Ми снемува глас покрај тебе. Имам толку многу да ти кажам, но секој збор е толку излишен, толку лажен... Што и да кажам е малку.
Ме правиш посреќна од многу мажи од градов, а си толку далеку. Ме правиш да се чувствувам сакано дури и преку фејсбук и камериве. Дојди да се сакаме прекрасен. ми требаш во животот А.
Едноставно не ми се верува коку брзо лета времево.... Машала, машала две години и осум месеци поминаа, а јас си мислам како вчера да беше таа вечер кога се започна во најубавото романтично кафуле што беше во нашиот град тогаш Те сакам будалo Знам дека знаеш ама нема везе http://www.youtube.com/watch?v=kybeq2dWBf8
Каква само ни беше разделбата.. Како да нема да се видеме со години.Во прашање е само еден ден,еден единствен ден. Ајде ти концентрирај се на испитот,гледај таму се да напишеш,мн мн не ме мисли Ти благодарам на преубавата вечер,и да те потсетам дека очекувам скопска пица Те љубам
Ајде нека ни се исполни желбата мило. Ќе бидам најсреќна. Иако веќе сум, со тебе. Колку само посакувам да знаеш колку те сакам и посакувам бескрајно.Колку само никогаш не ми е доволно од тебе. И бесконечноста ми е кратка со тебе. Сакам уште. Страшно сакам уште од тебе. Сакам се од тебе. Не сакам нас. Ја сакам нашата врска и нашиот однос. Ги сакам погледите наши и туѓите мили насмевки кога не гледаат нас. Мил ми е животов. Се поради тебе.