Зошто ми го правиш ова? Зошто? Зар повторно ме враќаш на двоумењето дали вредам или не? Дали сум ти се или не? Срам да ти е. Но нели, јас сум крива.
Нели рече дека ме сакаш толку што не можеш да опишеш.. Нели рече створени сме еден за друг? Нели рече дека сум ти СЕ? Каде си сега.. каде сме ние?
Што убаво си поминавме синоќа Си надоместивме што не се видовме цела недела бакнежи, страст, допири, прегратки, смеење, галење.. ахх љубоов Те сакааммм
Цел ден си мислам на тебе, онака мутаво заљубено. о.О Ко три месеци да сме заедно. Лудости, едвај чекам да те изгушкам. Топло ми е со тебе, секогаш.
Ќе успееш ти. Ќе успееш да ми ја вратиш насмевката. Знаеш дека полека успеваш. Поради тоа се мразам себеси. Не сакам така лесно да поминуваат овие работи. Нема ни да поминат. Јас ќе се погрижам за тоа. Ти погрижи се да не претерам.
Биди ми како што беше.. Со сјај во очи, детски поглед, биди неискварен. Со брз чекор кој упорно пробував да го достигнам, со непрекинатото зборење од кое не можев јас да се искажам. Биди ми љубов, како што беше. Кога не ме болеше душава кога ќе ми повишиш глас, кога не умееше да одиш против моите желби.. Можеш ли, да бидеш? Да не ме болиш повеќе, да не се тркаш со времето и парите, не се важни, не се. Биди ми... минатиот. Ох...
Многу ги сакам овие денови и ноќи кога ништо живо не може да те тргне од мене, кога не ми даваш да претнам и до воздух да дојдам. Многу ги сакам маратоните. Многу те сакам поднапиен. Многу сакам што ти си тој што ги почнува муабетите. Многу сакам да испадне се' како што планираме, за прв пат да ни се посреќи од прва. Многу сакам тоа да биде што е можно поскоро..... Сакам многу работи со тебе. Не бе, лажам, сакам се' со тебе. Најмногу тебе. Засекогаш до мене. Таков, најмил, совршено несовршен, сосема свој, и целосно мој. Љубов моја
Не, несакам пак да ме разочараш, несакам одново и одново да поминувам низ истата болка. Незнам дали некогаш си ме прашал што сакам јас, гледаш секогаш за себе. Не е битно што мислам јас, можам да издржам се нели?
Убав помин вечерва злато... Знај дека мислам на тебе. Цел ден!! Како што беше вчера,како што ќе биде и утре. Ајде уште малку...малку денови останаа до нашата наредна средба. Едвај чекам да те видам! Ме смени. На подобро - нормално. Благодарна сум што те имам
Мислам на тебе цел ден, а знам дека и ти мислиш на мене, но те молам немој да бидеш толку срамежлив, те молам. Многу те сакам и среќна сум што те запознав
Ти си мојот лек. Мојата болка. Рана. Поентата на се. Што и да се случи,тоа ќе останеш. Ме убиваш. А пожива не сум била. Спојлер К.М
Целоста, таа, затаена, силна, од зло, глад за крв и за души стрв, целоста моја за тебе бидна, ме скроти со поглед, јаровоста ми стивна... Имај ме, за тебе сум сал, имај ме ти давам, и наклоност и срам, без човечка совест, без грам... имај ме мантрам! Можеш дур сум целa, дур сум топлa, земи ме, дур целоста ми држи... имај ме...земи ме...
че се офарбам плава иако знам дека не сакаш плавуши,па и тебе да ти тргне со швалерки малку доста др одеа и ти да имаш причина