Колку сум среќна и тоа е само твоја заслуга! Кога помислив дека ништо нема да биде од нашите планови, ти ме изненади најпријатно. Кога слушнав за тоа прво не верував, ама сега се' потврди. Се надевам ништо повеќе нема да ни ги промени плановите, сега само тоа ми е грижа
Многу сакам да бидам барем на еден ден во твојата глава, или мува на ѕидот Многу сакам да те чујам како ти би го правел муабетот што се правеше денес кај мене во канцеларија меѓу колегите. Јас претпоставувам како, но врз база на она што го имаш ти кажано. Знам што кажуваш пред мене. А дали така збориш кога си со колегите на ручек или со другарите на пиво, и дали муабетот би бил како пред мене или сосема трет.....Изгледа никогаш нема да дознаам.
Кога ја гледам другарка ми како поминува низ сите бури и емоционални разочарувања како некогаш јас со тебе, сфаќам дека дури и тоа ми фали. Некогаш многу одамна. јас и ти. млади и искрени. кратко заљубени. Зошто јас правам муабет со сите овие гомнарии, копилиња што поминале во мојот живот и оставиле само лош траг, а со тебе да немам ниту едно ,,Здраво"? Ветувањето за вечно другарсво и искрен пријател засекогаш, го прекршивме и двајцата. Касно е за за нас, но касно ли е да да го обновиме нашиот однос?! Една гушка од твоите силни раце и едно здраво од гласот што очајно сакам да го слушнам и тоа како многу ми значат. Да си простиме И. за таа вечер, или да оставиме да сме и ние идиоти понесени од инатот ?!
не биди морон! Не се иживувај со мене.Знаеш дека можам да те избришам многу побрзо пред да се сетиш на тоа.
Сакам кога сме само јас и ти... да сами, јас и ти и никој друг!!! Сакам кога ќе ме бакнеш онака набрзинка како мало детенце или кога ќе ме гушнеш од позади изненадно... Нема посреќна девојка од менеее.... Сакам пак да бидеме некаде далеку сами јас и ти... Само со странци околу нас... Да ме гушкаш и бакнуваш, да се печеме на сонцето како гуштерчиња, водата пред нас да сјае, да ги слушаме бранчињата и да се релаксираме... Ти пак ќе ми задремуваш на плажа, а јас ќе се вртам само околу тебе со кремата за сончање и ќе те шлапам насекаде, само за да не ми изгориш (се грижам што да правам). Ќе си тропам некои непотребни работи, ќе зборам како навиена, а ти внимателно ќе ме слушаш како да зборам за живот и смрт, а на крај ќе ми кажеш дека многу дрндам и сум зајче.. Сакам кога ќе те бакнам и устата ти е соленка од водата.. ммм.. Се прашувам што сум правела пред тебе, си се чудам самата на себе и си се жалам колку ми бил празен животот исполнет со непотребни работи. Ти благодарам за се што правиш за мене, ти си мојата среќа, радост, заштита, грижа, моето разбирање, мојата слабост, мојот почеток и крај... Бескрајно сум му благодарна на Бога што ми подари ваква личност како тебе и илјада пати да кажам благодарам мислам дека нема да биде доволно. И на сите искрено им посакувам Бог да им подари ваква личност, зашто е вистински подарок.. Те сакам Желче!!!
Неможе да те повреди нешто преку кое си поминал веќе неколку пати. Ако мислиш дека изневерувањето е нешто кое што е најболно, грешиш! И тоа многу. Повеќе ме болат овие обвинувања, недоверба и вечната љубомора без причина. Ќе соберам сили, само тоа да знаеш, нема да ја уништиш мојата гордост и достоинство. Никогаш повеќе!
Никогаш не сум посакувала, ниту пак сум си замислувала покрај мене маж како тебе. Никогаш не ме ни привлекувал тако маж како тебе, зборувам за физички изглед, оти тоа е тоа што прво го приметуваме и не привлекува. Секогаш ме привлекувала тотална спротивност на тебе. И наеднаш ти. Се уште се прашувам добро со шо ме привлече. Знаеш, неќна видов дека во многу работи сме слични, исто реагираме. Сега повеќе од никогаш сакам да те имам покрај мене. Да бидеш мојата посилна половина. Мојата поддршка, моето се. Но судбината како да не спојува, а за миг пак не разделува. А јас сум таа што на крај секогаш го посакува тој што не е за неа, тој што нема никогаш да ми припаѓа. И ти ли? И ти ли ќе бидеш тој што никогаш нема да биде мој?!
гледам популарен стануваш на фб требаше да испаднам не требаше кај 17 часот да седев дома можеби немаше да ми биде толку тешко, но ете не се деси тоа и останав дома и ми се наредија коцките односно сфатив дека ти никогаш нема да бидеш мој до 20 часот мислев ќе пукнев јас тебе те сакам многу многу никогаш нема да те заборавам ќе бидеш во моето секогаш секогаш многу ми е тешко би сакала да те видам само да те видам па да направиме и мал муабет ама нема тоа реалноста за жал
Те сакам....ми фалиш најмногу на овој свет..посебно вака во ноќиве кога сум сама :/ Да дојдеш изненадно да ме гушниш да си нанкаме заедно...ахххх
Дошла маца на вратнца... Call as much as you want I ain`t falling for that again... И знам дека е чудно ама не ми фалиш и не сум тажна веќе. Повеќе сум тажна што си едно неизживено копиле и јас дури сега го сфаќам тоа.
Ти ја посакувам цела среќа за утрешниот ден! Се надевам ќе ме разбудиш со вестите кои долго чекам да ги слушнам, би бил совршен старт на денот. И.. сакам да отидеме некаде, повторно. Дали блиску, дали далеку, неважно. Само да бидеме сами, некаде. Да можам сите пари би ги потрошила на патувања скроени само за нас двајца. Тоа ме храни, ме усреќува, ме смирува и ми се чини ни ја разубавува врската. Секогаш после тоа одење некаде се враќаме уште посполотени, поблиски, поповрзани, зацврстени. Ќе биде и тоа, се` во свое време.. Само израдувај ме. И ќе ти дарам уште поубави денови..
Тоа што на моменти не те препознавам тебе ни оддалеку не ме плаши колку тоа што на моменти не се препознавам ни самата себе. А второво, ако си паметен, тебе треба да те плаши.
Кога не можеш да ги решиш работите на мирен начин мора на дивјачки, затоа и ќотек ти тргнав. За некои луѓе не ти треба гордост, само голема чанта и тешка рака