Лесно дојде во мојот живот и лесно без борба си замина. Јас те пуштив не те задржав ама најдобро е што не жалам ич и мислам дека ќе направев грешка ако те задржев ние не сме еден за друг јас сум личност која лесно може некој да ја повреди а ти намерно или не намерно го направи тоа. Прерано го направи тоа. Не требаше вака да испадне не.
Не сум со очите вљубена во тебе, бидејќи тие гледаат недостатоци . Го сакам она што тие не го гледаат, затоа што те сакам со срцето.
Laku noc , ti jos pozelim svaku noc , i kad nisi moja ti , lepo sananjaj ljubavi , neznam kolko njih za tobom uzdise , ali jedno znam , ko te voli najvise..
и така значи З денес утрото со оџи ти почна така се викаше диџејот јас па епа кога се наогаш во Турција така е а кога се вракав од твоето маало пред малку-не живееш само ти таму и имам јас забранет пристап таму и тетин ми живее таму а живееше и тетка ми до скоро-нормално ти не знаеш -блиску ми е, и има неколку добри фризерски студија и по некое козметичко слушнав еден глас што ме боцна со вообичаен комплимент дали беше твојот глас нели си Туркиш бои деновиве он вејкејшн и баш размислував која ли е причината што ти мене ме боцкаш-ти се допагам а немаш храброст во лице да признаеш-нели си машко-или не си доволно мачо да беше спротивно ке го сторев тоа што значи дека сум похрабра од тебе како и да е, ова мора да престане јас сум 28 ти си 24 а се однесуваш ко 14 машките доцна созреваат знам-што се однесува до мене би се преселила инстантно од крајов-и онака ми е доста од се и од сите ама не сум сама ме потсека на ситуацијата од осмолетка-исто, тогаш бев детуле а сега сум веке жена така да убаво ке биде ако не ја изгубам контролата и не ти се развикам да престанеш да провоцираш туку да ми кажеш во лице а секогаш се обидувам да изгледам смирена-физички како ми успева, навистина незнам
Типично за Мистериозната. Ја нема никаде скоро еден месец и првиот пост и е во што би му кажале. А знаев. Знаев уште кога ја испуштив чашата сабајле дека ќе се деси нешто. Знаев. Знам што се случи последниот пат кога скршив чаша. Вечерва беше доказ за тоа дека нема да имам јас уште еден Иван во животов. Не знам како ќе ми оде животецот, али ова досега не е на арно. Кај си Иванче, кај си да ме извадиш ... Кај си да ми кажеш душо ... Кај си да ме повратиш... Неможам повеќе. Без тебе ме нема пола. Без тебе сум изгубена. Терам јас во животецов ми, али како .. Еден Господ знае. Ми недостигаш не е ни приближно до тоа дека секоја една никотинска клетка во мене го вреска твоето име и има незаменлива потреба од тебе. Не ми се враќаш, ама да можеш сакам само едно. Врати ми се да ми докажеш дека има љубов уште во светов. Оти сето ова, без тебе, се тешки гомнарии. И крвави ми се очите од плачење сега, и душава ми е отруена од никотин, и срцево ми е камен. И катастрофа е се, оти те немам.
Нашето прво лето. Првиот летен дожд. Нашата прва брканица. Колку бевме мокри, се сеќаваш? Неколку лета подоцна, прв дожд во август, сеќавања, насмевки, љубов и тишина. Сакам и следен, за повторно да трчаш за да ме дофатиш, да ме скротиш и да не дозволиш да бидам неодговорна кон себе. Ми треба авантура. Какви што имавме првото лето. Ајде да бидеме будалетинки.
Твоите апетити ескалираат,јас би рекол очекувано... но,задоволството е взаемно .Баш би сакал да слушнам на увце,за твоите натамошни походи,намери-интенции... . Престани со останатите глупости,сакам да те плодам .
Леле аман веќе, заврши го тоа веќе еднаш и почни ја процедурата, зашто не можам веќе овде. Не можам, се угушив од се' и од сите. Сакам се' одново, сами јас и ти, и апсолутно никој друг. Никој и ништо друго не ми треба во животот.
Толку не можам више, не можеш да го поправиш ова повеќе... ме уништи знаеш? Како ли се продолжува натаму кога спомените те гушат... ти до мене, фатени за раче како шетаме по цел град, ти како спремаш ручек и не ме пушташ во кујна зошто знаеш дека не ме бива... Болиш, онака премногу...
Дали се сеќаваш кога ме заборави? Се убивавме меѓусебно. Ме сакаше и ме оставаше.Заминуваше од мене и ме бараше . Одеше па се враќаше, заминував па запирав. Се обидуваше да застанеш за да ме видиш каде сум,заборавајќи дека сме изгубени во лавиринт. Истата приказна. Странци кои се познаваат проклето добро . Љубов осудена на непостоење. Треба да си одам. Дали некогаш воопшто ќе можам тоа да го направам – сосем?
спиј убаво љубен ..и не грижи се,иако минатото ми ѕвони..не дигам слушалка предобар си,за да те изгубам поради некои..препотентни луѓе...
сакам само да ти се извинам за се шо имам згрешено ,за секој збор згрешен ,за секоја нервоза шо си ја имал за мене , за секоја неспана ноќ или упропастен ден .... и сето ова го пишам за накрајот да ти кажам... фала шо ме напрај да осетам шо значи да БИДИШ НАЈСАКАНАТА ЛИЧНОСТ НА ЦЕЛ СВЕТ ..... !!! :\ ..
Средбата од пред некој ден ич не ми требаше. Не ми требаш. Не сакам да те гледам, ни да те слушам, ни да ти правам муабет. И ти неќам да ме гледаш. НЕ. И, знаеш... џабе ти и панк-фризура, и црна маица, џабе ти и два албуми, и електрична гитара, и турнеи, и хард-кор начин на живот... кога носиш ташна-педерка и за рингтон го имаш Армин. Не дека имам нешто против Армин, но ти имаше против се‘ поразлично од таа твоја музика во твоите излагања. Пукни си Позер Ајт ево ти еден поздрав за едукација. http://www.youtube.com/watch?v=mS3ENsD1IJY
И покрај тоа што очигледно ми е , и пред нос ми е дека си добро трениран околу жените, и знаеш како со нив и дека можеби си играше mindfuck со мене,и тоа што е прашање на сурова случајност дали нашите патишта повторно ќе се сретнат...јас не можам да те извадам од глава. Или пак не сакам. Не не, сум се обидела да те извадам, ама упорно нешто постојано се испречува пред мене, нешто што ме потсетува на тебе, и ете ти неуспешен обид. Не е проблем со кој се соочувам недела-две. Мразам затоа што не сум пубертетлика да му се невиди, вака се чувствуваат тие, вака сум се чувствувала јас 7-8 години наназад. Не знам дали навистина го имам тоа претчуство дека порано или подоцна, јас и ти, ќе се сретнеме, и се што има недовршено во нашата комуникација,или да ја наречам некомуникација а богами останаа многу прашања отворени, ќе се реши, без разлика на исходот. За мое добро бе. Или пак тоа е само производ на мојата фантазија, нешто што силно сакам да се случи. Не знам само, што би правела ако тоа навистина се случи. Знаеш што велат- be careful what you wish for. Пусто женско, пуста желба да си ги покаже пердувите пред оној кој наумила, пусти околности.
Чеки малку чоек да те прашам јас тебе нешто. Абе што ми ветуваш ко ни сам не знаеш дали можеш тоа да го исполниш ? И сега што а? Ауу колку знаеш да ме изнервираш напати