И потем да живееш уште долго! Да живееш уште долго и да го колнеш денот кога ме запозна. Не плаши се... не плаши се пичко една ! Без очите твои јас ќе палам и надења струја оти ништо нема да ми се гледа отсега. Ќе живеам со празнина и ко во темница ама знам оти со Љубов ни времето нема да ми може ништо нит пак без нејзе се умира. Превише те сакам
Болно е да знаеш дека некој го имаш а го немаш… јас го имам него на некој глуп и безвезен начин а уствари го немам.Со мене е а сепак далеку. Со што го заслужив јас ова што направив за да го доживувам ова, каде ли згрешив…. Можеби моја најголема грешка е што и покрај се јас те сакам се повеке и повеке, а таа љубов ме убива. Јас не сум повеке истата, не сум среќната девојка што ја знаеа, уствари среќна сум, добро глумам… Некогаш сакам да ти се јавам онака од општо да ти го слушнам гласот, сакам да заспијам со твојот глас, да се разбудам то тебе …. Неможам не сум јас на таа позиција во твојот живот, и со тоа венеам, јас не сум јас со тебе а не сум јас ни без тебе ….. Сакам да си одиш да се разделиме онака спонтано како што почнавме, а ако некогаш имам слаб момент да те побарам те молам не ми кревај ако си ме поштовал во овие 4 години не ми кревај смениго бројот направи нешто само исчезни од мојот таканаречен живот… Остани со неа, биди среќен искрено ти посакувам во неа да ја најдеш личноста која ја гледаше во мене ….
Засекогаш си мој изгубен рај. Знаев. Знаев дека вака ќе завршиме. Само уште една љубов ,во морето промашени.
You better stop ‘coz it’s hurting me Don’t make me feel like we have nothing but memory And have you noticed that your silence is killing me Don’t let me drown this way Don’t let it go please stay
Или шо би рекла девојката од на Скипи песМата - Дојди да те гризнам!!! Или дали би се каеле ако повторно се запознаеме! И дојди да ме излечиш од глупиве фори шо ги праам од песните на Скипи и Тизе или Тајзи. Не смеам више дур се возам да слушам радио!!! НЕ СМЕАМ!
Да останеше човек со мене можеби сега ќе зборевме. Како сакаш да ти слушнам глас кога знам што мислиш за мене? После тие зборови најодвратни глас несакам да ти слушнам. Премногу ми е болно! Одалечи се од мене! Те молам!
Сакаш да ме ес о ес_неш? Само што ми понуди да ме спасиш ама верувај на тој начин, на оваа пекотница, неможам. Како ќе скокам, како ќе изводам некои гимнастичарски трикови со моиве срнечки ноџиња?! Не не, ќе си оставиме за вечер, по серенадата секако. Поштувам што те најдов таков целиот скроен: де почесто трпелив, де културен, де џенталмен, де грижлив човек кој многу ме храни (нашите домашни тостови, кремче, палачинки, пица, НеСкВиК...), де мирен. А најголемата твоја особина која ти ја почитувам е: тадаам - тоа што знаеш да се глупираш како мене. Омилен си ми кога ќе те видам како се смееш како дете од 3 години на нашето глупирање. Кога ме закачаш така несериозно. Еј доста те фалам. Знам дека сум твојата дива Роксана. Затоа и ме љубиш т. е. ме љубат сите мажи - платонски де, само ти си ме имал досега . Гледаат какви диви очи и карактер имам, целата мистериозна и на дистанца и си мислат сигурно дека сум некоја дива кобила . Рже не се држе! Да И имате право. Роксана ми е пример. И се восхитувам бе мајке ми - темна коса, дива, еластична, танцува ненормално добро и знае како на суптилен начин да си поигрува со другите.
Колку и да ми е утепан денот со самата помисла дека те имам тебе сфаќам дека животот е убав. Ти си мојата среќа, мотивација и се најубаво на светот. Без тебе се е ништо, со тебе ништо е се. Те сакам
кога сега би видела еден дечко би го кажала следново: ако некогаш се решиш да продолжиш со своето образование немој да избереш информатички науки, изгледа од толку дремење на пц си станал ваков идеално би ти било односи со јавноста-те бива многу за тоа, целиот твој живот на ф.б.-кога си заљубен лебдиш во облаци а кога си тажен си скиснат ко квасец и спасот го бараш во алкохолот и минливите девојки а уживаш да бидеш центар пажња нарцис еден само не свакам како не им здосади на лугето што се дружат со тебе да им се качуваш на глава со јас јас јас ова јас она -од тоа што го имам видено ми е доволно да не се викам срце ако не би му го кажала ова во лице
И хороскопот на фемина ме разочара. Ме очекувала романса, љубовни авантури, жешки средби со саканиот... ...да жешки средби, јас дома ќе се потам, ти некаде со малата. мајке ти га спалим Д.
Повторно се појавуваш. Зошто? Ми одговори ти мене но не потполно. Не е целосен одговорот. Нешто фали. Како и секогаш ги немаш тие зборови што би ме допреле. Затоа имаш некои други што до бескрај би ме повредиле. Таква сум и јас со тебе сега. Ќе се криеме под маските лоши, а ноќите ни се закажани за плачење. Битно кој од кој поважен. Нема проблем, ни одговара на двајцата. Силни сме така. Подобро да не покажеме колку не боли и колку сме повредени. Повеќе јас, ти си додаваш некои работи што не сум ги направила. Ти лажеш во суштина. Лажеш доста работи за мене. Полесно ти е така. Би сакал да сум таква. Се тешиш со тоа, си бараш некоја утеха во приказната твоја. Нека биде по твое. Нека биде и по мое. Не сме судени да бидеме заедно. Гордоста и зборовите гадни не разделија. Постапките твои несмасни и реакциите мои бурни партал направија на страста некогашна што ја имавме. Каде е таа сега? Каде исчезна? Каде се скри? Каде отиде смеењето наше? Искрите каде се? Прегратката твоја каде отиде мил мој? Бакнежот во чело врел кој е наш последен? Кога би се сретнале би биле ли сурови стварно? Или само се лажеме меѓусебно гадно? Незнам веќе што да ти кажам а да не ме дотолчиш.. Зошто ме бараш? Си ме сакал ли вистински некогаш мене како што ме натера да те сакам тебе? Си имал ли мечтаења како јас што имав со тебе? Фантазии и замисли безброј во главата.. Неможам сега ни да ги замислам. Несмеам! Не ми се возможни веќе. Се ми сруши а ми даде многу надеж. Веќе не верувам во љубов. Знаеш ли? Не верувам дека некој би ме сакал. Секој збор машки ми стана лажен. Секогаш мислам дека има некоја цел зад тоа. Одбивност имам. Крај! Знам дека не веруваш. Не си ме ни познавал. Ќе ме запознаеш преку други и да несакаш да ти зборат за мене, ќе слушнеш нешто. Сосем случајно. Ќе видиш дека сум имала право и дека не зборам на празно. Сакам да ме оставиш веќе. Мислам дека сум презаситена од малтретирање твое. Посебно не сега кога ми е тешко. А и веќе е касно. Кажи ми зошто ме бараш? Сакаш ли да слушнеш дека ми фалиш? Дека те сакам? Дека те мислам? Се запрашуваш ли тоа? Јас да, секој божји ден. Го знам одговорот. Ти лесно се одљубуваш. Барем кога е веќе така направи ми услуга.. Дај и јас да те заборавам. После ќе биде лесно.. Но несакаш да те заборавам, знам. Како што и јас несакам. Несуден и непреболен, ТЕ САКАМ! Збогум.
Сеуште те сакам, а знам дека не треба по се што ми направи... Поради тебе веќе немам доверба во ниедно друго машко...