Сакам целото слободно време да го минуваш со мене и само со мене. Не ме интересираат ни другари ни брат ни братучед. Себична сум знам, но тоа е само од голема љубов.
Те сакам. Незнам дали некогаш ќе ти го кажам тоа во лице. Сите те сакаат. Твоите очи, твојата насмевка просто неодолива. Не си совршен, ама не си далеку од совршенството. За жал, многу девојки те сакаат. Ќе се запознаеме, ќе ме засакаш, верувам. Сега освен надежта, ништо друго не ми останува.
Кога само би знаел се што сакам да ти кажам. Кога само би ми дозволил да ти кажам,да ти покажам. Колку волшебно би било. Кога само би се радувал на оние кои навистина се до тебе и оние кои навистина те сакаат. Кога само би сватил дека првата од нив сум јас... Тогаш би ја знаел големината на мојата љубов кон тебе,би ја видел бесконечноста што јас ја гледам и би го сетил она отсуство од тебе и кога си со недели до мене,мој. Би го сетил она "никогаш доста".
Попрекрасен почеток на мојов месец не би можела да си замислам.. (а ме знаеш мене, имам многу бујна фантазија!) Јас, ти и Пласибо. Ти благодарам.
Не ми се верува си дојде од туѓината. значи не си ме лажел. Те заборавив,мислев дека нема да те видам никогаш повеќе во животот. Ги исплакав сите солзи што ги имав,а ти сега се врати !? Казна ли е ова ? Ме фаќа страв како ќе реагирам кога ќе те видам
знам дека многу ти значи името Ана ама и мене ми значи-тетка ми се вика така, нормално ти не знаеш и подобро што не знаеш па да не испадне срцка би додава сол на раната со постирање песна баш со тоа има, почекав ти да се тргнеш за да ја постирам заедно со коментарот и покрај се сум внимателна човек си пред се-знам дека позади таа ледена санта од која си обвиткан има едно чуствително иако ти тоа многу умешно го прикриваш
http://www.youtube.com/watch?v=pDgNJNx9B88 Песната кажува се, после оваа вечер.. после ова што ми го стори, готово е засекогаш! Овој пат е навистина крај. Збогум!
Еј стоп, стоп. Не сеуште. Ќе те помодрам од штипање само ако нешто посакаш. Ќе ми експлодира стомаков мали мој. И на два ума не се седи. Ако го направиме тоа нема да го имаме тоа. Јас ризик, ти смиреност. Лелелееле!
татичко тој убав ајде ајдееее татичко ке ми бидеш знам дека ке бидеш најубав и најдобар татичко љубим те
http://www.youtube.com/watch?v=xlFlkN2V7_I Еве ова нека ни биде песната за две годишнина ем љубење уз море, вино и зајдисонце