Се срамам да си признаам и на себеси дека те сакам и ми недостигаш.. не ме заслужуваш.. ама што можам да сторам
Ме повреди тоа што не бев со вас вечерва, тоа што никој не ме викна! Собрано поблиското друштво, а јас сепак не бев таму... Па после ќе има муабети дека јас не сум сакала да се дружам со твоите другари и слично. Епа тешко ми е бе. Кога женската на другар ти може да седи со вас, кај тебе дома, тогаш јас каде сум во целава приказна??? Оф... А сега ми се јавуваш пијан и ми велиш дека сакаш да спиеш. Лута сум, и на другар ти, и на женска му, и на тебе, и на себе..... Се надевам дека се ќе биде во ред и дека некогаш ќе бидам сметана како дел од твоето друштво!
Можеби да..понекогаш мразев, имав такво чуство на љубов и омраза во исто време. Знаев да сакам не викам не. Но понекогаш се случуваа работи кои не се простуваа.Но секогаш се наоѓаше изненадна особа која знаеше да ме смири. Лудо ке се заљубев, и наеднаш како сенка ке го снемаше од мојот живот. Некој периот бев среќна, никој неможеше да ја замени таа блескава насмевка, но имаше периот кога бев тажна кога целото лице по малку ми обледуваше и стануваше се поладно и поладно. Тие сјајни очи .. светкави како звездите и округли како детските џамлии.. понекогаш беа премногу растажени и расплакани во исто време. Поминуваа денови ништо не се смени.. се беше по старо, лажни лавиринти, изгубена надеж, прокоцкана шанса. Секое сабајле се будев гледајки го изгреј сонцето со нова надеж дека се ке биде подобро, дека секој изминат ден има свое минато, а секој нов ден крои своја иднина. Но џабе беше,повторно ке зајдеше сонцето .. и јас ке го отворев мојот дневник и ке почнев повторно да пишувам. Но само едно знаев дека само една искрена насмевка, едни очи кои ме гледаа.. само тие можеа да ме направат среќна.. :/
И што да мислам јас сега? Ме сакаш ли, не ме сакаш ли? Ти значам ли бар малку? Кога ќе ми кажеш се во лице? Кога ќе ми кажеш на што сум? Кога ќе можам и официјално да те наречам МОЈ!?
браво бе ти најде да пишеш за замарање со мислењата на другите а ако се замарав со тоа што ти мислиш и зборуваш за мене требаше до сега да сум во Бардовци шега е сега свакам зошто ти се препознаваш во кучињата-скоро прочитав немаат живците кутричките затоа напагаат, гризат сега ми е се јасно-психологија е тоа и тебе не ти е лесно се гледа се познава а кога те најдов под твоето име и вук на Твитер ти ако личиш на вук јас сум мумија
Се уште ми недостигаш и мислам на тебе, а не треба. Не заслужуваш. Те сакав повеќе од животот, а ти ме остави без збор, како најголема кукавица. Помина многу време, далеку си, имаш нов живот. Се прашувам само дали понекогаш помислуваш на мене.
Ако зборовите ТЕ САКАМ ти значат-те сакам ама не сум сигурен.Најубаво земи закопај се у саксија па види дали ќе цветаш!
Љубов е кога се договарате да играте лотарија за грин кард, па кој добие-добие, за другото ќе си се земете и ќе си го решите проблемот. Ањњњњњњњњњњњњ!!!
Велат дека кој чека ќе дочека и дека кога нешто се чека долго време, прекрасно е кога ќе дојде и треба да се ужива во него. Зошто бе и за ова не сум како другите? М? Многу пати ми се случило спротивното-од што сум го чекала нештото долго време, да не сум среќна кога ќе се случи, единствената мисла ми е „е фала Богу веќе“ Не сакам така да се случи. А колку повеќе чекам на тоа, толку помалку ми спласнува возбудата. Желбата не се губи, и никогаш нема да се изгуби, макар поминале и 10 години, ама не е тоа-тоа.....не знам како да ти објаснам. Не сакам да биде затоа што така мора и така треба, туку затоа што така сакаме. Разликата е енормно голема, не сакам ни да помислам да споредам..... Не ме убивај. Не не' убивај.
Мислам дека дојде денот што ти велев дека ќе дојди, а не ми веруваше. Оној ден кој се вика „ми пукна филмот, сега сум рамнодушна“. Ајде да видиме сега како ќе се одвиваат работите.