М ти си еден невиден ЛАЖГО да не си ми пишал уште еднаш што се однесува на тебе дебелко-ми текнаа некои работи прееска-кога пишав романтична прошетка на дожд ти ми пиша нашата поетеса во коментари кога ми пракаше срциња на тексас ем покер-па почнаа да се намалуваат , за нова година кога напишав во групата срекна нова година ти ми пиша и тебе исто и ама јас не ти вратив со , кога ме прашуваше која е таа жена- за една прилателка виртуелна најверојатно ти се допаднала а таа е веке мајка-незнам дали ти дозна за тоа,кога пиша нешто за пудрата што ја користат девојките-јас кога ти пишав дека убавата девојка и со пудра и без е убава ти така е мацо и не е дека ти ништо не си правел само ништо исправно не си правел-има разлика и познавајки те каков женкар си не дај боже и кога ми се смешкаше да ти дозволев да ми се доближиш-цело маало да ме озборуваше-неке моки ама кога сватив дека толку личиш на таа гнида од бивши-е од тогаш некако многу тешко ми стана- на моменти се гушев- минатото и сегашноста во двајца луге што мегусебно карактерно се исти и физички си личат колку ли пати сум го прашала Гспод зошто живее и работи во моја близина-за да ме потсека на првиов очигледно-ама Господ знае зошто ги мести работите тама иако за нас тоа е несватливо во превод угоре високо но удолу длабоко и благодарение на тебе и јас лајкнав на летување за на КРФ-чисто онака да си ја пробам среката ама тебе ако те одбрале како мене што ме одбраа и ако отидеш, ке си го изедеш подебелиот крај верувај
Maлку претеруваш и на моменти си чуден,но те разбирам. Немој само вечерва да ми ја расипеш среќава во мене што ја имам. Немој душо жити се.
Еј Ти, налудничав Младичу! Ти кажав се` што сакав. На самата наша последна средба. Ти кажав „Во ред е, ќе бидам јас добра! Ти...Ти само оди. Вака ќе биде полошо за двајцата. Биди добар и чувај се. Вети ми дека ќе се чуваш!“. Ти ми вети. А јас...јас те излажав. Немав смелост да се осмелам, да го превземам првиот чекор, да ставам крај на почетокот, иако веќе имаше почеток на крајот. Бесмислено е. Понекогаш, пред да заспијам го запирам времето како што го правев некогаш. Датумот е различен, причината-иста. Понекогаш, кога спијам Те сонувам Тебе, како што Те сонев некогаш. Сонот е различен, Ти си ист. Понекогаш, кога станувам ми фали едно проклето „добро утро“ како некогаш. Човекот е различен, кафето исто. Оставив зборовите да течат. Нив ги создаваше срцето. Но, сепак ќе останат стихови, од никој не продумани. Изумени. Оставени во непокор...да бодат благо по духов мој. И повторно не можев да скријам дека покрај прекрасните спомени за Тебе, во себе носам скриена тага по минливото во животот, по она што нема да се врати онакво, какво што било. А брзо заминало, зашто било убаво...
Знам, знам дека што и да се случи јас и ти остануваме заедно. Толку. Се ќе поминеме, се ќе надминеме ама заедно. Тоа ми дава сила, ти ми даваш сила, ти си мојот извор на сила. Не знам од каде ја наоѓаш и за себе па дури и за мене. Знам дека бев малце скептик и дека одма паднав психички, ама затоа си ми ти тука да ме кренеш... и ме крена. Потпора си ми, како ѕид до мене. Таман кога снемувам сили и кога телото ме изневерува ти стоиш до мене за да јас се потпрам. Така те доживувам. Ама баш тоа и ме плаши, ти си цело време тука, до мене, околу мене, пред мене, зад мене, ама тука си, присутен си... А кога ќе бидеш далеку? Кој ќе ми биде потпора? Што ако ми се случи нешто лошо? Кој ќе ме држи за рака? М? Ете тоа ме плаши, ете тоа е мојата болка. Се плашам дека нема да можам сама. Ама што е тука е, немаме избор, или имаме? Сепак не... знам дека немаме, немаш ни ти, немам ни јас... Безизлезна ситуација, тука е и немоќта. Кога знаеш дека мораш, без оглед на се, едноставно мораш. И да викаш, и да плачеш, и да кршиш, и да превртиш се на светот, тоа ти е. Ама си ветив самата на себе, после ќе ти ветам и на тебе, а и еве тука пред сите феминки ти ветувам дека од сега и јас ќе бидам силна. Да, ќе бидам старата јас, и ќе бидам силна, за тебе. Само така ќе ти помогнам... Те сакам...
Мило мое те сакам премногу. Додека гледам какви се кретени постојат, се чудам како можеш да бидеш толку добар. Срценце мое си ти. Ме врати во живот, ме направи најсреќна,најсакана... Неможам да се замислам без тебе, неможам. Ти си дел од мене...ти си мое се. Се надевам дека еден ден ќе се остварат нашите соништа. Се надевам дека ќе бидеме цел живот вака среќни.
Душичке сега само што те слушнав на телефон, ме растажи и мене Избриши ги солзите што ти паѓаат, покажи оптимизам! Ќе и биде подобро ...
Од тебе-што не ке прочитам да се чудам и да се крстам-само незнам со која рака-со лева или со десна или со двете
Не земај ме здраво за готово. Глупаво е да сфатиш што си имал дури откако ќе го изгубиш, не е ли малку попаметно да знаеш што имаш кога го имаш тоа ....
Не те сфаќам.Денеска мил и полн со љубов,утре инает невиден. Попушти малце.. Ради тебе не спијам ноќиве знаеш?
Офф Боже... Кажи,што да правам,што да чинам со тебе... За секој проблем има решение. Ама ќе те решам и тебе И не,не е доволно тоа. Nope. Си се заебал. Имам куп факти сега. А ако имав друг што? А pussy? Што не мислеше порано така,кога те снемуваше,а? Туку сега ти текна. Бесна сум. И ќе останам така. P.S. И ова:
Ти благодарам што ми го заврши денот онака како што посакува секоја девојка,секоја вечер. Врскава може слободно да се прогласи за најдобра и најстабилна. Ми беше мило кога бивша ти помина,јас само стоев насмеана додека ти ме гушкаше и бакнуваше. Нејзиното превртување на очи уште толку ми донесе среќа. Барем сега знае дека не може да не раздели. Не само она,никој не може. Дури ни ние самите. Ти си мојата сродна душа.
Кога не ми креваш на телефон разбирам, не ми враќаш на пораки разбирам, немаш време да се видиме разбирам, имаш повеќе време за работата од мене разбирам, ама кога ќе ме видиш со друг Разбери