Срце мое прекрасен си. Секогаш знаеш да ме изненадиш со нешто и да ја вратиш насмевката на моето лице. Те обожавам.
Ми се допаѓа како секој муабет за храна е добар вовед за она што треба да се нарече помирување. Знаеш, можам да ти се лутам цел ден и да терам инает, но кога ќе видам некоја добра понуда за похован кашкавал, зденка или начо чипс, нешто ме тера да те известам и за миг забораваме дека сме лути. Гурмани бе
Туѓи усни љубам, во туѓи прегратки тонам, туѓ глас ме буди, туѓи очи ме гледаат... А јас не сум своја. Вештачки љубам, вештачки се смеам, вештачки сакам. На секој начин пробувам да те заменам, но на крајот од денот заспивам со тебе во мисливе, секоја песна ме враќа повторно кај тебе, секоја секунда очајно те барам... Само покрај тебе знаев да бидам своја... Она што ме измачува: Ќе бидам ли повторно некогаш своја и твоја?
Поштовани (не баш) друже. Мака ми е кога ќе се сетам на тебе. И кога ќе те видам. И кога ќе те прочитам на некоја од овие онлајн чуда за интеракција. Мака ми е, затоа што од сите, тебе да можев со гума би те избришала. Да те снема. И понекогаш и ми се гадиш. Не можам да прекинам да се испрашувам во тие моменти, што всушност не беше во ред со мене, кога биднав со тебе? Ма не си ти крив, ти си само таков. Всушност... да траеше подолго мислам дека и ќе ми беше жал за тебе. Вака само себеси се жалам, зашто сум била глупичка. Знаеш, јас обично не жалам многу за тоа што било, луѓето сами прават избори, учат од грешките, се јача душа, ама ти... не, не можам да прекинам да се прашувам дали очилата ми биле валкани, дали премногу осамена сум била, дали ти опраштав што беше убав на фаца, изгледаше силен... ма жал ми е. Само... пробај никогаш да не ми прозбориш, пишеш, гледаш... не знам, понашај се како да не се знаеме, м? Супер, фала, поздрав.
Се прашувам, кога ќе ги смениме улогите, како ќе се чувствуваш? Баш сакам да ти го видам ликот и да ти го слушнам гласот во тој момент. Боли срцка, боли да се биде Јас во оваа врска, ама фала Богу круг е, се менуваат работите
твои омилени бои се црна и сива-имав прилики да видам па токму затоа и ке бидат аут оф мај лајф а мои све остало а особено белата -мислам дека си сватил до сега
Те молам одлучи се што сакаш и кажи ми што побргу. Не ме ставај како бела линија на среде автопат. :geek:
Би му кажала сега одма во моментов да стане од спиење зошто ја претерааааа!!!! Пак цел ден ќе го преспиееее..... Spoiler Ама ако, и кога е спанко го сакам многу...
Spoiler Значи амаааааааааан! Еден испит не знаеш да спремиш сам, една семинарска не можеш да направиш без мене... Да ти се плукнам у мо*аниот приватен факултет. Јас ли бе треба да ти го ставам тоа у глава? Еднаш ми помогна, еднаш кога требаше да ме преслушаш пред бранење на дипломска. И сега се лутиш што не сум можела да дојдам?! Па кој ти ги правеше семинарските бе? Кој ти го двоеше најбитно за учење? Ти го куцав и се` на готово, само требаше да го научиш. Еб**е неспособниот...
Да, во право си, не е исто како лани кога ми го приреди шокот. Сега си само отсутен, инаку до мене си Лани беше груб и резервиран, лани не беше ти. Сега си ти, до мене, тука, само малку ти лета паметчето Многу прашувам затоа што ти премалку кажуваш....Боли некогаш таа твоја тишина. Знам дека се е во ред со нас, знам дека нема ништо ставено под знак прашање, ама дај оправи се побрзо жити мене....Сакам на раат да си ја прославиме годишнината И кога сме веќе кај тоа-како бе не знаеш кој ден се паѓа? Да е за 2 месеци, ај ќе разберам, и јас тогаш појма немав, ама за 1 недела е бре... Ајде и тоа ќе ти го припишам на отсутноста. Earth to my boyfriend-please come back, ASAP
од кога стана поет абе немој мене тие финти, не туку ми ја мати водата и АМАН веке најди си девојка другар и преку другар веке
Ако не се освестиш за брзо ке ти ги удрам клоците и ич не те мислам.. не сум јас на земјава дојдена за твое лично задоволство, кретену!
Секогаш ќе постои девојка која е поубава од тебе, ти само треба да го најдеш момчето кому тоа не му e важно.