што можеше да се каже, и со секој од нив ги ископавме сопствените гробови, заедно со оној на се што имавме,и нашата љубов. Затоа што ниту ти, ниту јас не заслужуваме нешто толку чисто и толку свето, го извалкавме со нашата гордост и она малку што остана, без борба за последен спас, не заслужуваме. Единствено нешто што можеме е да го бакнеме сето тоа за збогум … по којзнае кој пат. И оваа, којзнае која по ред солза е залудна, жално е што само таа е единственото нешто што сеуште не се откажува. Ако барем некогаш почувствуваш како и тежи на нашата љубов сета таа земја врз неа, викни ме, можеби ќе биде убаво да се сетиме на тоа како се роди, и како умре, можеби ќе ја оживееме, а после тоа, ќе ја подариме, затоа што јас и ти, не ја заслужуваме. - „ И можеби сеуште те сакам, но, во едно сум сигурна, никогаш повеќе не смеам да те приуштам тебе, премногу си валкан за мојата гордост и за оваа малку љубов што остана. Едноставно се е подобро од тебе, и тоа е единственото нешто што боли сега. “
извини што денес испадна дека сум пијана ама ајт еден ден не е ништо и плус ке видиш како е бев мене малце
Ете, уште едно искушение пребродено на наш начин...со љубов. И малку на мој начин, со стратегија. Ама мораше. Ова не беше од оние кои само со љубов и поддршка се надминуваат затоа што на човека не можеш да му пружиш нешто против негова воља. А што ти се случуваше тогаш, не ме ни интересира. Битно сега сфати колку се 1+1 и си ја сфати грешката (иако повторно, по обичај, не ми се извини ) но почувствував дека самиот си сфати некои работи. И не, не мораше исцрпни дискусии, разглабања, анализи, ултиматуми (тие не помагаа како што виде и самиот), мојата дистанца ти покажа што и кого губиш и дали навистина го сакаш тоа, не муабетите. Дали јадењето и кафето на маса проследени со едно ладно здраво од другиот крај на собата ти се доволни од мене. Очигледно не беа.
Мислиш дека тагата се лечи со алхохол. Грешиш, тагата се лечи со радости, а тие се околу тебе и толку се присутни,ама ти не гледаш. Жалам што не можам да ти ги отворам очите, да гледаме заедно .
Тешко ми е.. Се разбудив и првата мисла ми беше за тебе.. И тогаш сфатив дека не сум веќе твоја. Дека овој пат сериозно боли. Ја повтори истата грешка која ти ја простив безброј пати. Очигледно затоа и ја правиш, зошто ти простувам. Нема повеќе. Имам и јас гордост и самопочитување. Не можам да го дозволам повеќе ова.. Се чуствувам тешко и скршено.. За неколку дена одам на одмор. Знам, ќе помислиш дека одам да славам, а јас всушност одам за да избегам од тебе на неколку дена. Од тебе, од нашето место, од нашата љубов.. Знам дека ме сакаш, ама љубовта не е доволна.. Имавме се’, но никогаш не добив почит и доверба од твоја страна.. Никогаш..