Мислите дека љубовта е само прегратки и бакнежи? Епа се лажете. Не е љубовта само слики на фејс, држење за рака, колку пати сте биле заедно на одмор и со кого сте биле. Во добро и лошо заедно, помош во секоја доба од ноќта, рамо за плачење, моменти на тишина, најнепосакуваното место ви станува најдраго и многу други работи кои се прават само поради таа љубов. Жалам што го немам сето тоа а го давам толку лесно со сета душа. Ако помине вечерва како што треба ќе бидам најсреќна на цел свет и ќе знам дека си подготвен со мене да одиш до крај а ако не нема да имам сили да останам. За тие што имаат некој кој ги сака искрено со цело тело и душа чувајте ја љубовта зошто таа може да помине и низ најжешкиот оган.
Лошо е кога ќе престане да ме боли. Кога ми станува сеедно да објаснувам едни исти работи по милион пати. Никогаш не ја сфати мојата тага, никогаш нема да ме разбереш. Што е тука е...
Те сонував синоќа. Не знам зошто. Веќе не ни мислам на тебе, не ми е ни грижа за тебе. Само одвреме-навреме очекувам да те сретнам низ чаршија. Тоа. Сонов... глуп беше. Јас и ти другари, а јас кај тебе дома со крпа, излезена од туширање, си ставам маскара. Ти чачкаш на компјутер. Без врска, глупости. Дури и во сонот глупаво се чувствував. Ти, иначе, добар? Почна на работа?
Добро е не си ме заборавил, колку се израдуав само кога видов порака од тебе на телефонот, ми се разубави денот, неее неделата. Сега цела недела ќе си бидам среќна. Ќе си дадеме шанса се надевам, можеби ќе успееме заедно, можеби ќе функционираме заедно многу убаво. Но најголемиот проблем е што е можеби. Ама ако јас пак се израдував
АЈДЕ УШТЕ НЕКОЈ ДЕН И КЕ БИДЕШ ВО МОИТЕ ПРЕГРАТКИ НЕСТРПЛИВО ВЕКЕ ТЕ ОЧЕКУВАМ И ДА ТИ КАЖАМ САМО ДЕКА КЕ ТЕ ГУШНАМ ТОЛКУ СИЛНО ШТО НЕ ОДГОВАРАМ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ И НЕКОЈА КОСКА СЕ СКРШИ АМА НЕ СИ ТОЛКУ СЛАБИЧКО ПА ДА СЕ СКРШИ КОСКА ТЕ САКАМ АНГЛЕУ МОЈ
Ах како се воздржувам да не му прокоментирам на статусот на ФБ ... ама среќа имам овде можност МОМЧЕ, ТЕБЕ ТИ ТРЕБА ПОЈШЕ ПАМЕТ!
Ова е една од оние ноќи кога проклето ми фалиш, кога без надежно ми требаш Кога не можам лично да ти посакам среќа, можам овде... Целата моја среќа што ја имам ти ја праќам тебе, го можеш ти тоа, ќе успееш, јас сеуште верувам во тебе.... Се надевам дека ќе добијам прекрасни вести... И знам дека сео ова е погрешно но... чувај се и... Спојлер Те Сакам
Знaeш кaквa e жeнaтa: кoгa ќe пoчнe дa ce oддaлeчyвa oд нeкoгo, пoчнyвa дa мрaзи cé штo пoрaнo и ce дoпaѓaлo кaj нeгo..Баш така...Биди внимателен што правиш :/
Ах, да можам да си складирам негде, вакви претопли прегратки твои да ме греат од септември! Уживам сега, уживам баш! Не треба да размислувам за тогаш! Мој си (и ќе си)... Твоја сум (и ќе сум)!
Твоите раце, твоите palms, твоите набабрени вени на шаките. Твојата бемка во близина на тие вени таму. Тоа е мојот опис на силината. Се палам на машки набабрени вени. На твоите вени! Тивко ни рчи кученцето. Спие до креветот во неговото креветче, надесно од мене. Длабоко дишеш ти. Спиеш од мојата лева страна на креветот. Јас, јас пак се топам во средината. Успеваме!
Што да мислам? Што да кажам, што да пишувам, што да зборувам... Едно е јасно како ден, премногу ми одземаш од времево за сите овие години. Зарем мора да се оптоварувам со се што ќе кажеш, со секоја твоја постапка? Зарем мора 24/7 да мислам на тебе па дури и кога сум со тебе? Сериозно има некое пореметување во мене. Нешто што мора да се излечи на било каков начин. А баш од овој момент ќе го барам тој лек, тој некој некаков начин да не се замарам толку и да си го отворам паметот и за други работи. Недај Боже, се се случува, не сакам утре да завршам на анти-депресивни лекови. Едно ќе изгубиш од сето ова, моето ненормално посветено внимание на тебе. И нека ти смета, не можам и за тоа да се замарам. Имам и јас живот!
Пред да те запознаам не верував во љубов.Мислев дека не постои тоа,не се вљубував во никој а сонував за среќа.Мислев дека сите се исти.И кога се појави една личност која ја знам долго време,решив да почнам врска со неа.На почетокот помислив дека се вљубив!Се додека личноста не ми кажа што мисли за мене.Откако ми кажа,бев разочарана,можеби и повредена.Неможев да се замислам како би го погледнала,како да се однесувам...Но тоа траеше само еден единствен ден...додека не те сретнав тебе.А,кога те сретнав се беше поинаку.Тогаш ги почуствував пеперутките во стомакот.Разочареноста изчезна за миг.Ми се допаѓаше ти, а за кратко време сфатив дека и јас ти се допаѓам.Една вечер “те натерав“ да ми кажеш без срам “ми се допаѓаш“ .Не ми кажа гласно,но сфатив.За некој ден и јас ти признав,ти кажав “Ми се допаѓаш“...Во твоите очи забележав среќа,радост..За една недела се’ си кажавме.А потоа ти требаше да заминеш,таму далеку каде што живееш..Кога се разбудив тоа утро,плачев...Не сакав да заминеш.Барем еднаш да го почуствувам твојот здив,да те прегрнам силно а потоа да те пуштам да заминеш.Но замина без да те почустувам,без да те прегрнам.После еден месец и деветнаесет дена се ближат деновите кога треба да се вратиш.Уште четири дена треба да си до мене.Со нетрпение те чекам,те очекувам.Секој миг.Можеби ќе дојдеш порано.Можеби.Сега повторно сакам да те видам,прегрнам,бакнам...Но,сега не сум ти само симпатија,туку девојка.Тие денови што ги поминавме одвоено за нас не може да се каже дека бевме одвоени.Јас постојано те гледав и те контактирав.Секоја вечер заедно ја дочекуваме зората.Секое утро се будам со твојот глас,макар и по телефон но те слушам...Сепак ми недостасуваш и сакам да те видам што побрзо...И сега верувам во љубов,со тебе само!Тебе те сакам и посакувам.Со тебе ми е убаво,преубаво.Ми недостасуваш.Те љубам.Те сакам.Само тебе Стефан
Утрински ќе украдам нешто од еден хулиган, ама е само за нас: Хартиени змејови Со очите в очи: една вистина колку цела тишина- ти на почетокот и јас на крајот: како оптегнат конец над нашето небо сонување, здивот ветар и вистината меѓу трепките. Чувај си ги очите од други очи и здивот од други здивови: јас можам да нѐ чувам од заборавот со живеење нови сеќавања. - ова ти на мене Да ме летнеш сред полно небо сеќавање и да пролетуваме есен во боите од твоите насмевки. Да ти летам меѓу краиштата на душата: да те собирам да те оптегнувам да те чекам меѓу враќањата и да доаѓам меѓу чекањата. - и ова Со очите в очи: како деца заспани од игри со затворени очи да ги стегнеме зениците од светлост во летањето хартиени змејови по шеќерни планини среќа. Ју ар мај алфа! Ти си ми како невистинитоста. Се случува сешто со тебе ама се ми е како магла. Сон! Не - сакам - да - се - разбудам. Ама гледаш, проклето ме боли кога гледам како други се разбудиле од љубовта и тој сон ги зашамарил така добро. Нечу бре да потонам длабоко во тебе. Не сум таква. Склш , се надевам и нема.