Велат дека ништо на овој свет не е совршено ,но ти си совршен за мене . Ти кој ми ја даваш најголемата поддршка,најисрекната насмевка,најтоплата преграта и неизмерна љубов.Те сакам! Остани така.Чувај ме!
Гајле не ми е за цел свет, знаеш!? И нема да ми биде. Ти беше покрај мене. Не сакаше да си одиш. Се заљуби повеќе од било кога. Најсилни прегратки. Нашите тела залепени. Чувство на сигурност. Спокојство. Само јас и ти. Наскоро.
Дали тоа беа зборови кои доаѓаа од дното на твојата душа,кои беа искрени или и тие беа само уште една лага? Дали ме натера да верувам во твоите чувства, во нешто што не постоеше?! ...Ако толку ти значев ќе најдеше начин да ме задржиш...!
Знаеш дека јас сум најсреќната девојка на овој свет? Ќе се трудам деновите да ти ги правам уште поубави како што и ти ми ги правиш моите. ТЕ САКАМ ТРЕПЧЕ!!!
Ми фали...ми фали само една реченица за романот да се заврши,само една линија сликата да се нацрта до крај ,фали толку малку за сите товари да се симнат,а душава да се пресоблече во ново руво.
можеби сега јас патам,ама не вервам дека и тебе ти е сеедно кога ќе сакаше да прајш муабет еден ден јас нема да бидам тука и веќе не сум...
За брзо ќе го завземеш моето место во врскава. И ќе сфатиш што значи да се биде јас. Се надевам тогаш ќе промениш многу работи бидејќи ако и тогаш ништо не се случи, дефинитивно ова ќе треба да се заврши!
Викаат дека силата на една врска вистински се гледа во времињата кога партнерите се наоѓаат во ситуација од која не може да го пронајдат излезот. ... Ме тишти тоа што се правиме за да успееме и пак излегува дека без врски не можеме да стигнеме до никаде. Ме тишти тоа што твојот родител е таков. Ме тишти тоа што ти ветува брдо и планини. Ме тишти што дури и парите кои ти ги позајмил (татко да позајмува пари на својот 15 годишен син) после толку време ти ги побарал назад. Ме тишти тоа што ти вредиш толку многу а неможам да ти помогнам за да успееш. И сега што? И да останеме без ништо се имаме ние двајцата. И ја имаме нашата вистина, нашата љубов. Ја имаме љубовта која многу луѓе заборавиле дека сеуште постои. А постои, таа несебичната, еднаквата, со секојдневни апс енд даунс, ама истовремено и доста цврстата. Фала ти за тоа што ми го даваш. А ми даваш човечност.
имаш неверојатна моќ на убедување и мислиш дека пак ме убеди... чекај да се порзамислам... епа нее! неможе се по твое да биде!ај убаво да спиеш!
Душичка моја си ти ! .... сакам кога само ме гушкаш и без да кажеме збор си седиме така гушнатии.. па некој бакнеж мхх тогаш ми е најубаво на ништо не мислам ..и сега твоево џемперче што остана кај мене цела соба ми мириса на тебе ах љубов, љубов
Ситно броиме до твоето враќањеееее. Едвај чекам да те пречекам на аеродром да те изгушкам најсилно. ПА тек потоа следуваат најубавите денови мило, подготовките за нашата свадба. Едвај чекам и јас да ја осетам таа предсвадбена атмосфера, еуфоријата, да не изоставиме некој, да не заборавиме некој детал. Но за тоа подоцна, сега за сега ТЕ САКАМ и ТЕ ЧЕКАМ !
ако е ситуацијата како што мене ми изгледа значи стварно немаш срам пу јзк нека ти е-да ми кажуваше некој дека тоа за тебе ке го дознаев, ке му речев дека е будала-секој со свој памет и уште онаа другарка ти вчера на состанокот-еднаш во 100 години дојде-срце што ли бараше таму, уште е умс