Искрено, многу ме замисли муабетот од прееска, посебно делот дека ние, т.е. нашата врска напредувала од пред 6 месеци. Епа, цел ден мислам, ништо не успеав да смислам Љубави, дај жити мене кажи ми што напредува. Значи, да почнеме: - Сме решиле станбено прашање? -Не. - Се трудиме да решиме станбено прашање? - Не. - Имаме дете/деца? - Не. - Бремена сум? - Не. - Се трудиме да имаме дете/деца? - Не. Напротив, многу сме внимателни. - Во брак сме? - Не. - Верени сме? - Не. - Си ме побарал? - Не. - Живееме заедно? - Не баш. Не знам, може сум глупа, ама јас стварно не гледам каков ти е тој напредок Освен ако има нешто што не си го пријавил Ама за мене ситуацијата е таа, има одговор „не“ на сите прашања од прво до последно. И тоа едно огромно НЕ, затоа што знам дека за сите овие прашања од прво до последно сме светлосни години далеку. Буквално за сите.
Бевме малце скарани.И онака почнав во тој период да читам книги и во секој лик го пронајдував. Висок со бушава коса и неговите прекрасни залени очи. Знам дека претерувам и тој исто И сакам да му кажам...благодарам денес што ми даде сигнал дека сеуште ме сакаш ми значи тоа. благодарам што ми даде надеж да верувам во нас. Ти овај ден ми го направи посебен. Да, ми направи изненадување...ми прати порака. Многу кратка и невобичаено да ми прати помислив тука е крајот. Појдов таму.И заплака пред мене. Се каеше за се што ми кажал и ме прегрна.Додека се шетавме појде во една цвеќара и ми купи букет. Бев изненадена не знаев што да правам...како треба да возратам...имав трема.Го немав бакнато недела и пол . И не знаев како да се заблагодарам за убавиот ден кој ми го подари едноставно ми текна да му ја притиснам најцврто раката и да го гушнам. Не сакав никогаш да се оделиме. Благодарам сега сум среќна. И знам каде погрешив повеќе никогаш нема да згрешавам.Иста грешка не правам 2 пати. Те сакам ! верувај ми
може ли еднаш да поминам без ти и твојот муфљуз колега да не ми речете топ е или еве ја може ли со слушалки на ушите слушнав ама знам и кој ти е нај нај колега што сум бе јас заробеник во свое маало? да земам една метла и по двајцата па да видите кој е топ или дали се појавив јас муфљузи мераклајсани
кој ти е крив бе муфљуз еден што имаш огрмно алтер его, а на моменти си кукавица невидена да ми пишеш или најнормално да поразговараш со мене и што си пред се Казанова со тапија јас ли сум крива па после ке биде, ваква е таква е, онаква е
Неможам да дефинирам што ме боли повеќе, срцето или гордоста...се е измешано, многу измешано. Со многу прашалници ме остави. Остај што се прашувам што си мислиш, што чувствуваш во моментов, дали сакаш да ме видиш, дали имаш потреба од мене онака како што имаше порано или исчезна преку ноќ... Јас почнав да се прашувам дали чувствувам спрема тебе толкава љубов колку што мислев, дали премногу сум те идеализирала, па сум живеела во некој мој замислен свет со тебе, не обрнувајќи внимание на твоите лаги, иако сега сфаќам дека бев свесна, свесно премолчувајќи на сите твои и изговори, не перцепирајќи ги сите твои потези со кои јасно и гласно ми се укажуваше дека нешто сакаш да ме смоташ....Љубов ли сум чувствувала сега се прашувам, љубов или страв и неподготвеност да си отидам и да започнам нешто ново со некој друг, задоволувајќи се со тоа што го имам до себе, какво такво, најблиску до тоа што сум мислела дека можам да го имам си бил. Секогаш сум била реална и сум ги согледувала прво моите маани и недостатоци, па сум ги судела и оценувала другите луѓе, па така и тебе. Ама полека сфаќам дека не сум се ценела самата себе, премногу сум мислела дека нема да можам да најдам друг, дека нема да има друг кој ќе знае да ме сака, цени, љуби, почитува како што ти го правеше тоа...Се додека не ја сјеба работата. Се додека и онаа малку доверба што ја имав во тебе, не ја разниша. Таа доверба сега се држи на еден тенок конец кој како поминуваат деновите, така полека се кине, и ако во брзо време не преземеш нешто, многу се плашам, срцево ми се тресе дека ќе се скине. Е после....после среќичко моја, колку и да се трудиш, нема да можеш да го составиш пак. Никогаш нема да биде исто... Само едно ме боли највеќе. Ме направи како тебе да бидам. Да не мислам на чувствата на другите и само својот кејф да си го гледам. Може и така треба со секој во животот, па никогаш да не бидеш повреден.
Заминуваш и носиш дел од мене таму..ќе ми недостигаш премногу,не знам како ќе го издржам овој период на разделеност. Се тешам, силни сме многу нешта сме пребродиле досега, ќе ја надминеме и разделеноста драги мој. Бидејќи нашата љубов нема граници, те сакам до бесконечност, а и ти мене исто така. И ќе се бориме со сите сили да го задржиме тоа што го имаме,бидејќи ваква љубов еднаш во животот се чувствува-го знам тоа од моментот кога прв пат ме бакна.
и после се си со мене и покрај тоа што незнаеме што ни носи иднината и покрај тоа што можам да ти бидам товар цел живот не ме напушташ...страв ми е страв од тоа да не ти се здосади еден ден и да не си заминиш не бевме свесни дека животот можи ова да ни го приреди позади нас е тешка година која сеуште и трае...неможам ништо повеќе од тебе да барам ќе те сватам ако си заминиш иако со тоа ќе ме убиеш...
Денес беше многу убав бе. Така облечен во белата дуксерка, исончан, хм каков беше секси. Сакав да те соблечам таму уште додека бевме качени на велосипедите. Сакав да ја брцнам мојата дланка во твоите треењерки и да си поиграм со мојата сопственост. Ти си мојата гордост.
Тешко ми е без тебе, не сакам повеќе да легнувам ниту пак да се будам а да не си покрај мене. Секој ден што одминува е пребавен и претежок и ги бројам не деновите туку саатите до твоето доаѓање. Знам дека мораше да одиш, знам дека таму си поради тебе, поради нас, поради сето она што еден ден ќе биде наше, и знам дека во моментот кога ке те гушнам ќе заборавам на секој саат поминат без тебе. Го чекам тој момент и едвај чекам животот да го споделам со тебе.
Си ги догледавме и последните епизоди од Френдс на лаптопот, гушнати под ќебенце. Те сакам, многу. Си знаеш.