Те гледав како седеше и си го пиеше кафето без да направиш ни најмал потег да ме забележиш.А,јас кутрата тагував и по еден безначаен поглед од тебе кон мене.Можеби ти здосадив.Знаеш,ми требаш.Навистина ми требаш.Ми недостасува секој твој атом.Секое твое тресење на зелени.Начинот на кој се смееш.Ми недостасува она кога ќе ме гледаш како зборувам.Ти го чувствував погледот,како со него да поминуваше по моето лице.Како да ме галеше.Ми недостасува твоето присуство.Димот на цигарите кои го испушташе.Ми недостигаш…Се прашувам дали воопшто ми обрнуваш некогаш внимание.Се прашувам и дали воопшто ме сонуваш.Погледни целе! Погледниме пред да одлетам!Пред да исчезнам како да не постојам! Погледниме..ми требаш.
Премногу си далеку за да бидеш до мене. А ми требаш. Ми треба она твоено „Моја си, јасно!?“. Ми треба да ме чешкаш по голиот грб, доцна навечер. Ми треба „нашето“. А единствено што можам сега е да се запрашам: „Избледуваме или стануваме посилни?“
И ете го пуштам ова писмо во шише.Се надевам ќе доплива до тебе, читав струите се насочиле кон љубовниот вител.А се плашам од исходот, што ако го пронајдеш? Би се вратилa ли да грееш една прегратка, а јас пак би ги бакнувал твоите усни, би ти кажал дека ќе останам со тебе довека? Или пак би ја избрал неизвесната иднина со некоја непозната? Проклетство одговори ми, зашто јас вечно ќе те чекам на местото кое не спои!?
Зборови, зборови, зборови.. Толку си добар со нив. А делата? Што е со нив? Неможеме да успееме само со зборови. Потребни се дела разбери.
чудна срека има-тоа си го знам само што ја затворив вратата од продавницата-ти-ко квасец скиснат ова ко потсетување дека нема каде да бегам пак кога-тогаш низ маало ке те сретнам тебе а најверојатно си ги следел белите хеланки -манијачиште едно ах што си ти...ама на некој начин веке се навикнав, не се притресувам туку си го живеам својот живот препознатливо облечен- да те вратат во форма после одморот како издржуваш на жештинава секоја чест само што излегов надвор топлотен удар ме мавна
Баш ме интересира до кај ќе тераш и што е причината за твоето однесување...Продолжи така ќе почнам и јас да се менувам,па после нема да ти биде сеедно.Знаеш како велат тркалото се врти.
Имам чувство дека од толку многу љубов ќе ми стане нешто. Одамна веќе не можам да ја контролирам. Ми доаѓа да застанам на џам и да почнам да се дерам колку многу те сакам, на сите комшии да им биде јасно ко ден! Ми доаѓа да те гушнам и да не те пуштам, да те држам силно, да почнеш да преташ од болка... знам дека нема де Сакам да живеам во свет без правила на однесување, обврски, работни времиња и задачи. Знаеш, пред некое време видов ѕвезда како паѓа. И успеав да замислам желба. Голема и моќна, а ако размислиш што треба да се случи за да се оствари, станува морбидна. Ама не ти кажувам што е, нема да ми се оствари
Убаво е кога збориме и двајцата за нашата заедничка иднина. За сите тие планови што сакаме заедно да ги оствариме. Не си свесен колку во тие мигови ме правиш среќна.
100 луѓе имаше 100 гласови 100 погледи,но мојот поглед бараше само едни очи само еден глас и еден поглед ,само за момент само за секунда да се појавеа боже ќе бев пресреќна но не не и не ова ноќ пофторно остана глува без тебе...
Само да те потсетам немој утре да заборавиш да ме разбудиш да не се успијам случајно а сега добра ноќ и да знаеш неизмерно те сакам
Братче извини вака ама како да ти кажам страста си е страст ...принципите се принципи. Не дека не би сакала да го наседнам твојот Стојко. Ама досега не сум наседнаала на ниту еден. Мала сум бе братче мала.ама мила ти сум.. те сеќавам јас тебе
имаш се што ке посакаш во животот а сепак не си срекен дури ни пивото веке не те спасува е значи стварно си гревче само не ми е јасно што мислеше ти-додека ги менуваше авантурите во твојот живот дека тие ке ти дадат срека леле ист Б пред неколку години особено тој дел со пивото