Oh, baby, baby, it's a wild world It's hard to get by just upon a smile Oh, baby, baby, it's a wild world I'll always remember you like a child, boy.....
Мило те сакам НАААЈЈЈ МНОГУУУ! Најубавоо си поминав! А ти ми беше најубавиот и најзгоден девер! Деверчето мое!
Немам ништо повеќе што да ти кажам све е кажано меѓу нас зар не?збогум моја единствена љубов збогум...не ни било судено
[СДК] Сакам да кажам... Ќе дадам се од себе,ќе вложам труд,ќе се сменам..само за тебе.Но,ќе ми треба време,почекај. Се надевам нема да се покаам,не го дозволувај тоа...
Среќна сум кога гледам дека и ти си среќен и секогашостани таков Имам само една желба:"Ништо не барам друго, само девојка ти да ми те чува." -до првата љубов
Јас вака однапред да ни честитам годишнина, срцко 7 години. Леле! Се чувствувам како вчера да беше, од друга страна кога ќе се сетам колку добро се познаваме и што се не поминавме заедно-ми изгледа како цел еден живот да поминал. Сакам уште 77 да славиме, ако е можно. Малку ми се 3 животи со тебе за да ги проживеам сите убавини што ми ги даваш. Те сакам кога спиеш. Потсетуваш на детенце, толку мирно и спокојно спиеш. Сакам кога ме бараш со рака по креветот, па ќе ме најдеш, ќе си се насмееш, и ќе ме залепиш до тебе. Најчесто и во чело ме бакнуваш. Сакам кога готвиме „заедно“, т.е. не ми даваш да ти се мешам во штипки, и ме караш кога сакам да учествувам во готвењето. Сакам кога седам покрај тебе, го гледам твојот профил, и уживам во неговата совршена складност. Сакам да ти ги гледам очињата, тој твој поглед полн со љубов и во моментите на најголемите кавги не се сменил. Сакам да ти ги бакнувам очињата, осеќам колку ти е убаво во моментот. Сакам кога одеднаш и без најава на сред работа прекинуваш, ќе ме зграбиш и ќе ме однесеш во спална. Сакам кога ме гушкаш толку силно што ме оставаш без воздух. Сакам што се грижиш за мене на секоја глупа болка на која ќе се пожалам. Сакам што си ми поддршка за се во животот, посебно за најбитните сегменти од него. Сакам кога се шетаме низ град прегрнати како од вчера да сме заедно, а не од пред 7 години. Сакам кога во одредени моменти ти предизвикувам морници на телото и треперење. Сакам кога се трудиш да ми објасниш што е тоа што го работиш во моментот, и кога објаснуваш нешто во врска со програмирање, иако е за мене тоа шпанско село и те гледам како теле. Сакам кога ти соопштувам некоја „сочна“ информација и во моментот само ќе ги отвориш ширум очињата и трепкаш и не можеш да поверуваш што слушаш. Сакам кога чистиме во лето, и ми се шеташ топлес, по гаќи. Уживам кога ми го триеш грбот додека се тушираме. Уживам кога ти ги гледам рацете. Знаеш колку слаба точка ми се, и дека се една од работите на кои паднав кај тебе. Сакам кога си играш со прстенот на мојата лева рака. Уживам кога си играш со мојата коса. Уживам додека возиш и ме држиш за рака. Сакам кога ми ги бакнуваш прстите на рацете. Сакам кога си малку фатен од алкохол и добиваш слобода да разговараш за теми кои едвај ги начнуваш на трезно. Сакам кога ме смируваш во моментите на нервоза или стрес. Сакам кога ми ги отвараш очите во ситуации кои во моментот мене ми изгледаат безизлезни. Сакам што ме слушаш и кога ти се жалам за некои глупи проблеми или те замарам со некои глупи муабети. Сакам кога ги гледам и ги осеќам твоите чувства спрема мене на дело, кога не проговоруваш ни збор. Сакам што се трудиш да ни најдеш решение од ова ужасно место. Сакам што секогаш ме почитуваш и што се трудиш секогаш да го осетам тоа. Го сакам чувството на пеперутки во стомакот додека сум со тебе. До ден денес го имам. Ти ја обожавам реакцијата кога те бакнувам на вратот. Сакам кога ми приредуваш изненадувања, планирани или непланирани, сеедно. ............. .............. ........to be continued.......... ................. ................. Листава секој ден се дополнува. Има билион работи кои ги сакам кај тебе и со тебе. Голем дел од нив не се за пишување овде. Да ни се множат, сонце! Има многу песни кои ни ја обележале врската, но оваа мене ми е најдрага, зашто е првата http://www.youtube.com/watch?v=VCLxJd1d84s Here's to us, love
стоко,ѓубре,ти покварен гаде па јас ли сум виновна за се??сега можеш да ми плукаш под пенџер одлучена сум.ќе ставам крај!!и тоа утре.после може да бараш некоја што ќе и веруваш и што ќе те трпи како јас што те трпев.не смееше така да заврши се,али доволно се трудев за да ја докажувам љубовта која сега ја нема... се истрајало...готово е.само немој да ме убедуваш и да ме уценуваш да се вратам задна ќе биде утрешната средба искористи ја најубаво...нема да има нареден пат!! ќе те преболам јас не се секирај за мене!додека ти ме одбегнуваш некој друг веќе ме посакува ти се вика работава.ај чао!
Колку убаво! Нека ви се множат, па поскоро свадба! Сонце мое! Те сакам и покрај тоа што те нема да ѕвониш! http://www.youtube.com/watch?v=LTd9cE0g2W0 Те поздравувам со песнава! Ја волим плаве очи у маглама сивим!
‘‘Знаеш, јас тебе не те мразам. Нема потреба за тоа. Беше секаков спрема мене. Груб на зборови, добар, лош, фин, ме разочара, сакаше. Секаков, но сепак најдраг и најдобар. Некогаш се покажуваш како најлоша личност, но само затоа да не видат каков си всушност. Дека си слаб, дека се плашиш. Јас те сакав таков. Најдобар и најлош. Ме разочара многу пати, но ме насмеа и многу повеќе. Јас тебе никогаш неможам да те мразам. Сега сум само ладна спрема тебе. Се правам дека ми е сеедно.. Не сакам да ти дадам до знаење дека сеуште ми значиш. Повеќе не. Сакам да продолжам понатака. Иако секогаш сакам да се вратам на тебе но несмеам веќе. Неможам. Премногу пати исти работи се случуваа меѓу нас. Само сакам да знаеш дека не те мразам, тоа не би можела, никогаш. За мене секогаш ќе бидеш посебна личност, со која имам лоши но и убави спомени. Јас со тебе завршив, и сега остана само да прифатам. Некое време не сакам да зборувам со тебе, да мислам на тебе Не сакам да ми фалиш. Некогаш кога ќе дојде време, повторно ќе почнеме од почеток. Тогаш нема да те гледам како сега, нема да осеќам ова што сега го чувствувам. Tогаш ќе бидеме само траници со спомени, ништо повеќе .’’ Спојлер Иако немаше ништо меѓу нас, сепак ми остана во сеќавањата.. Но сепак има многу подобри Пс. Од н интернет беше како слика, ама многу е убаво ..