Д. Гаси се од фејсбук смотан еден. Не знаеш колку е тешко да те гледам постојано онлајн и да не ти пишам. ме мачиш психички. а јас ја мачам фемина.
Би му го кажала следново .... (не , сепак можеби би му го пратила вака како што го напишав немам јас толку храброст за да му го кажам во живо) Храбриот никогаш не се сомнева во своите постапки, во нештата што одлучува да ги прави, никогаш не се враќа чекор назад и не гледа на работите со страв. Но јас не сум храбра, можеби тоа е нешто што отсекогаш ми недостигало... можеби и кога би ја имала храброста едноставно не би можела да научам да живеам со неа... можеби едноставно сум таква..... ПЛАШЛИВА......... Но доаѓаат времиња и денови кога тажните стануваат среќни... среќните тажни..... тогаш и плашливите стануваат храбри. Денес е тој ден, денес ги оставам зад себе сите помисли... сите можни сценарија, сите стравови ... денес не дозволувам да изгубам нешто што никогаш не сум го имала, но би ми било уште подалечно ако молчам.... ако не проговорам. Денес се прашувам што со сите оние погледи??? Дали се само производ на мојата фантазија или можеби се реалност? Дали и зад твоите погледи се криело нешто многу повеќе? Денес се навраќам на сите оние мигови кога почувствував дека нешто постои ... нешто што никогаш не си го објаснив .... или тоа била само мојата имагинација???? Денес откривам тајна... и ти ја доверувам тебе, откинав парче од душава, тука се сите мои чувства ... чувства кон тебе.... Денес би преживеала и кога би дознала дека ти не чувствуваш ништо за мене ... но не би можела да го преживеам овој молк меѓу нас .... ме гуши, не ми дава да дишам.... денес е тој ден ... Денес е денот кога признавам... пред тебе, но и пред себе ... признавам дека ми значиш многу повеќе отколку што можеш да замислиш. Денес е оној ден кога најверојатно ќе те преплашам и најверојатно од овој ден ќе ме одбегнуваш.... Но денес јас одлучувам .... одбирам да бидам храбра и да ти кажам .... Те сакам...
Ех...само да знаеш како се осеќам... Поминати 4 години , а уште не ми излегуваш од глава...Никогаш нема да го заборавам првиот момент кога се сретнавме...Љубов на прв поглед...Неможеш да замислиш колку мечтаев да бидам со тебе...секоја вечер се молев на Господ да бидеш мој еден ден...и кога дојде тој ден...не бидна ништо...Сакам да ти се извининам што неможев да го изневерам дечко ми со тебе кој ме сака најмногу...но и подобро, сфатив каков си, правење филмчиња како на мало дете кое е затрескано во тебе...Но на крај си го покажа лицето...Најмогу фала што ми го скрши срцето и ме разочара...тоа ти беше и целта знам...Не ме познаваш сега, ме гледаш со дечкото...и осеќам дека ти е сеедно...И мене би ми било сеедно да имам тврдо срце како тебе , и да имам толкава гордост...Толку мечтаевме да сме заедно , толку убави зборови , за џабе ли беше....Моментот кога сакаше да сум до тебе да те масирам и да си лежиме заедно...Зошто неможам да те заборавам кажи ми? Па зарем неможеш ли да ме оставиш на мир ниту една ноќ барем кога сонувам да не си ми во сонот... Да беше рана ке поминеше незнам што е ова...Таков живот би живеела најбеден со тебе, иако се правиш некој и нешто , многу си ниску.....до каде ке те води гордоста....мене не ми смета што не си финансиски моќен....ти кажувам не ми треба ништо...ке живеам во колиба со тебе...само да се наполни моето срце еднаш и за првпат да ми се оствари сонот.. Иако си многу горд на самиот себе , поносен , ме заборави и покрај толку ветувања, ме заеба многу,, ама фала...Воопшто не ти замерувам... За крај имам нешто да ти ветам...сочувај ја гордоста те сакам каков што си...и никој нема да те замени и најдобар да е...и онака само шеташ , чекаш од друг да те поткрепи со пари и слично...ама не се секирај , нема да ти сметам веќе ...те оставам да лудуваш во годините...Јас ке почнам со факултет и ке учам за мене, за тебе , за нас...Секогаш ми се исплатила надежта...Се надевам ке станам човек , ке станам лекар...ке имам свој покрив свој дом , во кој откако ке го завршиш животот што го живееш и кога ке излезеш од филмот и ке разбереш колку те сакам..можеби ке се засолниш во него покрај мене... Знам дека звучи смешно можеби....Но за тебе живеам...ти си ми целта...ти си ми смисолот... Збогум...
Би му кажала дека ми е жал. Би му кажала дека мноогу ми недостасува. И дека го сакам. Дека неможам да се замислам со друг после него. Дека не сум ни била со друг после него. А не ни планирам да бидам. Дека ми е најбитен. Дека ми е се и без него едноставно ништо не вреди. Би го прашала како е, како му оди?! Дали му недостасувам и јас?! Дали се прашувал како ми е, каде сум, со кого?! Би му спомнала и дека се ми беше како сон, преубав сон од кој несакав никогаш да се разбудам. Би му се извинила. Би го гушнала. Се би било како порано. Или барем приближно. А може и подобро. Ама... гордост, его, достоинство, инает. Се, само љубов не. Животот продолжува. А мислам дека и вака е најдобро. Така се тешам. Се насмевнувам и продолжувам.
добро бе З дали имаш ти 2 грама мозок очигледно не да постирам дека сум во полицка станица на ф.б. којзнае што беља си направил што и да е лугето се дрдорковци афери произлегуваат од сето тоа кога ке ти се смеат и кога зад грб ке ти зборуваат ке плачеш ама ти тоа не го свакаш-е навистина си жалче и ај после кажи ми еве ја оваа ке те викам беко од сега не сум толку сурова ко другите мора ли тој глупав фејбук да знае каде сум со кого сум што правам
не ми е јасно што ми пишуваш после твоето вракање од мини одморот во Грција М или чисто она да ме прашаш што правам што си пропуштил море вол еден Македонско-Грчки јас овде солзи ке леам-ко што леев пред некој ден а ти ке си уживаш вракај се таму од каде што си дошол
Г.Г What is it, that you do to me? Се нервирам зашто не сакам вака да се осеќам, рано е, прерано. А ти си далеку, многу далеку, а некое чудно чувство, осеќам како да си тука. Од моментот кога те запознав, верувам во сродни души. Кријам од сите, али невeројатно е тоа како влијаеш на мене, опојно.
Ако некој ме засака, треба да ги види сите маки во животот, да помине низ оган, се и сешто да стори за да ме добие... Но ти ме освои со еден поглед Не си поинаков од другите, ама сепак....... ТЕ САКАМ Има денес цел свет да дознае, се заљубив бре
Јас кога и да се расфрлам тука со по некој ласкав збор упатен до тебе и до нашата врска, ни се случува кавга по која што ми доаѓа да си ги повлечам зборовите, да ти го избричам газот и да ти удрам контра со една главица кромид. Затоа сега ќе се пофалам себеси, начинот на кој што јас се однесувам и на кој што јас допринесувам да оваа врска цвета. .......... ...................... .......................... ............................ ............................... Error. Изгледа зошто не допринесувам, но поверојатно е и зошто врската не цвета. Нити сјае. Нити е пример за другите. Жално, ха? Спојлер Ма љубави, претходниве 11 дена со тебе благо кажано ми беа рај. Иако не можеме да спиеме гушнати зошто сме `склетџии, нити да се разбудиме истовремено и денот мора да ни започне со кавга поради тоа, знаеш ли колку поубаво се чувствувам кога на сред ноќ ќе се разбудам и ќе те видам како безгрижно спиеш до мене? Тогаш си најнежен и мој. Само мој. Иако сме инаети и двајцата, го ценам трудот за да си го смалиш егото и за после секоја караница да пријдеш прв и прв да се извиниш, небитно дали си крив или не. Зошто знаеш дека мојот инает е посилен и зошто се плашиш да не ме изгубиш.. А, вистината е дека јас се плашам од тоа да не те изгубам тебе многу повеќе. Некогаш и ненамерно те буткам од себе, како викаат: „Ако девојка ти имала лош ден, не се грижи ќе имаш и ти“, само камо да беше таков еден ден.. и покрај многуте такви си имал сила да ме истрпиш, подадеш рака и утешиш. Понекогаш се чудам како сеуште си тука. И мој. Јас сум лошата, има злобни жички во мене колку и да не сакам да признаам, иако ти велиш дека сум ангел. Не, не сум ангел. Се сеќаваш често на оној сон што ми го кажуваш кога гледаш жена како лета на џогер? Епа драги, јас сум таа. Сакам дури и соништата да ти ги контролирам. Ај сега кажи ми дека сум ангел? Да резумираме, ти си добриот, јас онаа со пореметен ум, лоши мисли и ужасно лош здив од сабајле, ама пак ме трпиш, така да фала ти. Те сакам. Ај сеа врти газот добро? И и тебе ти мириса здивот, па те трпам. Така да и јас сум добра. Чао.
Душата ме боли кога ќе помислам дека од септември најверојатно ќе бидеме разделени... Три години живеев така и не сакам да го поновувам тоа. А, ти ништо не зборуваш за тоа, ништо не си спомнал цел месец, а гледаш дека времето се ближи. Знам дека ни тебе не ти е лесно, но сето ова ме прави да се чувствувам дека дефинитивно си донел одлука да не живееме заедно и повторно да се вратиме на она гледање два пати во месецот по 3-4 саати (и тоа беше премија, понекогаш не се гледавме скоро по 20 дена ). Не знам дали ќе издржам така, уште сега ми е тешко, а не пак ли тогаш. Размисли, те молам размисли уште еднаш.Нема ништо да те убедувам, само ќе ти кажам едно нешто ТЕ САКАМ и НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ а ти сам одлучи......
Море!!! Слушај ваму, ако јас се заинатам, а знаеш дека од мене поголем инает нема, нема да смее да те погледне, а не да помисли нешто друго... Море!!!
Абе какво бебе лигаво ми донесе. Само на стомаците сака да ни спие. Многу сакам кога сите тројцата ќе се стиснеме. А и кога јас и тоа ќе почнеме да ти рчиме, а ти сабајлето ќе ми кажуваш колку прекрасни сме ти биле и не сме ти давале да спиеш. Нешто кршиш!!!
Искрено еве и јас размислувам што би му кажала, после се што се случи. Зошто не си одлучен за една твоја одлука?? Јас сакам само да сум до тебе , а како ќе бидам ако ти бидеш на едниот крај од градот а јас на другиот?? Толку ли беше тешко да бидеме еден до друг? Знам дека можеше да биде така но се плашам дека свесно ја донесе одлуката. Од тоа ми е најмногу страв, дека олади. А за едно си сум лута самата на себе.Тоа што дозволив до тој степен да бидам зависна од тебе.Што веќе немам свое јас. Ги ставив твоите потреби пред моите. Почнав да велам Не на се што порано врескав Да. Не дека не ми се допаѓа животот со тебе но цело време се прашувам,,што ако ме остави,, . Не сакам јас , онаа која порано можеше да ти го сврти паметот и да те натера да правиш се за неа таа да биде онаа марионета. Зар толку почнав да паѓам под твое влијание????? И друга работа, што ако одиме сами на одмор?????? И за таму ни треба придружба? Па преку такво ми е од друштва, те сакам само за себе тие 10 дена да те видам како човек!! Ти одбери како ќе се одвиваат работите меѓу нас , јас нема да раскинувам , не ни помислувам на тоаа....Само ми се смачи секоја вечер налутени да си одиме дома и да размислуваме и решаваме проблеми одвоено .. Тоа е најлоша варијанта. Нека оди се во бестрага! Што да направам за да бидиме среќни ??// Треба ли да замислам желба и да пуштам балон да летне, треба ли да пратам порака во шише, треба ли да напишам да ти напишам љубовно писмо ........ Ми се останува со тебе , до бескрај! Те пронајдов конечно , зошто секогш мора да има пречки.Кога и да помислам дека се смирувам и заборавам на поранешниот живот ми се случува нешто . Ти ме смени , ме направи подобра личност, Јас ти сум многу благодарна за тоа , ама барем удри ми 2-3 шамари да се свестам што правам . Отри повеќе неможам да се препознаам. Ова заљубување не е на арно. Чуствувам како срцево да ми излегува од гради кога мислам на тебе. Дали си свесен колку љубоморни души има ? Па се е направат да не не видат заедно утре. Ако треба светот ќе го превртат, како што го превртувам јас за да добијам нешто кое ми значи. Во оваа битка НИЕ ќе победиме. Јас ќе се борам за твојата љубов па што сака нека биде. не ја пуштам лесно среќата во рацете на непријателот. Можеби сум наивна ама не сум глупава..... Извини ако ти згрешив нешто и те направив ти да се чуств уваш виновен, секогаш тоа го правам ....... Ќе те испустам