зошто мислам дека ти на некој начин ми се правдаш што сум ти јас-ништо, што си ми ти на мене-ништо епа што тогаш абе ако сакаш не ми пишувај, не мораш да ми се јавиш во живот ама не ме сметај за будала-знам која игра ја играш-читав скоро за ова да се нервирам немам намера, да плачам исто ниту да се трескам од земја-не си вреден за ниту едно од горенаведениве три
Премногу е очигледно во каков период минуваш. Премногу е очигледно дека ме избегнуваш. Порано не можеше со мене, ама не можеше ни без мене. Сега, со кое повеќе можеш да се справиш? Свесен си дека и да одиш, кога ќе дојдеш повторно ќе отворам врата. Но грижата е дали ќе ти дозволам во меѓувреме да бидеш присутен во мојот живот, дали ќе се чувствувам убаво што се грижиш за мене. Но не ми веруваш, не си сигурен во мене. Ти не си сигурен ни во она што го чувствуваш.. Сега, каде сме? Каде се изгубивме? Не треба овој ден да биде оваков. Промени го, ја имаш таа моќ. Години на љубов ил смрт.
Те сакам.Тоа многу добро го знаеш,не треба да ти кажувам.Не можам да најдам одговор на твоето прашање зошто да се разделиме?! Помисли дека така е најдобро за двајцата,дека постојат други девојки,подобри,дека не те заслужувам.Помисли..Што сакаш помисли...Ке те заборавам.Во Господ се колнам дека ке те заборам и тебе и се поврзано со тебе,ама знај дека до тогаш јас ке умирам секој ден.
...не разбирам што се случува. Еден ден ми кажуваш едно,а другиот ден сосема друго... И? Како да реагирам на сето тоа? Не,не,не те разбирам :/
Се беше преубо на почеток, само твојата бивша лудачка ти споеба се. И јас поќе неможам да бидам ни еден ден со тебе. И ЗНАЈШ шо? Ќеси одам со другарките на одмор а ти окукај тука. Ќе ти купам сувенирче иако ни то не о заслужваш. НЕКА ТИ КИСНИ ! Btw.,.. Одвај чекам да ми дојдииии за да ми е мирна душата ! ИДИОТЕ
Да чекам ти да се вразумиш и да престанеш да бидеш женкар и да научиш искрено да сакаш е исто како да чекам торнадо во Македонија. Бескорисно и разочарувачко.
види види си ми пишал и за време на викенд-замисли да ми ги раскажеш твоите авантури, планови и сл на психијатар ли ти личам бе гниго една
не ми треба некој само за делење интимности.......туку некој кој ќе ме гушне кога ми е најтешко,кој ќе ми пруже морална поддршка...а ти изгледа си повеќе за првото..лошо лошо,мн лошо
Она чувство кога ќе помислам дека тоа е твојата кола. Лебдам. Љубов? Веќе долго време бејби Веќе долго време.
Ги бројам деновите,часовите,минутите,секундите кога повторно ќе те видам ќе те гушнам силно ќе те бакнам, кога повторно ќе бидеме заедно. Неможам веќе да дочекам. И знаеш уште колку остана 8 дена, 2 часа, 45 минути и 33 секунди.
Мојата љубов кон тебе, ме натера на бидам грешник. Повредив многу личности мил мој, за на крај да ја повредам жената која е твоето Се'. Ќе те побарам на тој голем ден Велики поклади (Прочка) и тебе и нејзе ќе ви се извинам за се што сторив. Ќе те пуштам да одиш засекогаш.
Дотичен Д. После 6 години убедена бев дека пеперутките во стомак ми ги има убиено HCl, и мораше баш ти да ги разбудиш? Мораше да си тип со карактер што најмногу мразам?! Мораше сите како тебе да ги отерам вопич*куматер, а тебе да не можам? Ти си само едно многу убаво плавооко копиле што знае како со жените, знае колку сме глупи и како да не залаже. Ама ако, карма ми враќа. Јас со сите се зафркавав, враќај ми сега, ти се може. Тука ќе си се жалам за тебе, ќе ја погазам гордоста, ќе ти го осипам цел фејсбук чет со лигавештини, нема тоа да бидам јас, тоа ќе биде будалата што ти ја направил, како успеа алал да ти е. Д. проклет да си и ти и тоа твое плаво око што сакам да го видам и денес, и утре, и секој ден.
Кога мислам на тоа колку си романтичен некако не ми текнуваат многу wow филмски мигови - немаме скинати ливчиња рози, немаме ниту некои љубовни мечиња. Имаме само една милка крава која ја земавме дека ја делеа заедно со чоколадите. Имаме еден див секс под туш кој мене ми е поим за романтика. Ти напати се обидуваше да отвараш шампањ, да правиш чоколадни јагоди, итн итн, но некако кога ќе дојдеше моментот да бидеме романтични, јадејќи ги и пиејќи ги тие нешта, ние и двајцата ќе прсневме од смеа. Немам филмска романтика ама имам човек кој и кога вриштам дека се откажувам од животот е тука преку насмевка да ми каже дека не постои откажување пред нашата иднина! Имам човек кој 10 дена седеше со алергија на одмор и издржа и правеше се само мене да ми биде убаво. Имам човек на кому му е важна мојата среќа пред неговата. Те имам тебе.