Само ти ме поддржуваш,ме цениш и се гордееш со мене. Само ти ме познаваш,никој друг. Да не си ти јас не знам што би правела. Без тебе едноставно...би немало смисла. Ти си ми се што ми треба,и повеќе.
наместо да барам жртви мегу другаркиве која би сакала да отиде на КРФ на летување без мене , тебе да те прашам дали би сакал-и онака сакаш забави, уживање, релакс ама каква би била твојата реакција со тебе никогаш не се знае па мислам дека најпаметно би ми било да молчам
Кое лепотанче ми си ти ке те изедаммм... како ке се справиме со ова којзнае ке биде се ке биде...само доколку ме љубиш колку што јас тебе
Би ти кажала дека мислам на тебе.Да! Мислам на тебе. Би ти кажала дека се би дала за да те гушнам.Најсигурно се чувствувам во твојата прегратка! За 9дена ти е роденден,иако не сме заедно јас ке ти подарам нешто. Те гушкам и бакнувам!
срцка моја срцкеста варам грав во 11 h ко ке си дојдеш од work ke биде запржен.позз твојата пепелашка од соништата
Не бев свесна колку те сакам!!! Те молам, одговори ми што се промени меѓу нас...Мислам дека и ти го чувствуваш истото за мене. И двајцата знаеме дека сме едно нешто перфектно на светот кога сме заедно. Зошто тогаш во овој момент не сме заедно? Ми фалиш ......
Тој што го сакав и возвишував и му се восхитував на почеток,сега го сметам за најголем лажго и кретен. Ете толку се промени,знаеш ли? Не ти верувам веќе...
Јас ќе имам се? Не душо,ти ќе имаш се. Јас ќе бидам твојата тајна рана која никој не знае дека најмногу те боли,дури ни ти.
Најмило мое, еве и ова утро го дочекав будна, седејќи на креветот до тебе, додека спиеш. Ете, пак не успеав да заспијам, премногу мисли ме измачуваат.. не те чувствувам веќе близу до мене, до мене спиеш, а јас сама. ти ги гледам очињата најмили и се чудам каде исчезна онаа личност во која се заљубив. Сакам да знаеш колку ме повредуваат твоите зборови, но уште повеќе сакам да знаеш колку ме повредуваат погледите празни, ме гледаш ама како да не ме гледаш мене.. гледаш некаде преку мене, некаде каде што јас никогаш нема да допрам, никогаш нема да бидам. Знам среќо, знам кога ќе речеш дека сакаш да се издуваш, сакаш всушност да си некаде каде што мојот мирис нема ни да допира. Душо моја, не знам како стигнавме до овде... и сакам да верувам дека е криза.. сакам да верувам дека ќе помине.. сакам да те чекам... сакам да те чекам да ми се вратиш... ама знам дека нема да се вратиш.. нема да се вратиш кај мене... Душо моја.. од каде јас да соберам сила за да те гледам како заминуваш ?