прокоментирав нешто за твојот нов имиџ-одамна не сум прокоментирала и за тоа дека убаво ти стојат посветли бои-е не само во црно ко даркер и пред малку гледам си постирал слика со друга блуза светла боја ама мора да има нешто црно-според тебе макар и една точка-бог да чува и да брани ,чудо од детуле си навистина
Љубов е кога спиеш и кога успеваш да се разбудиш со само еден мој бакнеж. Љубов е кога ќе те прашам "Зошто не ме разбуди кога си станал ти",а на тоа ти ќе ми одговориш "Сакав да те гледам како спиеш". Љубов е кога не се срамиш пред никого да покажеш и да ми кажеш колку ме сакаш. Љубов е кога ќе ми кажеш дека со мене би го делел и последниот залак. Љубов е кога те слушам како имаш планови за нас. Љубов е кога со секој бакнеж чувствувам пеперутки во стомакот,а кога со секој твој допир се буди и нај смрзнатото место во мене. Љубов е кога добивам бакнеж во чело,и кога на плус 50степени ме покриваш со чаршав за да не ме боли грбот од климата. Ти си ми љубов. Фала ти што правиш реалноста да ми биде поубава од сонот.
Љубов си. Едвај чекам да си легнеме на песок, среде ноќ и да ги броиме нашите ѕвезди. Немам доволно зборови да ти кажам колку ми значеше сето ова, се’ што ми приреди, сите мали и големи мигови што ме прават толку среќна.
Те сакам во тишината, те сакам во ноќта. Те сакам кога ме сакаш и уште повеќе кога ме мразиш. Те сакам кога си до мене, те сакам и на далечина. Те сакам кога сè ми е розeво, те сакам и во црно-бел свет. Твојот поглед ме топи, ми дава сила, ме утешува. Твојот мирис ме опива мене, ги опива и ѕвездите. Твојата топлина ме грее, виновна е за глобалното затоплување. Твоите очи се длабоки езера, во нив живеат ендемски видови. Те сакам кога ти грешам и уште повеќе кога ми простуваш. Те сакам кога го кажувам тоа, те сакам и кога го премолчувам. Те сакам кога ме усреќуваш, те сакам кога ми носиш тага. Кажи ми, имам ли друг избор освен да те сакам? Spoiler Не знам кој е авторот на поезијава, но премногу е добра.
Заспивам мислејќи на тебе. Се будам и повторно ти си првиот на кој помислувам. Секој ден ми го правиш прекрасен. Ме опсипуваш со нежности... Твојата прегратка е моето засолниште... И како да не те сакам? Епа те сакам најмногу и прифаќам да остарам покрај тебе!
Честитам успеа да ми го скршиш на ситни делови Се надевам ќе имаш долга врска, ако не за друго ќе те гледам среќен
ти честитам ! Ме изгуби и го одбра најодвратниот начин за тоа.Само некоја друга да е на мое место немаше да ги трпи твоите правдања,знаеш?
Е злато мое навистина ме изненади и расположи. Ти благодарам за вчерашната прекрасна вечер, тоа го чекав цело лето. Навистина ме направи среќна а виде и сам дека и тебе ти годеше. Вечерва нека биде посебна,нека биде наша. Ајде да бидеме деца повторно и да се криеме под чаршаф со фенер и да си кажуваме страшни приказни,за да можеме после тоа да се гушкаме додека заспиваме. Ајде да бидеме засекогаш млади.
Само ноќта знае колку те сакам. Ноќе си допуштам да бидам заљубена како седмоодделенка. Ноќе би ти кажала многу работи, би ти шепотела стихови скриена во твојата прегратка, зашто така чувствувам. Паметувам: тебе ти прилегаше cè, како и на силот и смилот што ме потчинуваа однадвор, a ме храбреа однатре. Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше cè што му недостасуваше на светот, ти беше и моето незавршено минато и затоа јас те чував и прашував за тебе. Молњата што минува низ тебе во мене ce одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш. Ноќта ги извлекува чувствата од мене. Тогаш точно знам што да ти кажам. А кога ќе дојде утрото пак сум старата јас, обичната јас, онаа која не кажува слатки зборови и не зборува за љубов... Пронајди ме во ноќта, ќе ти кажам cè.
или јас почнав да халуцинирам или пак твојот глас велеше дека сум добра-преку улица мислам дека е второто-добро бе малечко, нели свакаш дека те слушам цело време ама исто ко да не те слушам глумам бре што кукавица ке беше да не ти каже во лице туку да зборува наоколу каква си ти тууу
Д, зошто ми се јави?! За да ми ставиш сол на раната или да видиш како сум!? Ако те интересира второто, ќе ти кажам веднаш, не сум добра. Те барам во секој трет, се обидувам да те заменам, ама... Тешко оди т.е никако не оди. Ден-два ми се интересни, а после повторно ми си во мислите. Ми недостигаш, онака проклето, би дала се што имам за да те вратам на една вечер. Кажав еднаш, ќе кажам пак. Проклети да сме и ти и јас. Ти зошто не умееше да научиш да ме сакаш, јас зошто не умеам да научам како да не те сакам.
што малчко срценце имаме ммммм душа наша тоа бе како си чукаш тук тук тук што убаво ке ни биде кога ке биде поголема а потоа ке го имаме во прегратка вие сте најмилите мои
Абе лудак си, само ти си можел да правиш такви глупости, да ставаш три пара трењерки на тебе бидејќи ноџињата ти биле слабички. И јас бев слична! Така кога ми кажуваш за твоето детство сфаќам дека сме имале скоро слични животни патеки. Ајјј ! Ете ти срценце вампир мој најмој. Dомашна атмосфера, фала за кафето.