Знаеш ли дека да не беше ти овде до мене, многу работи кои се случија немаше да ги издржам? Дали си свесен колкава сила ми даваш? Со само еден поглед, ништо друго не ми е потребно. Само да знам дека мирно спиеш до мене, и доволно ми е да го протуркам денот полн со стрес и нервози. Те сакам од дното на душата. Најмногу!
Веќе се откажав...Сосема ставив крај...и да не е така , инат сум и ке инсистирам да те заборавам....Никогаш повеќе колку и да ми гори душата за тебе нема да ти го свртам бројот ни од скриен број да ти се јавам...Никогаш......Ке помине , ке престане да боли , ке пресуши , ке заборавам...Ке заборавам дечко кој ми беше се, кој го гледав со 4 очи, дечко кој ми се правеше дека му значам , а ме заеба...Дечко на кој сум му махово зрно па ни толку во неговите очи..... Што да ти кажам.. Заборави мој број , сачувај понос , није да сам добро , ал најгоре је прошло...
My dear Кјофте..Ми недостигаш ко на сонцево што му недостига месечината,на пустината водата,на галамата тишината,на циганот сапунот,на топлово време климата што ја немам,ко на компјутерот мој маус што му недостига,како нови штикли,како кригла црно Лашко во лето,како сладолед од лимон во Џино,како рипче на маче,како Џери на Том,како принцот на Пепелашка,како серија во сабота навечер,како љубовно мени во Синеплекс,како Швепс во петок навечер во Љубов,како ребро во кајмак од Рулет.... Ах се ке дадев да ти го видам изразот на лицето додека ја читаш поракава.
Ти благодарам за тоа ми ја исполнуваш душава со радост и среќа. Ти благодарам за тоа што знаеш да ми го направиш денот прекрасен. Ти благодарам за твоето постоење во мојот живот. ТЕ САКАМ најмногу на свет
Мачор си ти. Што брка комарци и глувчиња и птички и ми ги носи како подарок. Извини што те истуркав од кревет вчера и завчера и пред тоа... Ќе те нагостам со таратур со лук утре, има да си корнеме!!!
Денес ти е роденден, гомно. Денес ти е ебан роденден. Сега имаш години колку и јас. Си се родил само еден месец подоцна од мене, а моето размислување е неколку светлосни години понапред од твоето. И покрај тоа што си помал од мене, ти си единственото машко на кое му дозволив да ме повреди. Да, ти дозволив. Бев глупава, затворав очи, ти прогледував низ прсти, се понижив, се потценив, веројатно те преценив, погрешно те проценив. И што? Ништо. На човек можеш сосила да му земеш нешто, но не и да му дадеш. Тоа и се случи. Додека моево срце ти стоеше на тацна, друга те презема. Не ја обвинувам нејзе, ни најмалку, ти самиот дозволи да ти го раководи животот. Ме интересира до каде ќе стигнете вие двајца. Ова за нејзе е само летна авантура, сепак состанувањето со Охриѓанец има многу предности, но верувај душо, има уште толку многу маани. Ќе ти го скрши срцето на илјада мали парченца без да знае. А секој нареден што ќе се обиде да го состави нема да успее и ќе замине повреден. Како да е проклета водата што ја пиете...
Те мразам!! За жал чувствувам нешто за тебе. Сакам кога ќе те видам да биде исто како ништо да не сум видела, ама ќе дојде и тој ден! Ветувам!
Би му шепнала, би му запеала тивко..: Љуби ме, вдиши ме, љуби ме, издиши, љуби ме, вдиши ме... задржи здив...
Сакам да ти шепнам само дека сум скршена на мали парченца! Сакам да ти кажам само дека ти не си крив што јас незнам да сакам како што сакаат девојкиве околу! Едноставно јас сум навезена да не дарувам љубов онака обично. И да не љубам обично. Или никако. И всушност јас имам се што сакам, можам да имам и многу повеќе. Самошто ја немам желбата за билошто покрај мене. Немам реална желба бидејќи мене ме спречува едно нешто. Тоа нешто без кое јас нема да сум никогаш среќна и смирена. Па колку и да се молам, утеха никаде нема да најдам. Тоа нешто не си ти, не е тој, таа, тие! Тоа нешто е помало од сите вас. А толку ме исфрла од колсек. Си игра со мене. Ме ебе веќе 2 децении... http://www.youtube.com/watch?v=2e1DTf04TmQ
Не ме остави да ти кажам ништо... Знам дека те навредив и затоа сакам да ти се извинам. ИЗВИНИ, извини за се, ама знај дека ми недостигаш и дека секогаш ќе те носам во срце. Жал ми е што си далеку од мене и што неможам да те гушнам. Ама и јас знам дека само сакаше да ме искористиш, можеби сум мала ама паметна сум А сега чао пријатно прави што сакаш јас кажав што имам
Прифатив да заминеш, немав друг избор. Глумиш ли? Моето место. Не сакам никоја никогаш да допре таму. Не сакам. Никогаш!
Утре! Скоцкан од глава до пети, голема насмевка и патот под нозе. Конечно неколку дена мир, спокој, љубов
Те сакам, те сакам, те сакам... Не знам како секогаш успеваш обичната вечер да ја претвориш во прекрасна, како успеваш кога сум тажна да ме насмееш до солзи и како успеваш да ме натераш да се почувствувам како дете, ама само тебе ти успева тоа. Затоа те сакам и нема никој друг да сакам како тебе, затоа кога некој ме праша, ова ќе го добие како одговор. На срцево си ми. Те љубам.