Сакам да те правам среќен. Сакам да те израдувам. Самошто не би знаела како ќе реагираш на сето тоа. Спремна сум да ти го приредам ова: и ова: Не ти кажувам ништо, сама ќе резервирам и уплатам се. Ќе те излудам некогаш со моиве идеи. Се надевам ќе успеам. Имам 8.000, ми фалат уште толку. До 25.09. ако ги заработам јухуу патуваме. Ако не ќе морам да барам друга варијанта. Ветувам дека каде и да сме ќе правам се од себе да си поминуваме смирено.
Те видов вчера поету, те видов дури два пати. Првиот пат беше премногу зафатен гледајќи слики на твојот Ајфон, а вториот ме одмина со твојот точак. Прав хипстер си; Ајфон, точак, мали наочарчиња, коса собрана во мала пунџичка, несредена брадичка. Ќе ми посветиш ли една поету? Ги имаш еден куп во твојата глава, знам. Ме познаваш добро, ако сакаш одмини ме и сто пати. Ако сакаш одмини ме и сто и еден. Јас си седам таму, до купот во твојата глава.
Ептен сум среќна за тебе, успеа во тоа што го сакаше, не за џабе се вели дека се што се сака и се постигнува. Скокам од радост за тебе И да среќна сум што си покрај мене...
Јас постојам за тебе ...ќе постојам уште малку па ќе седнам Спојлер Жал ми е вака се што испадна, немам повеќе надеж..
Од сите болки ти си ми најболната Од сите рани моја најлута рана Од сите солзи ти си ми најтоплата Од сите тајни моја најтајна тајна Од сите денови ти си мојот најдолг ден Од секој поглед твојот најмногу збори Од сите мисли твојот посебен е свет Од секој оган твојот најмногу гори Ти си ми се, баш се, баш се... Моја вода, воздух, оган и земја Ти си ми се, баш се, баш се... И кога не би било сето тоа Од сите ноќи ти си ми најсветлата Од сите голтки, таа жед што ми буди Од сите вери ти си ми најблиската... Ти си ми се, баш се, баш се...
Те сакам, те сакам, те сакам !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ах бе..... Те сакам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Најтешки се овие борби со сам себе, и ќе ми каже некој умот бил босот, како тој ќе нареди, срцето го слушало. Е ај бе, му наредувам. Ептен е силен бе луѓе, премногу.... Како да ви кажам..... Злато бе,зашто..... Ах, не знам, не знам.... Само едно знам, дека те сакам премногу !!!!!!!! Срцето ќе ми излезе.... Само ти ја имаш таа моќ.
Еј, ме убива ова.. Ме убива секоја работа што ја сонувавме, а никогаш нема да ја постигнеме. Ме боли секоја ситница во собава која ми ја подари некогаш велејќи дека е купена со многу љубов. Ме боли помислата самата помисла на тебе. На твојот несовршен излед, со милион маани кои јас совршено ги засакав. И еве ме.. патам. Ме боли помислата на она што можевме да бидеме.. да имаме се`, но уште повеќе ме боли помислата на тоа дека продолжуваш како никогаш ништо од тоа што го кажа да не го помисли ни за миг. Еј, како можеш да продолжиш без да се свртиш назад и каеш за тоа што го оставаш? Зарем кога не ја бакнуваш неа, кога ја допираш, не го гледаш мојот лик? Зарем не те боли ова? Јасно дека не. Јасно како солзите што ги пролеав, а не донесоа ништо добро. Освен дополнителна болка.. Кога ќе дојде ноќ, најтешко ми е. Тогаш сиве овие 2 години ми преминуваат низ очи. Кога ќе сакам да заспијам, спомените ми го бркаат сонот. Ми се редат безброј слики.. од нас двајцата, среќни. Кога ќе сакам да речам крај, доста е, срцето почнува да ми чука забрзано и да ме потсетува на тоа дека оваа љубов нема да се искорени така лесно. Дека мора да боли, за да знам дека сум љубела искрено. Со милион жртви, за никој никој не ми е благодарен. А, најмалку ти. Ова живот ли е? Мене ми е темно пред очиве.. Ослабена, пропадната, видно уморна.. Поразена. И да си речам нема веќе, кого лажам? Времето не ми излечи ништо. Ми направи да е потешко кога сфатив дека веќе има друга на мое место. И дека никогаш нема да се вратиш. Да бидеме една целина, да бидеме Ние.. Никогаш.. никогаш. Ме сакаше ли? Никогаш!
Ќе кажам чудни зборови. Одржувај тишина,ме знаеш. Во твоето отсуство многу изрази во огледалото видов.
кога виде што прокоментирав за Виноскоп веднаш се вклучи што си ти сега и пијаница ке ме направиш-па поголема од тебе нема кај ми беше паметот кога во црква палев свека за да ти тргне во животот лани заслужувам еден добар тоа да
Знам дека ти си тој, зошто ме смееш до неверување. Те замислив со пераи и тоа блузончето, ко на Тур Де Франс, аеродинамично скроз. Абе ах... Ќе бидеме? Мора да бидеме!
луда сум-тоа си знам ама кога ке ми текне дека прееска кога пишав на една сликичка коментар пишуваше никој не ме сака јас пишав колку си слатко како да не те сакам ти се исклучи арно вели другар ми-има нешто тука да бе братче знам и јас дека има ама ке дознаам во следниот живот што е тоа а незаборавно беше тоа кога ме начекавте на лулашка седната јас-ептен се чуствував тапа тогаш се клацкав и не размислував на ништо и некој рече еве ја-ко вие да сте ми џандари бе и тогаш само се тргнав, не ми се зборуваше и подобро што беше така, инаку имаше да видевте вие и ти и тоа другото боцкало