дојди, барем утре дојди, барем поздрави се со мене, тоа ќе ми биде доволно. сакам уште еднаш да те видам за последен пат, многу ќе ми недостигаш, тоа го знам уште од сега...
Повторно насмевкава се шири на моето лице. Поради тебе. Повторно се смеам и сум среќна. Повторно ги почувствував тие погледи. Повторно се заљубив во тебе. Никако да престанеме да бидеме заљубени,како на почеток. Не сакам ова никогаш да заврши. Вечерва ми го зема здивот. Ново наше место и среќна сум.
ти благодарам што дојде, денес конечно сфатив дека не чувствувам ништо посебно кон тебе, не затреперив како порано, се радувам за тоа, ти посакувам успех и срееќа..
Не се јавувај. Не пишувај. Не се распрашувај. Мислеше не сум сериозна, те молев предолго. Велев, смени се, не си оној кој ми го украде срцето, кој крадеше насмевки и ми ја стоплуваше душава. Биди стариот. Од твоја страна разни приговори, изговори, велиш, истиот сум. Подобро од жената која те сака никоја не може да те познава. Мајко му стара, барем јас знам што ме привлече кај тебе, што ме задржа прилично долго исто како што знам дека истото сега го нема! И не знам дали можеш да го вратиш, всушност сеедно ми е. Знаеш зошто? Зошто со секоја кавга, солза, повишен тон, навреда, се ствараше одбивност кај мене. И ова кога ти го кажував ми викаше не е можно. Сега гледаш ли како е? Кога ќе ме побараш, а нема да ме најдеш? Кога ќе сакаш да зборуваме сериозно, а јас не сакам да те слушам повеќе? Кога вртиш упорно, а не сакам да кренам слушалка? Иако телефонот ми е во рака и водам борби самата со себе. Гледаш, сепак, можно било. Прави што сакаш, денес е една недела откако се разделивме. Тешко ми е, самата си знам како се справувам, како тешко заспивам и со каква една единствена мисла и желба се будам секое утро, ама не се враќам. Не сакам да изгорам во тој пекол. Затоа те молам, повлечи се, дај си време, преиспитај се, протумачи ги малце моите зборови како што имав јас навика да правам со твоите и ако мислиш дека сум виновна јас - не ме барај. Зошто немам веќе сили за да се објаснувам со тебе, а на крајот тоа пак да прерасне во една огромна кавга поради која што пак дома ќе си одам расплакана и повредена. Немој! Остави.
те читам вчера на ф.б и си мислам дека не си далеку од оригиналот-бившиот ми пропалица со тапија-срам ми е да кажам дека сум имала нешто со него а тоа што денес си го постирал е или резултат од твоето вчерашно дружење со лозовата ракија или твојата потсвест-мислам дека е второто како може едно момче на твоја возраст да има се што може да посака и пак да тоне ко Титаник-не си ти така цврст како што изгледаш, зад таа маска се крие една душичка ама тоа ретко го покажуваш и јас исто
Да не се наЉути бре лепотану мој....само ти покажав како мајкати изгледа ,ајде ке ти помине можеби вечер ке ти подготвам реприза за нејниот изглед море ејјјјј
го виде а немирко Kе биде тоа се израдува кога го видовме затоа така радосно беше душата наша најубава
Не си до мене кога ми требаш ! Правдај се , расправај се, карај се, барај мани, ситуации, настани колку што сакаш. Не е битно. Битно е само ова....
утре ќе си одиш, кога првиот пат слушнав дека си одиш, ми се сруши светот, мислев дека е крај. ама не било така, точно било кога викаат дека со тек на време поминува се, не можам да кажам дека потполно те заборавив, но болката од ден на ден станува се помала, како и да е, ти посакувам среќа за утре во твојата нова средина, ќе ми недостигаш, колку и да ме повреди пак ќе ми недостигаш барем малку, немој да ме забораваш, и врати се побрзо...
И да тоа е крајот Тоа не бев јас,тоа не беше ти. Тоа беа некои други што не глумеа и уживаа во досада.
Во ред..немам веќе енергија да се замарам со тебе. Не,не ни оде,не оде!Свесен си за тоа,а и јас сум..зашо упорно продолжуваме.. Не се разбираме,како двајца странци сме.. Не ми се доволни мене само бакнежи,прегратки,интимни моменти. Потребен ми е некој кој и кога молчам,ме разбира,кој ми го разбира погледот,кој знае да ја доврши мојата мисла,кој знае да ме погали кога ми е потребно,кој знае да ми ја силно стисне раката и да ми каже дека се е во ред.. Не,ти не си тој. Немам јас високи очекувања од тебе,туку напротив-просечни. Вечер ќе пресудам..сакам те,ама немам простор за нервози. Или ќе се сменеш,или тука е крајот.. ...А мирисот на крајот одамна го чувствувам...
...Дури и пластичниот стол и масата со тебе ги чувствувам како еден трон каде што се гради цврст љубовен сојуз.. Сеуште чувствувам пеперутки кога гледам дека ми звони телефонот и ќе го видам твоето име. Со тебе,се она што предходно беше лошо,сега за мене е најубаво. Со тебе,се родив повторно и пак љубам,и пак ме љубат,но овој пат искрено,со цела душа.