Што би му кажала ? ... Би му кажала дека цела недела умирам без него... Кога ги гледам останатите гимназијалци кои учат во моето училиште постојано замислувам како би било да е тој тука ...Убедливо најубавиот меѓу сите ! Ех, злато мое Вечерва ќе бидеш МОЈ ! уф,уф
Само ти ја поседуваш таа способност да ме извадиш од такт. Толку многу ме изнервира, ме наполни со негативна енергија.... ќе помине да, ама ти секогаш си го бараш....и не знам како тоа главата на место да ти ја донесам, мочко еден!!
сакам сакам сакам ... е баш и не те сакам ... не те тинтрам бе ... и немој да се занесуваш ... јас на една ти на друга страна ... и сите среќни и задоволни ... на душманите срцата полни ... ај донт кер ... не сакам да те има пак во мојот живот ...
изненадуваш она случајно беше или ти текна на мене? се најдов помеѓу најблиските и оние со кои интензивно комуниираш и се дружиш....ама јас мслам дека не спаѓам во таа група засега....зашто таму ме стави?
Вечерва планирам ненормално да се дотерам, како што досега не си ме видел, па да видам каква реакција ќе добијам од тебе!!! Те сакам смотан еден.
Се надевам дека разбираш зошто денес душата си ја разголив за последен пат. Како што птицата си ги собира крилјата јас така ќе соберам сила понатаму да продолжам сама да чекорам по трнливиот пат на животот...се надевам дека разбираш , само тоа ти преостанува. СЕкогаш следи ме , но немој да ми стоиш на патот!!
Не ми е до карање. Заедно сме само 10 дена, после месеци.. Те молам немој да ми правиш вакви нервози, значи те молам. Ти кажав сто пати, ќе ти кажам уште сто ако треба.. Тука сум јас, не бегам, само сврти број и дојди.. Твое е.
би му кажала (на мојот симпатија-сега за сега ) КЕ ТЕ ТУЖАМ за поседување на мои слики во твојот телефон без моја дозвола !!!
Се прашувам зошто на мојата листа со песни за вечерва се сеуште наредени балади кои тажат по некој различен свет? Зошто сеуште ги слушам сите оние скршени стихови? Што прави ова срце? Зошто сета оваа непотребна тежина?Казни ме зошто ја сакав дури повеќе и од…… повеќе и од себе… ТЕБЕ…
Те видов те видов(добро од далеку) и не ми скокна срцетооо .... јееее .... многу ми е гајле утре како ке биде на роденденоттт... не си вреден воопшто па да се замарам со тебе...
Како ме изненадуваш леле мајкооо Што ти се дешава незнаеш ни самиот ама ја се нервирам што незнам што да превземам во врска со тоа и како да ти помогнам и на тебе и на мене!!!
Дојди си побрзо оти неможам без тебееее Само на тебе мислам,премногу ми недостигаш и те сакам најмногу на свет
Се што ти кажав така е. те сакам повеќе од се’. Не те излажав за тоа. Фала за најубавата вечер во животот (една од најубавите, ма да и другите најубави ми се со тебе)