уште некоја песничка да ми симнеше Д-посакувајки ми срекен роденден што другар имам јас леле леле а што му требаше на твојот колега да ми честита роденден иако јас му честитав од чиста култура него -ама познавајки го ова е чиста провокација се разбира, божем јас не знам едниот провоцира, другиот се доближува, уште трет фалеше е ке беше што ке беше тек тогаш па затоа после влечуги со одсечени глави јас ке сонувам како и да е , срце е силна девојка и не пага така лесно на муфљузчиња ко вас
Има мигови кога се сомневам дека сево ова ќе издржи толку дистанци, толку вратоломности, толку доживувања... Па се присеќавам на сета љубов што си ја имаме распослено по ќошињата дома, за сите планови, гушкања навечер, кога ме чуваш додека имам пмс и вриштам како недоквакана, кога ти се лутам зошто трескаш зелени и се обидувам да ти помогнам да надминеш и ти некои свои стравови и ставови... И тогаш знам со кого сум и која сум додека сум со тебе. И доволно е, само чекам островче радости и да си се насладуваме со Љубов. Човек, некогаш приумрува малку од одредени околности, кога се плаши, кога е соочен со реалноста и оној грозен вкус што таа знае да го пушти. Но кога си Ти тука, ми помагаш да се избањам и исчешлам отакако исцедена од стомачен вирус не знам дали ќе одам на работа, ми помагаш да се исправам посилна, веќе нема што да се сомневам. Ни еволуира Љубовта, драги мој. Ти благодарам за букетот.
Истече времето! Готово! Чао! Дека мислеше нема да те преболам и нема да најдам среќа на друго место. Секогаш кога ќе сакам да се вратам назад, да ти се вратам, се сеќавам на сите навредливи зборови, на оној пат кога ми ја тресна вратата пред нос, на сите лажни ветувања. Впрочем ти благодарам за се, ме научи да бидам посилна, да се искачам до моето ниво, а не да се спуштам на твојата мизерија. Ме заслужи некој друг, што знае да ме почитува, да ме сака искрено. Сега тебе ти е време да цмиздриш. Малку ти е. Има Господ, ти ме учеше да верувам во него а ти не ја знаеш ни првата работа за вербата. Е мој плавчо, ќе се сретнеме еден ден, и со полна душа и срце ќе ти кажам дека мојот живот е совршен!
Хах...Така ли? Еднаш велиш да излезиме,па потоа не можеш? Ако ти се јавив еднаш не значи дека ќе те молам Мислиш само ти користиш?? Не бе злато ...и јас користам и тоа мноооогу
Себичен си. Не ме даваш никому, ме чуваш само за себе. Ако ти го кажам ова во лице, секако ќе ме разбереш погрешно како и секогаш. Ама тоа е, тоа е причината зашто го имаш тоа мислење и никако не го менуваш. И јас те сакам само за себе, ама невозможно е да бидеш, нели?
И пак наоѓам убавина во тебе. Ти се губам во зборовите. Би се изгубила меѓу редови. Твои редови. Сакам љубов сакам посебно добра љубов...За паметење. Да се сеќавам.И никогаш да не заборавам моменти. Овој север да е југ. Ејј..сакам со неонски фломастери да си напишеме на чело Те сакам . Еве заминав и се вратив.
зошто бре немам сила да те оставам.и да,слаба сум.многу.секогаш кога се вртам да си одам душата ми се стега и пак се враќам.ме боли.многу ме боли.но уште повеќе ме боли кога те немам да мене. ах,само да соберам сила и да ставам крај на ова мачење зошто оваа врска не ме исполнува.ме убива.
Те сакам,бескрајно, чисто. Неверојатен ден ми подари. Гледаш дека трошка ми треба само од тебе за да бидам најсреќна. Знаеш дека не си доволно до мене, па затоа знаеш и светот да го превртиш за да ме направиш среќна и задоволна од мене. Но мене никогаш нема да ми биде доста од тебе. Никогаш доволно.
ти благодарам за тоа што ме разбираш, те сакам најискрено, ти си највредното нешто во животов мој !!!
ајде да видиме дали веке еднаш ке се решат проблемиве ми се смачија проблеми па проблеми и се од тие твоите.