По малку романтики, нешто гушкање, па смеење на шеги кои само ние двајца си ги разбираме.... Убаво ми е Секој ден наново се вљубувам во тебе
Следниот пат. Кога ќе ме побараш.И ќе ме најдеш. И ќе видиш стари рани,нови одговори. Далечина,желба ,каење,потиснати емоции,страст. Ветувања. Тишина. Осаменост. Не повеќе. Ниту помалку. Мразам лавиринти.
Aбе 15 години комшии сме па не помина ниту еднаш по нашата улица кога јас бев скоткемна и напревана, денеска баш , на ден Илинден во 8 сабајле најде кога косата ми беше зејтин во реп фатена и подочњаци до колената кога имав, и не бев спана ниту 1 час. Е*ати животот.
кога го вракам филмот наназад, минатава зима кога бевме речиси сите на журката што ти ја организираше се каам што пиев сокче-требаше да се напијам малку винце да ме опушти и да кажев се што сакам па да ти кажев уште тогаш некои работи во лице изговор-од виното
Сонувам. Често сонувам. Знаеш. Сонував за мене и тебе. Ти и јас. Јас и ти. Единствениот сон кој ме плашеше беше тој сон. Проследен со доза на страв и верба. Можеш да ме обвиниш.Но сонувам,сонував. Сонував за двајца талкачи. Сонував за нивната љубов една ,единствена ретка,силна. Сонував за голема куќа ,со огромен двор и црвени.Црвени цвеќиња,како бојата на љубовта. Сонував за големи прозорци,лета на море,зими на планина. Свеќи,љубов страст. Сонував за еден конечно остварен сон. Јас и ти?Можеби. Фалат страници тука.
Пред тебе неморам да глумам, тебе можам се да ти кажам. Tи ме разбираш, ти ме поддржуваш, ти си секогаш тука за мене, ти ми ја даваш сета своја љубов, ти ми го посветуваш сето свое внимание, ти ме сакаш и кога сум нервозна и не ми се лутиш кога ќе ти удрам шлаканица. Ти оставаш се и доаѓаш со мене ти си посебен, ти си единствен, тебе те сакам бескрајно.
Те сакам... знаеш. Многу. Премногу. Прости ми шо сум во вакво bitchy mood деновиве. Среќна сум што те имам и знам дека заедно можеме сè.
Вчера многу пријатно ме изненади со твоето однесување,беше опуштен. Биди таков често. Се чувствував исполнето кога го гледавме цел град од горе,јас и ти...гушнати... И кога шетавме и ми рече... Само сакав да те гушнам. Ме направи многу среќна вчера,навистина.
Пред тебе јас сум јас! Не морам да бидам нешто што не сум...Не морам секогаш да бидам со средена коса и перфектна шминка... Така ме запозна,така ме забележа...таква каква што сум. Среќна сум што те знам...дојди си тука до мене...
We only said goodbye with words I died a hundred times You go back to her And I go back too, I go back to black...
Внимание! вулгарно-насилна содржина.. Spoiler В дуп! маме ти јебем копиле едно, ке ме видиш ти мене дека ич не ме боли за тебе. НЕ МИ ТРЕБАШ.
Предобро ме познаваш. Со тебе бев и кога немаше ништо, кога зимно време седевме на клупа замрзнати, кога не ми беше важно каков подарок си ми купил за годишнина, со тебе бев кога не се чувствуваше најдобро, кога сфати дека те предале, издале, кога ми го отвори срцето и ми кажа дека си повреден.. Сум те видела во безброј изданија - весел, среќен, насмеан, натажен, намуртен, луд, посесивен, љубоморен, дури и со солзи на очите зошто се плашеше да не не изгубиш нас, но никогаш не сум те видела рамнодушен и смирен кога станува збор за решавање на работи кои се од суштинско значење за нашата врска. Тоа толку многу ми годи, среќна сум кога гледам дека се бориш. Поврзани сме во секоја смисла.. емоционално, интимно, духовно. Ти си ми љубов мене. Единствено ти.. и со милиони во џеб и со празни џебови, ти си истиот за мене, ја имаш истата вредност во моите очи.. Ќе пребродиме се`.