Досадно ми е Не знам што би со себе.. Никогаш ништо нема да биде исто нели? Што и да помислам да направам празно е без тебе, без тебе веќе ни старите навики не се исти. И сега каде понатаму? Јас како знам и умеам а ти? Дали ти понекогаш помислуваш ШТО ЌЕ БЕШЕ АКО БЕШЕ? Ме има фатено еден од оние денови во кои мислам дека веќе ништо на светов нема смисла, а тебе те нема со саати да ме убедуваш дека не е така додека јас глумам дека не си во право се со цел само да те слушам и понатаму. Баш убаво беше нели? И сега што понатаму ? Тебе те нема Твојот глас го нема Твоите зборови веќе ги нема Твоите насмевки веќе ги нема. Веќе го нема она што бевме, другари, пријатели, брат сестра, дечко девојка, љубовници, се на светов еден на друг, ништо, познаници, странци. И понатаму ми е досадно ама сега ми е досадно без тебе ... Сеуште...
не те изневерив,ама и никогаш нема да ти кажам дека бев излезена со него..знаеш иако очајно сакав да ме баци сепак се воздржав,не сум таков човек,несакам да те изневерам,нема да можам во лице да те погледам,а и покрај се може и не го заслужуваш тоа..сепак знаеш убаво ми беше со него,и сакам да ми биде пријател но ти никогаш не би го сватил тоа и повторно би почнал со твојата љубомора,а ако ти кажам дека сепак се видов со него? мил мој само пријтел ми е..добар пријател и знаеш со часови ме слушаше додека кукав за тебе..делиме слична судбина па може затоа ме сваќа само он..знаеш дека нема да те изневерам зашто толкава љубомора и драма? мил мој можеше ти да бидеш на негово место и како некогаш да ми бидеш дечко,пријател,брат,рамо за плачење и се она што некогаш ми беше ама ти се промени..многу се промени,а со тоа ме одалечуваш од себе.. и знаеш полека,полека го гледам нашиот крај..и светол е,нема темнина. можеби сепак треба да се разделиме мирно,секој по свој пат со својата среќа,без драми,лигавења,пораки и незнам уште што..можеби сепак не сме си судени,само ете никој од нас двајца нема храброст за таков чекот..штета.
Еј ти. Што ме смееш кога ја лижеш чинијата после јадење. Што не знам што да ти правам кога си ѕвезда на мојата вечер, па само те честам аплауз. Што размислуваш во множина. Откако те знам. Ти што можеби не си најубав на свет, ама си мој отсечок од небото. Што би ми купил нов свет ако сакам. Што ме разгалува и ме чува. Нема да ми биде лесно и овој пат, но авантурите со тебе се редовен зачин во Љубовта. Признавам, ова сценарио е многу повеќе твое одошто мое. А паралелно секој се гради себеси како личност, со време што се прелева. Како кај Далиевиот часовник. Еј ти. Да останеме Ние.
Ако треба ќе умрам ама нема да попуштам пред себе. Дефинитивно нема. Па нека биде што биде! Не дека не ми е гајле, многу ми е, но ставот е јасен! Ич не ми чуе!!! ..... Единствено сум среќна што конечно се разбравме. Стопроцентно. Двострано. За се` друго има решение. Муабетот - ти на север, јас на југ. Ама, излегува што јужније то тужније па ,,твојот'' север зрачи со среќа, а мојот југ е нетипичен, студен и грд!
Ми требаш и тоа многу. Тешко ми е без тебе секоја ден те гледам, постојано тајни погледни а сепак не сме заедно. Срамот, инатоот и гордоста се посилни од нас. Понекогаш си замислувам колку би било убаво да сме заедно, но кога ќе ми текне дека тое е скоро невозможно тешко ми е многу, и тогаш ќе си кажам ама ајде да не бидам толку без надеж сепак надежта последна умира, ама на крајта сепак умира кога ќе ми се постават безброј прашања во главата на кои нема одговор. Иначе денес слушнав што ти кажаа дека си толку себичен и дека тешко би сакал некој. Во кого сум јас заљубена
После подолг период вечерва повторно комунициравме.. мислев дека си заборавил, дека си ми простил, мислев дека лутината ти исчезнала.. Но напротив ти уште повеќе ме мразиш, го почувствував тоа во твоите зборови, ти никогаш не се однесуваше така со мене... но вечерва.. .. пред некој ден бев полна со надеж дека можеби би можеле да почнеме од почеток.. само јас и ти..се излажав... колку бев глупава ... Немаше воопшто да се обидувам да стапам во контакт со тебе, но едноставно морав.. посилно беше од мене се колнам..
Многу пати помислувам на тебе скопјанецу. Те љубев,ме љубеше. Да бевме поблизу можеби ќе успеевме.Верувам дека би успеале.Но не сме близу,не успеавме... Велевме ,,кога ќе дојдеш во Скопје на студии,,-арно ама не одам. Си фати друга женска,нека ви е убаво.Потајно,длабоко се сеќавам на нашите моменти...Пред пола година ми кажа дека само сликите од мене и тебе стоеле во компјутерот.Сеуште ! И кај мене стоат.Ги вртам од време на време,ми недостигаат твоите усни,твојата прегратка.Беше ладно кога дојдов.Се обиде да ме стоплиш.Кога беше овде ме направи најсреќната девојка,најпосакувана,најзаштитена и ме претставуваше пред сите.Ах...Сега повторно си ги вратив тие денови.(во мислите) Иако кратко време бевме заедно ти значев,ми значеше.Ти..Ти си позната личност а јас една обична селанка.Но секогаш ме почитуваше,ми се обраќаше со таква почит што во некои моменти си мислев дека сум ќерка на претседател.Да,баш ти К.К! К.К ми недостигаш! Ги љубев тие усни,сакам пак! Ми недостига тој мирис,таа зима,тие средби. Ми недостигаат повиците..Аааа се сетив и на ова К.К!!!! Кога одговарав излезена пред табла ми завибрира телефонот.Помислив дека некој од клас се зафркава.Седнувам на клупа и гледам порака од тебе.А тогаш проф.кажа дека подобар одговор немала добиено.Амајлио моја. ц ц ц. К.К секогаш ќе те носам во срцето верувај ми...Никогаш не сум те заборавила,ниту тебе ниту моментите со тебе! ----- К.П два дена по ред те гледам само на поминување.Ќе ми кажеш ли каде си?Епа сакам да те видам. Се надевам утре ќе потпиеш и ти малку и јас.Некој лаф да фрлиме.
Велат спортист неможе да е лош.Е ти го докажа спротивното.Всушност дали беше само моментална реакција или што и да е не е воопшто важно.Потајно ќе те гледам и ќе те сокријам во моето срце.Само јас ќе знам за тие неколку мига можеби и најубави во мојот живот.Извини за тоа денес но морав немаше ништо од тоа што ќе се случеше да имаше смисла се ќе беше фарса една обична фарса.Ќе траеше месец-два и што ништо ќе си лупавме главите во ѕид.Уште од сега не замислувам нас двајцата партнери на полуматура.Хах само во соништата.
Ах сонце мое, со тебе времето поминува во две секунди уште некој ден и после па кке бидеме раззделени пак ке ми недостигаш и пак ке живеам од месец за месец кога конечно ке те видам и ке те гушнам.затоа сакам да го искроистам ова време максимално со тебе.ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ
Твојот лик. И темнина. И благо светло од улицата, јасен поглед на твојот профил. Го гледам уморот во твоите очи, љубов! Ја чувствувам страста во твоите допири. А јас сум нежна и плашлива. За прв пат љубена, за прв пат допрена. А така ме допираш, длабоко во душата... Ќе бидам твоја, ветувам. Ќе бидам само почекај.
Нема надеж душо. Ме истроши цела. Би сакала да сфатиш. Јас бев грешка. Мислев дека ти е исто како мене. Не ти било. Од денес може мене ќе ми бидеш доволен за само еден час. Којзнае.
знам дека ти личам баш на бараба јасно ми е, ама што да правам таква сум си јас 100% луда и креативна и сакам да те тагнам на слика-нормално не под име и презиме туку како вини пу твојот нов надимак
Ќе те киднапирам некој нареден викенд и ќе те носам на планина! Доста беше веќе работа и учење, одиме на заслужен одмор. Сега е период на качунки, разнобојна шума и сончање на тераса. Ќе запалиме оган и ќе си правиме чај од мајчина душица. Китките сигурно се веќе суви, па цела соба ќе ни мириса на чај Убавини!
Ти благодарам за преубавата вечер! Знаеш кога сакаш да бидеш добар,романтичен,внимателен.Едноставно најдобар! Иако ми беше роденден,не се чувствував најдобро.Онака беш депресивна,а и знаеш како ме мава психа овие денови. Повеќе сакав да останам дома,под ќебе,со пудинг во рака,на моменти на грицкав сончоглед.И секако,да бев патриотски расположена и да навивав за Македонија. Ама,на твое инсистирање излезев.. Бев затечена,знаеш ли. Колку си само ти..мм најнајромантичен! Ти благодарам за подароците,и за трудот што си го вложил за да ме изненадеш. Иако не љубам да искажувам чувства-те сакам!
Така ли? И од тебе да го дочекам тоа? Благодарам...не го очекував тоа од тебе... Како и да е јас ќе те чекам. Ќе љубам други...ќе бидам со други. Но никогаш како со тебе. Кога и да посакаш - побарај ме. Секогаш сум тука за тебе...
Сум ти кажала дека обожавам кога ми попушташ за некои работи т.е кој не би. Како и да е наредна недела ќе е твоја недела. Ќе се радуваме