Пред две години ти се случуваше истото ова што ти се случува и сега...бев разочарана мислев дека сите бродови ми се потонати..седев те чекав..поминаа неколку месеци..ти текна дека јас постојам..ми се врати те прифатив..поминав преку се..повторо бевме заедно и ни беше преубаво..епа мил мој немам пак сила да поминувам низ истото..ти не си мал..доволно имаш години да знаеш што сакаш во животот...првиот пат знаев дека ќе се вратиш и те чекав..а сега знам дека ќе се вратиш..но тешко ми е бидејќи дефинитивно нема да бидам тука за тебе..морам да продолжам...не можам да движам точка од -1 до 1...сакам да продолжам да достигнам повисоко ниво...и ќе успеам!
те читам вчера вечерта тажен си бил а сам си признаваш дека си се смеел на тугата несрека е мозок си навистина карма ис а бич и нормално ти се вратило сега тебе ке ти се смеат а ти ке нормално а се гледа дека ти е тешко и мачно-тоа приметувам после сватив и зошто ти било така Д нешто ми спомна-нели колеги сте а што пријатели имаш ти си пишал филинг бед тие лајк бог да чува сакав да ти пишам ако некогаш сакаш да поразговараш со некој пиши ми слободно ама се двоумам ,ке видиме и затоа од сега вака решив-ти си му клон на бившиот ми, можеш помал брат да ми бидеш-помал си од брат ми година дена па ке се обидам да воспоставам најнормална комуникација ако тоа е возможно-ни те сакам ни те мразам, нема причина ако не оди смислив и план Б
Ме радува што сфати што и кого ризикуваш кога одиш по туѓ памет и колку си им значаен во животот на “добронамерните советници“ откако би си ја исполниле замислата - да растурат еден дом, односно дека единствено им е важна твојата положба, а не личност. Шо ќе те казнувам, самата твоја помисла колку ќе се за*беше е доволна казна за тебе. Отсега, памет во глава.
Ја слушам песната која ми ја посвети.Мислам дека ќе умрам во тага со неа. http://www.youtube.com/watch?v=IPrKLqNAsSY
кај се најде баш денес да те сретнам оригиналу кукавицо една што бегаш од мене-случајно сме се сретнале ти дим да те нјама колку си плиток човече а твојата копија од сега ке го викам вини пу
http://www.youtube.com/watch?v=6nr8hPnZfMU It's very seldom that you're blessed to find your equal Ок е, знам дека не ја љубиш, ама уфф е. Само за нас. И јас ќе полетам како птиче кое штотуку се учи да лета. И ќе се вивнам нагоре како тапа од шапањ . Бидејќи чинам, покрај мене гледам како сум посипана со златници. Кои ние си ги создадовме. Златници во облик на пулсирачки звук. Спој на тоа и тоа. Моментално пулсира кутрето. Во иднина и нашата Љубов која ќе личи на двајцата - мене и тебе. Пулсот на животот.
ако немаме ушTе големко меше сите не забележA во очињава што ни светеле сме биле гулабчиња кое го чекат малото гулабчE
Остави не се враќам повеќе таму. Бидејќи немам што да дадам за тој свет. Предоцна е. Уморот ме надвладува. Му допуштам.Сакам. За една љубов голема. За една тажна приказна. За мене и тебе.
БЛАГОДАРАМ МНОГУ ЗА ОВОЈ ПРЕКРАСЕН ДЕН НАВИСТИНА МЕ УСРЕЌИ СЕ НАДЕВАМ ОД СЕГА ПОНАТАМУ СЕ ПОВЕКЕ И ПОВЕКЕ КЕ ИМА ВАКВИ ДЕНОВИ ТЕ СКАМ НАЈМНОГУ
Се сеќаваш ли дека некогаш ти побарав нешто повеќе од љубов? Секогаш ти викав - само сакај ме друго ништо не ми е потребно. Кога сакаше да ми купуваш скапи подароци, јас вртев со главата зошто за мене немаат никаква вредност без разлика на цената. За мене има вредност начинот на кој ќе ме допреш, гушнеш, бакнеш. Начинот на кој ме гледаш, штитиш, чуваш. Начинот на кој ме љубиш.. Ама за тебе и тоа беше премногу. Ќе ја игнорирам максимално денешнава дата. И повторно нема да ти кренам. Зошто знам дека ме бараш од што немаш каде, а не зошто си размислил и сакаш да бидеме старите. Всушност, да бидеш стариот, зошто јас секогаш бев истата. Не попуштам.. не сакам и не можам. Зошто вредам. И не заслужувам. Толку е едноставно. Ама ти ни тоа не сакаш да го разбереш. Живот...
Скршив огледало. Прво на што помислив е дека тоа би требало да биде лош знак, после веднаш помислив на тебе. Се надевам нема да има ништо лошо. Среќичката од пред некој ден што ме посра врапче уште не сум ја осетила. Иако знам, сепак се надевам дека среќичката ќе биде нешто со тебе.
Да биде истиот тој како што беше од оној миг кога го запознав и малку повеќе да е конкретен кон мене, да ми каже отворено што сака и.. и тоа сега за сега