Не можеш да скршиш скршено срце. Ми требаш. Не ми требаш. Некои чувства не разнесуваат одвнатре а? Чекам. Кој е твојот следен чекор?
Знаеш што? Веќе чувствувам дека во навика ти прераснувам. Ја нема веќе искрата,м? И ме набедуваш секогаш во сите ситуации јас да се чувствувам крива. И се чувствувам. И ме омаложуваш секогаш? Но знаеш што? Ти имаш женска, а не животно што топло ладно ќе играш. Ќе се смени и женскати малку доста ти трчаше по г*-от! Нема да бидам веќе таа што ќе моли секој пат и ќе плаче по тебе.
Ме сакаш ли сеуште? Ме излудува кога само ги подигаш рамената штом те прашам. А мене тоа ме боли, ме пече.. Тогаш зошто се грижиш за мене? Зошто кога на зајдисонце ќе ме прегрнеш издишуваш така? Не можам повеќе топло-ладно.. Да, имаш право - слабак сум. Те сакам.. http://www.youtube.com/watch?v=RcZn2-bGXqQ
Не си многу беден,НЕ.Иди по газето на сестра ти,далеку ќе стигнеш.А стварно си многу добро дете,тоа мислење нема никогаш да го сменам.Знам дека ќе ме бараш ама мене ќе ме нема.
Еве и тука ќе кажам,не не не и не,не мислам дека си во право! Па различни сме индивидуи,не ми го наметнувај твоето мислење! Не земам ништо во обѕир,и не те разбирам! И сеа?
http://www.youtube.com/watch?v=i0VcE4AN8iI Ме боли, ме боли многу шо не сме заедно, ќе полудам од ова ситуација
и така значи ... ти се секаваш на мене ајде бе од лани до сега со којзнае колку си бил а на мене филмови ми правиш ти личам јас тебе на будала
Ако, ако, шали се ти на моја сметка .. Ќе ти платам за се Веќе ми станаа навика тие твои шеги... И не можам да замислам ден без тебе, без твоите зелени шеги, без тој поглед, без тие дупчиња на образите И да, фала ти за пудрата со утнато бројче тврдоглав Охриѓанецу Ахам, мразиш кога те викам Охриѓанец Епа Охриѓанец си Охриѓанец мој од Елшани
Spoiler После карање ебење. После ебење нема каење. Ма јас никаД не се каам, со тебе си го правам тоа срамно, толку срамно нешто. Ни треба косилка и булдожер. Да се тепаме.
ти на мене финти ми правиш или ме следиш од некаде јас кога сум на ф.б. и ти си море манијачиште едно реков јас дека ке си го активирам другиот профил-нормално нема таму мое име и презиме ама очигледно дека не дошло време за тоа ама се ближи и КОНЕЧНО ја постирав песничката што одамна сакав да ја постирам-секако не напишав дека е за некој зелката има кошули триста-и ти зелен и таа иста ко тебе
Вреди ли да се борам, ако ти не ми покажуваш интерес? Толку ми е тешко да ти го поставам ова прашање, иако знам дека нема да добијам конкретен одговор. Ќе ми кажеш само дека доволно си се борел. Ти никогаш не си ме изгубил. Затоа не знаеш што се случува во мене.
Уште една промашена вечер. Уште еден тељ во моето срце пробушен.. наизглед за другите можеби и не е некоја тешка ситуација..но јас си знам.И ти знаеш.Незнам која е целта.. дали да плачам,да се смеам,да се надевам,да уништам се...најизводливо е последното. Господ знае!
Што да речам а да не почнам да го проколнувам денот кога те запознав...да, го проколнувам, затоа што од тој ден јас почнав битка против самата себе, и се разбира, на крајот ја изгубив. Мислев дека можам да се борам со нешто што е далеку посилно од мене, мислев дека ќе победам, си велев самата, ајде бе, и онака си јака, премногу јака, имаш издржано многу работи и ова ќе го издржиш. Ама знаеш што? Е тука ја направив најголемата грешка. Јас не сум јака, и никогаш не сум била, само се правев дека сум за другите да ми се восхитуваат и да посакуваат да бидат како мене. Го постигнав тоа, но ја изгорив секоја емоција во мене. Дозволив тебе да те засакам, што не заслужуваш. Не заслужуваш толку чиста и невина љубов, затоа што си обичен кретен што гледа само да искористи. Добро, ни јас не сум цвеќе за мирисање, признавам дека кога почнав да излегувам со тебе беше само од корист, затоа што половина девојки од моето друштво се восхитуваат на таквите како тебе и ги посакуваат. Сепак мене ми беше наважно твоето име и твојата репутација во градот, за утре да кажам со кој сум била. Очајно а? Знам дека е. И тоа многу ако ме прашуваш мене. На почеток сакав да бидам во твоја близина за да можат сите да ми завидуваат, а сега за да можам да го израдувам моето малечко срценце што при секоја порака на фб и на мобилен се надева дека е твоја, и при секој повик на телефон се надева дека е твој, само што тоа сега речиси и никогаш не се случува. Верувај дека многу пати си викав во себе дека сум најлошата и најсебичната личност на светот. Самата се нарекував најужасна личност на светот само заради тебе, се заради тебе ! Ама знаеш што сфатив сега? Дека не сум јас таа што не те заслужува тебе, туку ти не ме заслужуваш мене мил мој. Се сеќавам уште на денот кога дојде на училиште да ме земеш со твоето BMW дека секој од гимназијата гледаше во нас. Душата ми се полнеше, бев презадоволна од тоа што секогаш го добивав тоа што го сакам. Секогаш ги озборував девојките материјалистки, а сега станав дел од нив. Кое разочарување сум еј... Тој ден, седнав до тебе в кола а ти ми рече дека сакаш утрешниот ден цел да го поминеш со мене. Свесен си колку лажна надеж ми даде тогаш? Мислам дека тој ден беше пресуден за да те засакам. И кога дојде тој ден, откако го поминавме прекрасно, преубаво, си реков дека е време да се сменам, дека можеби ќе биде нешто меѓу нас, мислев дека сепак засекогаш постои и не е само збор. Верував дека со тебе би можела да останам до крајот на животот без некогаш да посакам некој друг. Ама згрешив. Набрзо ти си го покажа лицето, излезе дека сепак ни ти не си толку совршен како што се претстави. Цел твој живот бил театарска претстава. Излегуваш на сцената, си ја глумиш улогата, и потоа заминуваш. Тој ден мислам дека пукна нешто во мене, како да се скрши на милион парчиња. Не, не беше тоа скршено срце, неможам да речам дека беше скршено срце затоа што ме болеше целото тело. Не можеш да замислиш како ми беше, најболното искуство што сум го имала некогаш во животот, премногу ме болеше, премногу. Посакував да дојде ден кога ќе се разбудам и сето тоа ќе помине. Се случи и тоа. Еден ден се разбудив со истото чувство на осаменост, болка и тага, и одеднаш како да ме пресече нешто во градите и повеќе не чувствував ништо. Го загубив секое чувство, станав монструм, се поради тебе. Се чувствувам толку празно, срцево го имам во градиве само за да ме одржува во живот, празно е, а ти си крив за тоа. Можеше уште од почеток да ми дадеш до знаење да не се надевам, дека нема да биде ништо од нас, ама ти го одбра потешкиот пат и ме уништи тотално. Сега вистината е дека излегов од сето ова многу појака, сега можам да издржам многу повеќе, ама не вреди од ко ја платив највисоката цена што можев да ја платам...платив со своето срце драги...