Не знаеш колку сакам да излезе позитивно. Немаш претстава колку многу го посакувам тоа....Гледам дека и ти се повеќе сакаш, и тоа е тоа што многу ми се допаѓа :up:
Чудно е чувството кога ќе си замислам дека скоро година помина откако излеговме за прв пат. Се сеќавам, не сакав. Мал беше И чудно е како така мал успеа да ми влезеш под кожа. И сега, после една година, двајцата заминати на скроз различни страни... во очите си го читаме ефектот што го имаме еден на друг. Да ти се протнам низ прозор и да ти пружам рака, а ти да ги напрчиш усните сакајќи да те бакнам. На крај наоѓаме компромис со бакнеж на образ. А што е разликата? Та образ, та усни... не може да ја скрие бакнежот жарта во очите. Добар си, мали. Штета што никогаш не те сфатив сериозно. Штета што не знаеше како да ми го покажеш она што бев сигурна дека се крие во тебе http://www.youtube.com/watch?v=BCFyg2Xft0Y Ljubavi, mi smo mnogo toga hteli zajedno, samo ovo nismo smeli, nikada nije smelo da se desi, da ja tebe a ti mene izgubis...
знаев дека така ке испадне-уште од самиот старт довлно беше првиот пат кога ме погледна-јасно ми беше се ти мене ке ми ја матиш водата и другар ке ми изигруваш абе ајде а тоа што те прашав за другарка ти Б навистина помислив дека нешто се случило-камо срека нешто да се случеше, да не се заљубеше ти во мене, ама пријателство мегу машко и женско ретко кога успева тоа го знам што срека имам јас- двајцата колеги- едниот клон на бивишиот што не сакам да го видам во живот,да можам од своја кожа би побегнала а не само од градов-колку ми е болно, мачно и тешко а другиот другар да ми глуми за на крај да сватам дека нешто чуствува кон мене катастрофа
Ти благодарам за тоа што си цело време со мене Ти благодарам што пропушти утакмица за да ме однесеш на терапија Ти благодарам за се П.С. престани со ова германскиов, Македонка сум
Јас носам паста за заби, ама сум заборавила сапун. Ти носиш сапун, ама си заборавил паста за заби. Има ли подобар знак од ова дека сме еден за друг?
Знаеш, полесно и подобро ќе беше вчера да ми кажеше „вечер сакам дома да спијам“. А вака, и' требам, па не и' требам.....Makes me wonder Немој да ми предизвикуваш мисли за кои тврдиш дека не треба да ги имам. Ќе остане на ова, само заради тоа што не ми се расправа денес.
М многу си слаткоречив, љубезен-нежна сум била,срце сум била ама јас жими еден живот харикири сред плоштад ке извршам ако ти на мене ми се јавиш, или се запознаеме во живо незнам зошто ама знам дека има нешто матно во оваа работа-имам такво претчуство
Прееска на тоа сонце, кога нервите ми играа пајдушко во главата ти ме замараше со купување на тоа чудо кое ми треба навистина ама скапо е. Дали сфаќаш дека ме спобрка целата. Ајде па ајде. Е нема! Па господинот и си се налути. Дај да заштедиме за одмор, патувања, лапања ! Сакам да идеме да се бањаме пак, и пак и пак. Ненаситна сум само за тоа.
Ме израдува со прекрасните зборови што ми ги кажа.. Дека кога си одморил таму и кога си го пуштил мозокот „на пасење“ и си ја средил главата, си сфатил всушност дека премногу ме сакаш и дека многу ти фалам сега да сум таму до тебе.. Не издржав а да не пуштам некоја солзичка, онака од радост. Едвај чекам да се вратиш, да те видам утре и да те изнагушкам. Срцето ми е исполнето! Многу те сакам!
Свиња!Голема,мрсна... Толку беше тешко да се јавиш нели?!! Ок,и мене ќе ми биде од сега,да видиш како е. Спојлер Ми иде да те мавам од ѕид
Алелуја Денеска сме со добро расположение изгледа..ден без караница..добро де,имаме уште некој саат од денов.. Ае пробај да се воздржеш,и јас ќе се обидам.. Ако издржиме 1 ден без караници,ќе те частам
Одат годините,каскаат по нас.Или ние по нив. Посакувам да го милувам сеќавањето за нашата среќа. Посакувам да знам која е таа нова среќа. Посакувам да знам дали боледуваш кога го милуваш нејзиното лице. Го паметам окото твое. Посакувам да ми поминеш. Да ти поминам. Да како возрасни луѓе на поминување се погледнеме мирно.А не треперливо. Те паметам по убаво. А ти? Можеш ли?Смееш ли?