Не верувај дека заминав. Не верувам дека си отиде. И ќе бидеме, онака како што запишал некаде, некогаш, некој. Ќе ја довршиме нашата приказна, со ре-почеток. Довери ми се, полесно е така. Врати се себе си, врати ме мене. Ми фали мојата половина. Мојот дел. Она парченце што го криеш во себе. Ти фали моето име кое често го изустуваше. Сфати ги нашето совршенство. Земи го и не го испуштај повеќе. Не можам сама да го сочувам. Ми треба да ми подадеш рака. Да ми помогнеш. Заедно можеме се. Љубов. Само твојата ја сакам. Ничија друга. Го најдов оноа што го барав. Зарем сега треба да се откажам?!
Ееее срцка кога би поминааа ? денес правиме 2 години и 7 месеци нека ни се множат и множат засекогаш. Да сме среќни, весели и заљубени Те сакам најмногу
Работава си ја сврте во твоја корист. Пак јас ја носам титулата виновна. Виновна за што?! За тоа што правам се што е во мои раце за да ти биде убаво?! За тоа што пробувам да бидам толерантна за се од твоја страна?! Што пробувам да се смеам цело време и да станам оптимист како тебе,а не реалист како што сум во моментов.Или подобро кажано,да не бидам јас,туку да бидам ТИ.Да го имам твојот карактер и твоето гледање на сите работи во светов.Може и ќе успеам :up: Нормално,твојата грешка ја спои со моите претходни и вагата на грешки покажува дека јас сум потешка. Незнаеш да се фокусираш на конкретниот проблем,туку одма го вртиш листот и ги набројуваш моите глупости. Но си се запрашал што би се случило ако јас го свртам листот и погледнам во минатото? Фала за пораката,многу ти доликува во моментите на лутина. Само јас никако да го извадам од мене сето она што го осеќам,и така убаво да те преплавам со зборови,па да се чудиш дали тоа сум јас.. Погрешна тактика ми е тоа што секогаш сакам на мирно да решам некои работи,тотално погрешна... Спојлер У п**** м**** нека иде се!
Ќе се сретнеме пак. И ќе ти кажам се плашев од љубов. И ќе ти кажам дека никогаш не сакав да ти ја затворам вратата од моето срце . И ќе ти кажам дека се плашев кога ќе ми се приближеше преблиску. Долго ја водам борбава. Дали чувствуваш дека губиме? Во друг живот. Ќе ми кажеш дека сум твоја. Можеби.
симпатичен дечко си, нема што-по малку затворен Девица гледам нешто си сменет-откако дозна дека супер си го поминав роденденот-зошто-незнам еве ти го пишав мојот број-значи сепак сум похрабра од тебе си ми пишал дека ке ми се јавиш и дека сум те изненадила-ке си ме изненадел и ти мене-ај да видиме да те молам и да трчам по тебе-ама стварно немам намера не сладок, пресладок да си
Еве сум Иване, година време после тебе.. Тебе каква ти беше годината? Гледам си нашол уште една душичка да и го упропастиш животот. Ако, нека има. Мене, годината не ме прашувај. Како успеав помеѓу сите тие мажи, сите тие жени, сите тие страни на книги, сите тие предмети, сите тие алкохоли, сите тие плачки, сите тие смеи, сите тие ѕидови, сите тие запознавања, сите тие збогувања, сите тие карања, сите тие простувања - уште да сум арна со мозокот. А можеби и не сум, не знам.. Али ти не дојде за тоа нели. Дојде да се увериш во тоа дека и ако пак си пробаш, јас пак ќе се затрчам како улава во твоите проклети раце. Дојде за да растиш со паун од моето слушање за тоа како и после се, јас без тебе сум како со еден бел дроб. Ако. Ти си Иван во мојот живот, немам карти со тебе, и облечена стојам гола пред тебе. Ти го знам секој потег, ти мене уште повеќе. Епитети нема доволно за нас двајцата. А сепак... Не ми е празен толку животот па што пак сум .. Во дупката. Или можеби сакам да мислам дека ништо не ми тргнало годинава оти тебе те немав. Оти додека те имав цутев. Аха, ама од нервози. Ни тие не можам да ги добијам. Не се вредни овие нервози сега. Нервози за глупости. И нервозите беа поинакви со тебе. Беа стварно нервози, а не ова мачкина кашлица. Ми недостигаш Иване. Тоа е. Нема друго. И кога те видов денес, после една година, после два три дена од кога ти пишав после една година, после недела време од кога ја започнав пак оваа тортура со себеси наречена Иван, знаев само едно: тој човек мене ме смени. Ми недостига некој да ме сменува.... Дури и цела се претворав во уво, кога правеше муабет, само за да ти го слушнам гласот кој го немав слушнато година време. Не, не ми недостигаш ти. Тоа дека ми недостигаш не е ни приближно за тоа како јас навистина се осеќам. Нема речници, нема придавки, нема ништо. За опис. А те нема ни тебе. И нема да те има пак Иванче.. Многу омраза е ова за да се враќаш.
Само малку да ти ја освежам меморијата. Јас бев таа што ги трпеше сите твои гомненици и навистина се грижеше за тебе. Јас бев таа што остана со тебе иако сите ми велеа да не го правам тоа. Јас бев таа што те сакаше иако ми ги даде сите причини на светот за да не го правам тоа. И за крај, јас бев тука за тебе кога никој друг не беше... Би сакала да знаеш како се чувствував поради тебе. Дали мислиш дека е во ред ако одненадеж исчезнеш од мојот живот? Дали некогаш помисли дека ми требаш? Мислев дека секогаш ќе те имам покрај мене, но погрешно сум мислела. И сега се појавуваш после кој знае колку време велејќи ми дека ти е жал и дека ти недостасувам. Искрено, мислев дека никогаш нема да го слушнам тоа, но дојде до таа точка што јас повеќе не ни сакам да слушнам нешто од тебе. Ме третираше како ѓубре и повеќе никогаш не би можела да те гледам на ист начин, затоа што ти не само што ме повреди, туку целосно ме скрши...
Неможам да го поднесам твојот ладен поглед,веќе НЕ!Уште во почетокот беше таков и после толку години пак си истиот,а верував дека ќе се смени нешто,дека некогаш ќе видам топлина во твоите очи.Кога ти зборам за љубов и мали слатки убави работи,кои иако мали можат да ни го разубават и направат посреќен животот,ми викаш тоа е за деца .Зар е можно,зар постои граница,зар постојат одредени години за љубов?Не бе!Таа се трансформира,расте,се менува,созрева со годините!!!Штета,не си свесен што пропушташ!Потоа,јас сум крива за караниците меѓу нас,ваква,онаква,ми набиваш чуство на кривица,а никако да сфатиш дека,тоа е одраз на една НЕЗАДОВОЛНА и НЕИСПОЛНЕТА жена?Зар не гледаш дека само бараш,а ништо не даваш?Зар не гледаш дека те води само нагонот кон мене,а не љубовта?Зар не гледаш дека со тебе сум,а се чуствувам САМА?
ако ти мрднеш со мал прст-жими еден живот на сред плоштад харикири ке извршам и уште мојот број ти го пишав а што е најлошо од се помислив дека ке ми се јави-е стварно заслужувам еден баш пред да заспијам размислував за се до сега што ми имаш кажано-незнам зошто ама звучи како да е лага
Извини. Збор кој ти ме научи дека може да се користи секаде, секогаш. Збор кој сега го презирам. Извини. Направив штета. А се борев, за нас. Извини. Те сакав. Те лажев. Извини. Ќе те изгубам. Сега. Засекогаш.
ке си ми се јавел кога најмалку сум очекувала-по превод никогаш ова ко мижи ти а јас ке ти баам па не си ни прв ни последен
Во моментов спие ко заклан, додека јас го чекам да ми се јави.. и немам од каде да му ѕвонам ..а инаку се друго е кажано но кога би можела највише би сакала да го истепам
незнам Dали да се Rадувам или да мислам шTо е мило мое Tоа исто пазиш на мене како минативе Dенови те љубам Bре будалице моја