Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    види види си ги надминал границите во Саботата па во Неделата те болело глава?
    навистина :wasntme:
    море нека ти пукне од главоболка баш ми е гајле :!: дури и мило ке ми биде :lol: :!:
     
  2. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Е мој Рајко, црни Рајко... За на кошарка не ти е мрза да одиш да се потиш, а да дојдеше мене малце да ме прошеташе...
    Шо ако ти реков топло е надвор, требаше да ми речиш "Ајде бе злато спремај се да излезиме"... Уште ли не си ги научил жените бре, сине црни?! :^)
    Сега ќе си се договорам со другарките за на кафе, а ти после немој да ми брмчиш многу. Немам друга работа па дома цел ден заради тебе ќе седам и ќе чекам ко ќе сакаш ти да се видиме |(
    Ма марш у п*чке материне бре! :rock:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ме насмеа малце денеска,али џабе.Важно малце ми го одвлече мозокот на пасење.Колку си самоуверен ти завидувам.Камо да имаше памет колку шо имаш гордост.
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ти благодарам што ми го направи почетокот на викендот незаборавен. Беше фино, да се сеќаваме на тоа како такво :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Како не ти е срам да ме ебеш во 11 часот на сабајле кога знаеш како вриштам и знаеш дека сме залепени до комшииве шпиуни?!

    А кога се глупиравме во море, ох пред едно 3-чки лета!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      31,8 KB
      Прегледи:
      237
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Би било убаво кога би можел да ја почуствуваш тагата на моето лице кога гледаш дека ме повредуваш, солзите во моите очи коишто сеуште не почнале.
    Но не, ти го гледаш само она што ти сакаш да го видиш.
    Камо да бев и јас како тебе да ми беше сеедно т.е воопшто и да не се замарав со ништо.
     
    На Divinebutterfly и crazylady им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Ти благодарам што ми подари момент кој ми недостигаше многу.
    Соголени, јас и ти, без кожа на нас.
    Видов искра копнеж во тие зелени очи.
    Ми докажа, доволно ми е.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Жена је најлепша и најсречнија у загрљају мушкарца којег воли! Даје хиљаду других загрли, никад нече имати осечај да је свет нењ, као у рукама оног коме је своје срце поклонила.
    Можда није савршен, али је он све оно што ЖЕЛИМ!!!
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ми фалиш цело лето ќе го поминеме разделени...
     
  11. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Доста беше, ја помина границата, нема да те молам, да плачам и да мислам на тебе. Доволно ми беше се`, сите работи кои ги претрпев.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сонот, да ни се оствари.

    И ниеднаш, емоцијата да не ни остари.

    Тоа.
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    чудно денес ниту еднаш М не ми пиша-ке треба да се навикнам на тоа
    има нешто матно тука ама дечково ни да гукне за тоа
    а зошто е тоа така-се надевам дека книгата нему едноставно не сте му важна ке ми помогне да сватам :wasntme:

    а ти бе другарче што ме прашуваш каде сум
    сум се изгубила :D
    ти ми рече дека ако не ти бидам јас другарка ке ти биде некоја друга епа бујрум :)
    сум го рекла ова 100 пати и уште толку ако има потреба ке го повторам-имам две другарки што заслужуваат да ги наречам другарки другите сте падобранци во мојот живот-један доџе други проџе :)
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Кога би знаел дека знам некои работи за тебе уште пред да зуцнеш има да ме помислиш за сталкер.Али не сум.Само ми недостасуваш.Ајмо за уште неколку дена месец праиме од кога се запознавме.Ти текнува или само јас сум затресканата овдека?
     
  15. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Те имам, мој си. Те остарев! Кога те запознав беше на годините кои еве сега јас ги носам. И кога правам споредба на тоа каков беше ти на тие години, а каква сум јас на овие години се обесхрабрувам.
    Не сум сигурна дали ти ги правам утрата поубави и деновите посреќни. Неколку пати кога јас те заморувам со прашањата како - зашто ме љубиш -ти ми кажуваш дека покрај мене се чувствуваш безбеден. И мене ми е нејасно која безбедност јас ти ја пружам. ...Немам финансии, не сум жената мачка која има добри боречки вештини, не сум љубезна жена која комуницира солидно со сите.

    Безбедноста која ја имаш лежејќи до мене и на некое повозвишено ниво ми е контрадикторна. Јас сум немирна во главчето, а ти викаш дека си безбеден од и во мојот немир. Нема никаков спој на тие нешта љубов! Не постои безбедност покрај его како мене кое се плаши од се.

    Не сакам да те оптоварувам со мојата болка. Ти, мислам јас допуштив да се вдахне таа болка и кај тебе. Место да те направам среќен човек, те направив загрижен. Ме зафркаваш дека никогаш не си се плашел од летање, а за време на летот со мене си се побркал од страв.
    Како да се секираш за уште еден човек плус? И како дозволи ти тој човек плус да го слушаш повеќе од твоите.?

    Некогаш (секогаш, уште на почетокот) ми иде(ше) да ставам крај. И неможам на никој да му објаснам зашто сакам крај.
    Крајот кај мене нема никаква врска со немањето љубов или непостпењето убавина во врската. Крајот кај мене доаѓа како некој налив на неконструктивни желби кои отсекогаш ме носеле во амбис. Крајот го сакам бидејќи неможам јас да си ја дозволам среќата. А зашто неможам? Епа бидејќи животот ме учел дека таа за мене треба да е некаде далеку и тој ме учел дека не ни треба да сонувам за неа. Животот освен тебе што те доближи до мене не ми даде ништо што пред да се родам и сум немала.

    Добро утро! Ветувам дека и денеска ќе пројадам уште неколку пара реченици кои не ги мислам ама ти ги кажувам за да ти отворам пат за полесно да ме оставиш.
    Ебате, некои луѓе уживаат во душевната болка! Иако не допуштаат другите да им ја направат, а нема ни зашто, самите си ја прават!
     
    На Madonna и Libera им се допаѓа ова.
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Секој миг ме исполнуваш и правиш да летам од среќа. Само сакам да се обидеш да не се нервираш толку за нешто што не вреди бидејќи тоа се одразува на тебе,а по малку и на нас.Секој миг со тебе е волшебен и незаменлив и знам дека цело време ќе ни биде така мој најмил.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    секогаш кога ке ме видиш а си во друштво на колега, другар мораш да прокоментираш нешто-ко вчера еве ја оваа знам и зошто сум оваа-затоа што кога едната од бившите ти пишала дека ке жалиш за све во животот што си правел глупости како што тргнало и да престанеш да правиш глупости јас лајкнав-добро те проценило девојчето нема што :!:
    море ке ја видиш и онаа :D нема шанси да премолчиш а кога си сам молчиш и ми вртиш грб-што боцкало си, нели се навикна да ме гледаш низ градов, низ маало и после година и нешто провоцираш-само незнам до кога :!:
    а јас па не ти се тресам кога ке те видам-мува не ме лази веке се навикнав ко дел од статуите низ градов си :lol: и сто пати сум рекла дека уште еднаш кога ке ме пецнеш, ке ти вратам па што сака нека биде ама следниот пат сериозно планирам да ти вратам :!:
    сватив јас зошто со Д не се дружите иако сте колеги-затоа што во глобала сте исти,боцкала и двајцата
     
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Последен .
    Го мразам овој збор.Има некаква конечност во него.Вреска не повеќе.
    Не. Не сум лута.
    Повредена сум бидејќи не бев избрана.Тука бев ,знаеш дека бев .Чекав.
    Ја избра неа.Ти го крши ли срцето како јас?
    Грешев јас.Последните грешки ги направи ти.
    Никогаш не му се препуштај на очајот.
    Биди храбар како денес.
    Те боли знам.
    Но повеќе не е ништо важно.
    Избравме да не се бориме.
    Јас се обидував да се поправам, но ти не ми дозволи.
    Јас се обидував да ти покажам, но не ми дозволи.
    Ме сакаше некогаш...онака цврсто.Ти верував ти верувам и денес.
    Таква љубов повеќе нема да ми се случи.
    Нема да ти стојам на патот.Никогаш.Никому,па и на тебе не .
    И никогаш ,никогаш нема да се борам за тебе.
    Ако ти бев потребна ,немаше да ги пишувам овие зборови.Ноќва.
    Да те немаше, не ќе бев тука… не ќе знаев дека може да се сака толку.
    Ќе живеев обичен живот, или ќе живеев живот во лагата.

    Но вредеше ли?

    Овој пат осаменоста нема со кој да се бори, едноставно победи тогаш кога јас одлучив да изгубам.
    Ќе ја свртам главата секогаш кога ќе минуваш крај мене.
    Избра други очи.Избра нов свет.
    Што по ѓавоите?Што кога ќе ме побараш после некое време?
    Ќе бидам тука ,веројатно.ќе се сеќавам на се.
    Секоја болна ,осамена ноќ.Чувствувам дека си ја пуштив среќата.
    И тогаш ќе имам срце на делови.
    Ништо ново а?
    Оди си ,ќе ти речам...Доцна е ,доцна е за се.Премногу е за да биде малку.
    Се откажа.Ти.Не сакав се колнам се сакав, да биде вака.
    Имав сон.Непроценлив.
    Денес рушевини.
    Случајно, ќе ме сретнеш некој ден.
    Умре онаа Кетрин оваа ноќ .Твојата Кетрин која оддамна не е твоја.
    Странец сум .Ќе останам.
    Заборави дека постојам .
    Некаде.
    Никаде.


    Сеште ги имам тажните очи.Нив ги затворам за да те видам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 433573543_640.jpg
      433573543_640.jpg
      Големина на фајлот:
      20,7 KB
      Прегледи:
      268
    На Adi888, Monique995, Serpentina и 3 други им се допаѓа ова.