Стварно бе значи колку си перверзен, ама ако водење љубов кај што не смееме будалетини сме двајцата Епа ајт срцка сега лепо спавај мене сањај
вчера читам тешко ти е , страдаш не сте заедно со саканата леле леле епа да видиш како ми е мене-низ кој пекол јас поминувам, ама чудно кога ке те видам не ми доага да врискам ниту да ти ја една па ти си клонот ех што ми требаше да ти пишам наздравје кафе-чиста култура ама очигледно незнаеш што е тоа во себе си помислив пази да не ти залетне ама ај да не си создавам непријателства во партија
Во мене ти се за цел живот. Ја нема да носам бело за тебе. Ниту пак заедно ќе го играме првиот танц. Нема заедно да го пиеме утринското кафе. Ниту ќе бираме имиња за нашите неродени деца. Нема да се бориме за нашата љубов. Во мене ти се за цел живот.Колку да оставиш трага.
Еден долг пат изодевме заедно за да стигнеме до тука. Јас и Ти, сами. Прегрнати! Да беше до мене одамна немаше да сме до овој степен стигнати. Јас уште од првиот ден не не гледав како нешто сериозно. Ме плаши дека и сеуште, не дека не не гледам сериозно, но ме плаши дека ako и во овој миг треба да се разделиме јас ќе поплачам, но ќе продолжам. Лесно. Некои работи и кога се преќутени се знаат. Секогаш е тешко да се избере што во животот ќе ти биде најважно. Некогаш знаејќи што е светот денес, се откажувам од замислата за љубовта. Може е поубаво мојата замисла да остане таму некаде, скриена, бидејќи за џабе ќе ја откријам. Види, гледаш ли, ме разбираш ли. Ја рзбираш мојата желба? До некаде да, ама целосно...
една работа никако да ја сватам-или јас сум преглупава или ти имаш премногу ниско мислење за себе дека личиш на панда или на оние малине кученциња со црни очи-во тоа ли се препознаваш бе зошто-имаш потемен тен на лицето а бел си на вратот е панда а црна ти е косата и очите ко на кученце-бог да чува и да брани е работава и кога ке лајкнам на панда или кученце или прокоментирам на ф.б. ти човече реагираш т.е. се исклучуваш смешки а јас па психоанализа ти ти извршив
Ова за сопствена референца, себе да си кажам. Знам дека после ќе биде „нели ти реков“ У комуникација со другарките реферираш на мене со изразот „мртвиот“ У реду, мада ме излажа за кого го употребуваш тој израз Во друга ситуација..... „идиотот“ Тоа што ми го кажуваш, како се гордееш со мене, ииии уште неколку веќе шема комплименти ... ........ друга е песната со другите. Тоа ради оправдување, пред себе? пред другите? За сегого имаш посебна „шема“, за секого имаш приказна. И ова нашево ќе ти било love story? а? Срам да ти е
што убаво ни е јас и ти и нашево мало имам страв да не прекине ова среќа наша да даде господ уште 100 години да си живееме вака амин љубов моја
Би сакала да ги тргнам настрана сите непотребни работи и едноставно да продолжиме на уживаме. Би сакала да го освојам целото време на светот и да го искористам само на нас. Дури ни тоа нема да ми биде доволно. Би сакала да ме слушаш. Би сакала да го прочиташ и да го знаеш ова. Колку само приказна и цел разговор лежи во моето "ништо не ми е". Кога би знаел колку зборови и солзи се кријат позади мојот насмеан лик. Кога само би знаел колку молчам за да биде добро,за да преживееме и за да бидеш среќен. Кога би знаел колку лош свет се врти околу мене. А ти се вртиш околу тоа дека се ми е океј. Да,розев е мојот свет,можеби и небесно син. Но има многу причини за да стане црно бел. Само не дозволувам. Кога само би го знаел тоа...
Црнила, човеку. Жал ми е. Немаш појма колку многу! Те повредив. Повредувам. Ако останам, веројатно и ќе продолжам. Не сакав. Не сакам. Никогаш нема ни да сакам. Ми значеше. Значиш. Така и ќе остане, верувај! Но, сега си резервирав лет. Одам. Ќе се повлечам. Немам сили да издржам. Не се можам самата себеси. Ќе се обидам да избегам. Од тебе. Од себе неможам. Нема место каде да се сокријам. Безднава не ме собира. Доста грешев. Не сакав. Ти кажав дека сум никаква. Уште на самиот почеток. Ти кажав дека нема да можеш да ме разбереш. Ти-не ме сфати. Иако се обиде. Проклето е малечок. Се надевам дека ќе ми простиш...некогаш.
Жал ми е за се. Колку само сакам да го вратам времето и се да сменам. Незнам како ке продолжам без тебе. Засекогаш ке останеш моето плишено мече и секогаш ке ти чувам место во срцето. Те сака твојата принцеза.