Колку ме исполни со малото внимание што ми го пружи. Па начинот на кој скришно ми го стави ланчето без да приметам дека нешто чепкаш позади мене. Начинот на кој си се сетил на се она што го сакам. Не ми требаат подароци, доволно ми е мало внимание од тебе, како ова ланченцево. Ми значи мене, многу. И ќе си го носам секогаш. Многу ми фалеше миличко и многу сум среќна што конечно вчера те видов, таа силна прегратка и тој нежен бакнеж во чело, никогаш нема да ги заборавам.
Педери сме бе, слично сонуваме. Ама соновите ни се кошмари. Како можевме и двајцата несреќи да сонуваме. Бррр . Инаку вчера малку фалеше да почнам да ти брмборам за моите бубачки. Ама гледаш се контролирав. Еј педер ме импонира кога ќе видам во твојот поглед дека јас сум твојот најдобар избор и дека си среќен што имаш ваква долгонога фуфица до тебе која не размислува само за шминка и пари. А јас сум среќна што ти го сакаш детето во мене и што не ме тераш да се понашам озбилно. Си знаеш ти дека јас секогаш ќе си бидам со веселиве фикс идеи.
Најдобар вид љубов е онаа што ти ја буди душата, не тера д бараме повеќе, ќе запали оган во срцето, а на умот ќе му даде мир. Тоа ми го даде, а јас сега сакам да ти го дадам истото засекогаш
И покрај морево преубаво и сета убавина на светов не можам да не мислам дека единствено што секогаш ќе ми фали си ти...
Со толку многу тешкотии во главата ми требаш ти. Гушни ме да се исплачам. Ми треба издувен вентил. Ти си најдобриот. Насмеј ме со некој глупа виц што утринава си го прочитал во весник и утеши ме.
Ем те сакам,ем ужасно ме нервираш. Или јас сум таа што се нервира за се и сешто. Незнам што е,ама ме полудува.Секој ден по нешто. Па и јас сакам да бидам мирна и спокојна во врскава..мислиш не?! Ама оди направи го!
Кога на момент помислив дека се ослободив од тебе, се збогував со тебе... Ти, да ти, тој што полека но сигурно ме уништува,се појави пак. Никогаш не сум разговарала со тебе на овој начин,никогаш. Ама ете како велат, за се има прв пат. Зашто уживаш да го правиш тоа? А ми кажуваш како не било намерно, и никогаш не си сакал да ме повредиш.. Кажи ми, дали си свесен што ми правиш, кога ќе исчезнеш, и ме оставаш со илјадници прашања на кои немам одговор!? И потоа се враќаш со објаснување, и јас секогаш ќе ти опростувам. Па можеби секогаш ќе го правиш тоа, да јас сум виновна јас сум те навикнала така. Е најсакан, крај е. Си имам јас поставено граници до каде простувам, и до каде ќе се газам себеси. Сите овие години ги изгубив,знаеш ли зашто!? Да ти дозволам да ме запознаеш, како што ме знае само една најблиска личност. И уште една причина, мислев дека си се сменил во врска со мене, и дека конечно ќе успееме... Да таа надеж,секогаш постоеше во мене. Ама веќе не. Видов, проверив, пробавме се. Кога не иде, не иде. А толку проклето сакав да успее. Сега со какво објаснување ми дојде!? Дали си свесен!? И башка, да ме познаваше доволно, да знаеше како реагирам во некои ситуации, ќе знаеше деќа ќе го поминевме сето тоа заедно, и да ќе стоев до тебе, знаеш... Ќе те бодрев, ќе ти бев рамо на кое секогаш можеш да се потпреш. Ама, тоа е! Знам,знам дека ова е уште една измислица.. А и да не е, не верувам повеќе, не ти верувам. Прокоцка веќе се... А да, овој пат ти ставив и јасно до знаење дека те сметам за неспособен и дете. Да, приметив не ти е сеедно што така мислам за тебе. Ама се надевам, после ова нема да ме побараш пак. Знаеш се надевам, ти кажав само ако исчезнаеш ќе имам убав живот. И бар еднаш во твојот живот, почитувај моја одлука. Почитувај ме. Колку си поблиску до мене, повеќе ме боли. Само уживај ти, уживај во животот. Чисто се сомневам дека некогаш ќе сфатиш што си имал до тебе.. Ама веруј ми, ќе ти дадам до знаење, некогаш да да. Ќе слушнеш за мене. Ти ветувам. Ах, уште ова што не ти го кажав, ама ќе го споделам тука. Преубаво ти стоеше црната кошула онаа вечер, и како се движеше во гужвата, како се направи пат пред тебе... Се надевам знаеш, ете секогаш така нека ти се чисти патот. Ама мене остај ме... Збогум. Знаеш, и јас таа вечер носев црна кошула, да да ама ти не ме виде...
Мислиш дека незнам што те мачи? Грешиш. многу добро знам, ама ако почнеме да разговараме на темата, знаеш дека ќе споменам нешта после кои и нема да имаш што да кажеш. Затоа, најдобро молчи си. Мислиш мене секогаш ми е идеално ? Мислиш јас никогаш не сум лута или тажна? Сум, но премолчувам за да избегнам непотребни расправии. Ние сме еден од најскладните и најсреќните парови кои ги познавам, ниту едниот не помислил на некој друг, немало ни лаги ни превари... Скапа лекција е тоа, но ќе научиш дека ако нешто во животот вреди, тоа е личноста која ги сака твоите маани и која те почитува. Почитта пред се мило. Те љубам
Бреј Хуго ! Знаеш ли колку те сакам детиште лошо? Повеќе од себе, повеќе од мама и тато, повеќе од чоколадо со кекс! Хуго, види вака... самиот факт што не си ми здосадил после безмалку 4 години многу зборува за тебе. Јас сум детиште кому многу брзо му здосадуваа(т) нештата и ти си ми уште интересен. И паметен си многу бре у пм, еве во доверба да ти кажам дека си најумно дете што сум го сретнала во мојот живот... саде памет си, и ти го љубам паметот пред се` друго... Ама не си за фрлање целиот. Епа, ти кажав тоа што го имам за кажување откако ќе испијам 2 коктели. Во следната прилика повеќе.
Еј знаеш колку ме боли што неможам да бидам среќна?! Ме боли што не сум во можност да те направам тебе среќен. Не ова што ние го имаме не е среќа. Ова е заблуда. Магла, дистанцирана светла магла со некои насмевки кои болат. Болат бе љубов. Боли мојот живот. Знаеш што сакам најмногу, а не си признавам ни самата на себе?! Сакам да можам да бидам девојче пак. Со 15 години и да уживам во дните кои ми поминуваат така блесаво. По цели денови да се шетам и дружам. Да сакам да одам на шопинг. Зашто љубов јас никогаш не сум сакала да одам на шопинг? Зашто никогаш не сум била како повеќето? И види, оние кои не ме познаваат ќе си мислат дека сум среќна. И нека ги. Јас не сум сигурна дали ти ја сфаќаш целава оваа конфузија. Иако сум ти ја кажала се прашувам дали ја сфаќаш.
This is gonna fuck me up.. biiiiiig time!! Одамна е тука мислава, само неќев да си признам дека стварно ќе е така. Ама важна е, вистинита, зш веќе почна.. И .. хаха.. бедотија. Доволен е зборов за да опишит се` ? Се натерав да ја кажам причината за бедотијава на глас.. со тешко срце и очи полни солзи. Ама бегање од то - малу потешко. Шо е - тука е.. Adapt or die.. или поубо, hide or die.. П.С: Се` е на свое место, онака ко шо осеќав дек ќе бидит. Нишо ново, нишо чудно. Само.. болно. Среќа, се знам себеси па очеквев.. инаку сеа ќе бев в ќоше пикната, изгубена во мисливе и чувствава и лишена од човечки контакт.. и ела да ме најдеше тогаш..
денеска направи навистина да руменеам.Тие зборови,никогаш нема да ги заборавам знаеш?Никогаш.Уште да беше до мене и да не бев толку несигурна и мислам дека се ќе беше на свое место. Ми требаш.. Ми недостигаш.. Дојди да те изнагушкам
Би му кажала дека ми значи многу. Дури и повеќе од потребното. Дека кога и да ме погледне со неговите зелени очи ми го разубавува денот. Ма каков ден, цела недела. Кога и да се насмее донесува насмевка и на моето лице. Кога и да има тажен израз на лицето нешто во мене се растажува. Дека ме растажува фактот што учиме во различни училишта кои се на два различни краја од градот, можеби тоа е и сликата на ова нашево. Би му кажала дека ми недостига. Многу.. Дури и повеќе од потребното.
И Јас имам трпение, ама еден ден то ќе заврши ко ќе клам дефинитвно КРАЈ. Претерваш во секоја можна граница Не да немам комнетар, не знам веќе поке шо и да речам. Оди УПМ!
Едноставно не си фер кон мене....зарем вака заслужив да бидам на игнорр...А гледачите од третиот ред..да ти бидат поважни од менее...е не не и не...не заслужив вака...моите живци се при крајј...не знам уште колку ке можам да те толерирам мил мој...
Ајде уште некој ден имаш за вака (се надевам не премногу дена ) После ќе биде вака: Те сакам, ете толку