Лоша сум, знам, ти пререкувам за многу работи, но на крајот од денот, пак сум тука за тебе, ти помагам и се грижам. Сакам да знаеш дека... Ги обожавам утрата започнати со тебе. Не ми е мака да станам во 7 часот, да те испратам до работното место и тогаш дури и кафето од автомат ми е највкусно. А многу ми е мерак и кога ќе ме пуштиш да одлучам каде ќе одиме, а потоа и ќе ми го предадеш менито и ќе го јадеш истото што и јас. Исто ко што ме пушташ сама да го изберам местото на летување, зашто единствено ти е битно да си до мене. Најмногу од се` ме изненади синоќа. Кога мислев дека сум го заборавила паричникот, беше толку искрено среќен што конечно ти ќе можеш да ме почестиш. Се радуваш да трошиш на мене, иако скоро никогаш не ти дозволувам. Сакам постојано да ми трае оној твој мирис на пижамата, кој ми останува од спиењето прегрнати. И сакам како вчера, редовно да те изненадувам позитивно и да не ти се трга насмевката од лице. Сакам и да разбереш дека нема шанса вистински да ме запознаеш и да ги предвидиш сите мои постапки. Тоа е позитивно, се разбира . Убаво ми е да ти велам да уживаш во ретките моменти кога заедно се расонуваме, зашто кога ќе сме секој ден еден до друг нема да биде тоа тоа, а ти сосема убеден ми враќаш - Па јас и не сум толку убеден дека мене ќе ми здосади. Најбитно од се` - посакувам оваа трема која ме држи будна цел ден од толку многу доживеани убавини, никогаш да не заврши! Да треперам, размислувам колку те сакам, да сонувам со отворени очи за нашата иднина, да планирам ситници, додека срцето ми рипа од среќа!
Готово е, готово е овој пат нема враќање повеќе назад. Ми беше непреболен, но вечерва те преболев стварно нема смисла веќе за надеж. Не се каам ама прзнавам дека многу погрешив сите овие години што те сакав проклето. Се надевав дека ке се вратиш ама недојде и така остана и ќе остане засекогаш. Повеќе не се грижам за тебе, е ај сега да видам како ке се чувствуваш кога ке ме видиш на улица дали ке имаш граброст да ме погледнеш во очи . Ете седам и си рзмисувам, некој викаат да мошевме да го вратиме времето и што би промениле,а јас викам-никогаш не може да се врати времето и што требало да биде биднало . Сега си среќен, но од сега понатаму и јас ќе бидам и тоа нема повеќе никогаш да се заљубам затоа што љубовта е најболното нешто во животот . Сакам да ти кажам дека во животот се научив-од моите грешки и научив дека не вреди да сакаш некого кој те заборавил толку лесно :geek: . Порано кога ти кажував дека те сакам бар ке кажеше дека ме свиѓаш или ке ми пратеше срце сега кога ти кажав за последен пат остана без зборови а , епа жално навистина многу жално од твоја страна . Бев добра кон тебе ама сега нема да сум ниту добра ниту лоша од денес понатаму вртам нов лист, а ти непостоиш веќе. Сите ми кажуваа дека чувствата не се губат толку лесно ама после толку време јас ги изгубив конечно . Се надевам дека ке си среќен, дека ке си останеш со неја и дека еден ден ке се каеш затоа што ме изгуби... Ааа и да не заборавам, ете ти една песна колку за позз, затоа што знам хит на летото ти е http://www.youtube.com/watch?v=eUEr9Har ... ture=share
на бившиот-гледаш дека можам без тебе бе,џабе време си губев само со непотребни луѓе на сегашниот- ти благодарам што се појави во право време и што си ми утеха и подршка и се можно што постои,не се секирај ќе ти давам да јадеш ама не толку,шланг ќе те направам бе
Те сакам најмил мој! Сношти малку срцето ми беше лупа-тупа(малку со сомнеж) но после тоа што ми го кажа сватив дека ти многу работи чувствуваш,планираш без да ми кажеш.-нормално за убаво е. Ти си личност која не ме изневерила,која убави работи ми посакува,која ми помага.. Те сакам љубов моја!
Дај бе јави сеее! Појави се од негдеее... не бива повеќе вака. Побарај ме! Ќе си дадеме шанса еден на друг. Ќе успееме заедно! Јави ми сеееееееееееееееееееееее!!!!!!!!!!
глупак низаеден до тоа ниво ли стигна разбери и милиони и билиони како таа неговата да лајкнуваш џабе ти е нема да го замениш ниту да го избришеш од моето срце .па и истото име си го избрал,секоја чест
Ти ги сакам собраните веѓи додека внимаваш како ми ги лакираш ноктите. И кога ќе те искарам дека си ме измачкал, молчаливо, почнуваш одново додека не сум задоволна. Ти го сакам тоа напрчено носе, полни усни, зелени очиња... Многу си ми згоден бре!
" Не е колку без сексот, колку што не се може без неа. " Зборовиве изговорени од уста на другар, кој поминува во break up фазата. Не знам зошто, ми текна на тебе. Многу сум побркана, дури и не знам на кого да му кажувам работи кога ќе ја отворам темава. Знам само едно. Неможам да го издржам товарот сама душо, мораш да ми се вратиш.
Zнам дека е и ке биде тешко наредниве месеци низ што поминавме ке поминиме и од ова заедно сме и посилни од кога и да е љубовта наша ке помине се за заедно да е со нас
Те сакам... тебе, и тебе, па и тебе, и тој до тебе, и тебе, и тебе, и тебе... ма сите ве сакам!Љубавни стоаголник!