Два по полноќ. Сакам да си тука. Да те гушнам. Да го чувствувам твојот мирис на мојата кожа. Да ми речеш дека мирисам на дождливи денови во есен. Да ми речеш дека тие и ти се омилени. Да потонам во опиплива среќа. А те нема. Два по полноќ, уште малку три. Јас, сама.
Никогаш не сум била по подготвена за есента,за таа жолта и врнежлива клима,за некој тмурни лица и луѓе без идеја. Овој пат е поинаку,со душа го чекам моето омилено годишно време бидејќи си ти до мене. И кожните јакни,и блузите по долги ракави,и чадорите за дожд,и хаосот пред автобусите на ЈСП,и виорот од децат кои одат во училиште,и тагата и смеата. И сите утра кога не ми се станува од под ќебе,и кога ми е страв да измијам лице со ладна вода,и секој пат кога бројам железни парички за кутија цигри.. Сега можам се,сега сакам се. Сега те имам тебе,и можам на раат да уживам во моето годишно време. Душа си ми !
Вчера 10/10 ! Никогаш не сум те видела со таква желба кон мене. Мислам бомбона вечер нема што ... http://www.youtube.com/watch?v=Z81hsLIY1sQ Hoy tengo ganas de ti ..... !
Ама -забрането. Посакувам-заклучено. Среќен ли си? Нашите патишна се разделија.Веќе ни оддалеку не се гледаме. Јас пак ги лакирам ноктите со црвена боја,пијам чај од јагода,легнувам доцна,станувам рано. Доаѓа есен. А ти ? Среќен ли си?
Додека твоите очи гледаат во моите, мислам дека можеш да ја видиш целата љубов кон тебе што ја има во мене. Ми требаш близу до мене, без тебе мојот живот не би бил живот, туку само бескрајна темнина. Остани вечно близу. Ми требаш повеќе од воздух. Остани до мене и зборувај ми, гледај ме, допирај ме. Со тебе се е убаво. Сакам да те имам засекогаш затоа што ти си единственото нешто што ми е потребно. Ти си мојата единствена причина за живот, за тебе дишам, за тебе наутро се будам. Те сакам најмногу!
благодарам што денеска направи да се чувствувам дека навистина ти требам.Тоа ми требаше,благодарам.Прости ми шо така излезе на крај,прости ми шо бев на крајот нервозна.Знаеш дека сакав да плачам,но несакав да излезам дека сум никаква пред тебе.Затоа се водржував.Знаеш ли дека ми недостига веќе твоето гушкање?Знаеш ли дека ми го исполни денот?Уште да не чувствував страв дека ќе ни го наруши мирот нешто,и ќе беше уште подобро.Прости ми шо ти рушам моменти кои ќе ги памтиш цел живот.Прости ми. Те сакам знаеш,цуци?
Денес заедно имавме еден прекрасен ден. Направи да се чувствувам сакано, ми го исполни срцето Сега од ко влегов дома цело време сум ваква Душа си бе Фала ти за се
со тебе можа да пра сериозен муабет, нормален муабет, глуп муабет, да се зафркава, да се опушта, да бида отворена, да верува во се, да бида перверзна, да бида искрена! ииииииииииииииииииииииииии те сака најмногу!
Аууууууу!!! Јас знам дека сум нарцис, дека сум јас па јас па понатака СИТЕ останати, АМА ТИ.... Тој ќе се јавел, пази Бога ти, во понеделник, па ќе било после 16:00, па можеби и цел протокол испланирал. Ало, Токио, а каде сум јас?! Кхм, кхм, кхм! Ма, можеш слободно да вртиш. Ги имаш СИТЕ мои броеви. Само не знам кој кје ти крене слушалка, а уште помалку кој ќе ти оди според твоите замисли. Ај важи!