И денес ме разбуди мирис на нас. Си спијам со перница откако отиде уџум, знаеш? Ама добро, убаво ми е да си сонувам и така. Пинџур, ајвар, изгорени дрва, мокри мачиња, ете тоа во Дебармаало почнува да намирисувам. И сакам да си тука... Само сакам да си тука.
Утре ќе е убав ден за тебе, ама и за мене. Се радувам за сите твои успеси. И да ти спремам и изненадување и торта. Те сакам
Посакувам твоја гушка и бакнеш со секој дел од моето тело, секоја молекула, секое влакно, секој нерв... Зошто си толку проклето далеку...
Се појавуваш како тежина во срцето. Како болка која никако да помине. Си олеснувам на моменти, солзи насмевка не е ни важно. Повеќе ништо не е важно. Откако ме остави, само мислам како да продолжам. И не , не спијам. Кројам планови. Дистракции на мислите, она што внимание ќе ми скрене од тебе. Денес ќе правам она, утре ова, а јас само сакам да те видам. И како кнедла ми е застанат врисокот во грлото. Повеќе ни солзите не ми се пријател. Повеќе ни пријателите не ми се излез. Излезот си ми само ти. А тебе те нема... И се убедувам себеси дека не си бил важен. И се убедувам дека не си вреден, дека си ми испод ниво и така натаму, и така натаму, и така натаму... А бил каков бил мене ми си се. А дозволи да останам без се. Празна. А тебе те нема... И не те чекам. Ама тебе те нема....
Прекрасно е кога ќе погледнам во твоите очи и ќе ја видам твојата решителност и упорност да бидеш со мене покрај се' уште од денот кога се запознавме. Иако ретко ми кажуваш "те сакам", нештата кои ги правиш за мене ги врескаат овие два збора на цел глас. И како што ти реков еднаш: Double infinity-a journey with no end. Што и да се случи,секогаш ќе бидам крај тебе.
арно кажа претседателот и еден од твоите шефови го слушна тоа-некој ке трча ко будала и нема да му се помогне а некој за тоа што ми е другар ке му помогнам и те спомна тебе -всушност беше наменето за тебе а јас што ми текна да се насмеам и мислам дека беше ти тој што ме загледа кога доагав во штабот, што ми кажа нешто ама не те слушнав баш попладнето-па кога ми зборуваш од грмушки така е што помина неколку пати додека одевме со другарка ми накај твоето маало со авотомобил-да можеш во сенка да се престориш и да ме следиш насакаде низ градов може може и ноке ме сонуваш незнам бог да чува и да брани наместо најнормално како човек да застанеш пред мене и да ми кажеш ај лајк ју ама ке дојде денот кога ке ми те видам следачу па јас на тебе да ти кажам нешто во лице без грам срам и без пардон
и да ти кажам дека баш вчера ми се пушташе другар ти-не знаев до скоро дека се дружите се додека не ја видов заедничката слика леле леле со кој се дружиш па да бе тој трачар исто ко тебе ама не му е прв пат и знам многу лесно да го откачам а вчера како што бев така расположена, насмеана, весела воопшто не беше проблем гарант се ке ти биде пренесено кога и велам на другарка ми дека јас морам да се тргнам од таму на некое време таа ми вели смири се и игнорирај да се ок ама преку глава ми е од вас и од таквите ко вас-не можам вас да ве тргнам од овдека, јас можам да се тргнам најпаметно е тоа
Деновиве многумина ми рекоа дека гледаш во мене со поглед полн со каење а јас сеуште се плашам да верувам, се плашам дека повторно ќе бидам повредена. Кога ме замоли да ти простам ти реков дека нема за што да ти простувам но всушност имаше, имаше многу за простување а јас не бев спремна да простам. Колку и да се борам не можам да подлегнам под фактот дека те сакам. Сакам да ти кажам толу многу работи, да ти ја опишам својата љубов и својата болка но секогаш кога се сретнувам со твојот поглед останувам нема.
Смачуваш ми се.. Отидеш у Скопјето,и одма некако се променеш.. И јас се менувам верувај.. Само на арно да е,ама по се изгледа нема да е..