И по толку лоши работи и прокоцкани шанси, јас сепак се надевам на доброто со тебе. Еден ден ќе те имам пак, еден ден ќе те гушкам пак и нема да те изгубам повторно...
би му кажала дека ми е се, дека секоја глупост што ке ја напра, или што ке ја кажа ја кажува само за да украда една насмевка поќе на лиценцето.. дека обожава да ме боцкат со брадичето ко ке му е тазе бричено. би му кажала колку многу ми недостигат и колку многу ми значит секоја минутка заедно, дека никогаш не би го остајла, кој и дае во прашање. би му кажала дека за прв пат се чуствува сакано и дека за прв пат верува во некого. дека ми ја докажуват љубовта секојдневно и дека си го смета и ко другарче и ко братче, ко дечко. а плус сега би му кажала и среќен роденден. би му кажала дека е најсрце на свет и дека посакува да ми бидит најсреќен стааално!!
Ми всадуваш сомнежи.... Неубави работи. Зошто сум со тебе? Па затоа што те сакам. Да, заклучив дека ТЕ САКАМ говедо едно глупаво. Труд, треба труд за една врска да опстои.
Знам дека нема да траеме вечно. Нити пак ќе бидеме двајца кои имале врска за пример. Но, само прашање на време е дали ќе бидеме двајца кои имале љубов за пример. Со несреќен крај.. Уствари, не, чекај, нели љубовта нема крај? Ме боли и она што беше и она што е. А, знам дека уште повеќе ќе ме пече она што ќе биде. Раните се отворени, никогаш не заздравеа сосема. Срцето сеуште ми крвари, само успевам понекогаш да го сокријам тоа и да изустам едно: добро е, помина. Што тоа, помина? Помина периодот, но сеќавањата останаа. Еве и сега додека го пишувам ова ми се замаглуваат очите и кај да е ќе се наниже уште една солза како додатна на оние милиони кои сум ги пролеала и претходно, од истата ебана причина. Бесна сум на нас, зошто знам дека можеме многу, ама најверојатно има некој горе кој си замислува дека сме марионети и упорно прави погрешни потези. Ние следиме виша сила, не се следиме самите. Ме болиш, престани, биди стариот! Те преколнувам, биди!
решив да им честитам празник на сите во групата редовно шкрткам по нешто (сопартијци, раководство) гледам си ми лајкнал, што ти текна уште ли ти се допагам знам дека не можеш против тоа, те влече ко магнет незнам зошто Господ те стави на мојот пат а и мене на твојот пат ама знам дека вчера слушнав нешто што ми се допадна-најстрашните се скротуваат со убав збор исто како убавицата и зверот можеби е бајка но поучна е така да се е јасно
Spoiler Среќна сум покрај Тебе. Мислам дека сеуште не сме го достигнале целосното совршенство од љубовта, аама цел живот го имаме за тоа. Абе, кога и да те погледнам, во тебе ја гледам онаа слика - ти како мал. Таа што ми ја покажа еднаш. И те гледам тебе толку, толку збунето, невино тажен. И моето срце пелтечи покрај тој одблесок. Иако му се пушта на срцево солза, некако не пушта. Бидејќи покрај таа слика тоа е тажно, но и силно. И би дала толку многу за да го сменам тоа минато. Ама без тоа минато може и сега ти немаше да си оваа Љубов која мене ме надополнува.
Не е во ред душо,не е. Само ќе дознаеш деновиве. Ќе дознаеш дека не е како што беше. Така заслужуваш сега. Едноставно неможам да ти ги заборавам зборовите. Па така неможам да верувам во оние најубавите. Но ќе биде
Знам, не си потполно крив, но многу ме повреди твојата постапка.И знам дека никогаш нема да бидеш свесен за тоа,и никогаш нема да дознаеш...Можеби и јас сум крива, можеби и вака е подобро...
Нозете ми се пресечија само што стапнав во дворот. Очекував да те видам од некаде или бар гласот да ти го чујам. Знаеш Д, ми недостигаш. Сакам да те гушнам силно и да ти го гледам сјајот во очите. Секоја вечер сонувам како си до мене, онака замислувам дека сме заедно. Ама... со сила не се може ништо. Не си ме ни сакал, нема ни да ме сакаш. Боли тоа што те сакам, а те немам. Посакувам да добиев поинаков одговор на мојата порака. Многу работи посакувам... И од сите би се откажала за еден ден со тебе. Да имав храброст, ова ќе ти го напишев по порака, а не по форуми... Ај доста се лигавам. Цркни!
Ти благодарам затоа што ме сакаш каква што сум,ти благодарам затоа што си секогаш покрај мене и во добро и во лошо,ти благодарам што ја врати во мене желбата за животот...
мислам дека твојот глас беше што ме нарече топ абе топ еден што ме боцкаш кога ке ме видиш кажи ми во лице бе кукавицо една со какви не проблеми се соочувам од здравствени па натаму а ти мене топ ке ме нарекуваш да те ставам во еден таков и да те пукнам за да се замолчиш веке еднаш
Ако сега кога велиш дека ме сакаш ми задаваш волкава болка, не сакам ни да помислам како би ми било кога ќе ме мразиш.. На крај се` се сведува на тоа дека ти не знаеш да сакаш. Барем не мене.
Извини за лажната надеж.. извини уште еднаш за тоа што ти ветив дека ќе дојдам макар на една ден , те излажав тебе себеси и другите жалам ... .