Ооо баш пријатно ме изненади срце дека си купи скутер, па добро е ме послуша што го продаде другиот мотор и онака што ќе ти беше тој толкав голем за низ град Па ајде сега со здравје да си го возиш новово , господ нека те чува од лошо. После те чекам да направиме една вожња, да се излуфтираме малку
Маж ми те сакам најмногу на цел свет, и ти благодарам за се што направи/правиш и допрва ќе правиш за мене. Ти благодарам за тоа што ме толерираш и кога сум неподнослива. Те сакам и секогаш ќе те сакам.
знаев дека има нешто зад букетот цвеке од роденденот а и роденденските песнички пред тоа КОНЕЧНО си призна дека звезди си ми симнувал леле леле што другарче си имам јас секоја девојка би посакала еден ваков за себе-макар и да и глуми другарство ко ти на мене ама те свакам јас тебе така да душичке џабе се мачиш да ме импресионираш колку повеке се отвараш толку повеке јас сум поцврста во својата одлука сори а М убаво да си поминеш на пешачењето и логорувањето-и немој случајно да си се вратил од таму
Сеа не е време да си безобразен и да ми го креваш притисокот на жешково. Сега ... кога веќе секоја твоја грешка и потег се набљудува под двојно поголем zoom. Толку засега. А следното мое пукање на филм ќе значи крај. Затоа што попуштам и простувам, се надевам не си го заборавил и жолтиот картон кој неодамна го доби. Но веќе кревам раце, оставам сам да се бориш со сопствените демони. Ако победиш ти, супер, ако победат тие, нека те изедат, гајле ми е, чао. Тоа треба да го знаеш и без да ти го кажам. Затоа не ти го ни кажувам, туку БИ ти го кажала.
Немој да се изненадуваш толку, не сум дух јас да пребледуваш кога ќе ти речам што правиш... Многу се збуни, како прваче некое, ама фацата никогаш нема да ти ја заборавам. Жал ми е мене многу повеќе од колку тебе, ама не биди лигле кога ќе те сретнам со другар, а не со неа.
Со тебе бев година ипол.Неможам да речам дека не помислувам на тебе.Се секавам на нашите прекрасни моменти поминати,еден до друг... Но! Но,морам да те заборавам.Продолжи по твојот пат,верувам дека ке успееш со нејзе,пробај!Како што кажуваше добра е! Ти посакувам се најубаво,но пак помислувам на тебе,нашите моменти! ------- Очекував утре да си идеш,а си дојде денес. Ми пиша,ме израдува..Да видеме што ке излези ова.. Покани ме море на кафе
Како што очекував, те фатив во лага. Веќе е готово, приемот на мојот канал се изгуби, нема смирувачка.
Ниту ти знаеш мене да ме сакаш онака како што јас посакувам, ниту пак јас знам тебе да те сакам онака како што ти би сакал .... Жално што не научивме по толку години .... навистина жално .....
Интересно е тоа што сите мислеа дека безпарицата ќе ме смени мене, но никој не се ни посомнева дека малку пара може да те смени тебе... Веќе цврсто стојам на нозе, за целосно простување не станува ни збор. Благодарна сум ти што си се`уште цивилизиран и ниту едно од двете Н кои не ги простувам за жива глава не ги примени. И така. Јас мојата работа си ја завршив. Те оставам тебе постојано да се трудиш да ме придобиеш, а мене додека ми одговара ќе си седам. После се`, видов дека во моментов таков тип на личност ти одговара во склад со твоето новокомпонирано „ти“ кое порано или подоцна до срж ќе те за**е. Ама тоа е. Како што човек знае сам да си ја намести јамката околу врат, никој не знае. И не се охрабрувај ако сум ти простила нешто кое не би му го простила на никој. Тоа можеби значи дека утре не би била во состојба да ти простам за нешто кое би му го простила секому.
после толку испиен алкохол, девојки околу тебе-другарки, лесни женски и тн, пари потрошени по забави, одмори и сл ти си ооо кутрочок ти-гревченце да те жали човек со моралната поддршка на другарките ке бидеш
што ми требаше да ти пишам здраво на тебе-самиот ти си покажа и докажа дека беше само летна авантура минатото лето а сега ми пишуваш што има ново, дали сум се вработила, што си грижлив собирај парталчињата и мрш во Црна Гора и да не си се вратил од таму