Никој не сум сакала повеќе од тебе,ти си најубавото нешто што ми го запишала судбината,штета што беше игран филм во неколку делови,а не серија во 800 епизоди
Среќна сум што најде друга подобра работа и што те имам.. Најубаво ми е со тебе.Уште некој саат ќе си дојдеш,ќе те галам и гушкам додека одмараш во моите прегратки..Па ќе јадеме, ќе си збориме и ќе уживаме во остатокот од денот.. Душичка... Те сакам и се гордеам со тебе!!!
Избегнувам да поминувам од таму, се ме потсеќа на тебе. Истото место е премногу изменето сега, те нема тебе таму, го нема твојот глас и моето гласно смеење. Се е поразлично. http://www.youtube.com/watch?v=JtO43yB3Zh8
Топло-ладно,променливо,биполарно суштество... ете што си ти. Комплициран карактер убиј боже. Една секунда ми иде да те мавнам со тавче по глава,ама онака убаво да те заболи,а друга секунда си ми најмилото суштество на свет. Дај не ме живцирај веќе,човече. Одлучи се каков сакаш да бидеш аман. Избери идиот да бидеш ако сакаш,само не биди променлив. Не знам веќе што да направам за да те сфатам...
Идиоту, како можеш да откажуваш излегување коа веќе тргнав, да изигравам будала по улиците ваму таму не не иде, можда сум старомодна али ова тука се завршува колку и да ме боли и да е најминимална и банална грешка.
Во последно време си подобар, баш јас како што сакам, ама сепак ми е страв да се опуштам. И фала што ја сподели убавата вест со мене денес.
Криво ми што размислуваш така, а немам начин како да ти го разјаснам тоа за едноставно да сфатиш . Многу те сакам, фала што си толку грижлив за се, мило ми е што ништо не е исто како лани ова време, мило ми е што ти си сосема поинаков. Е ваков те сакам.
Ej срам ми е да зборувам со повозрасни луѓе по тел, а ме местиш а? Целата се вцрвив од срам, а ушиве ми чурат. Ќе се снајдеме во светов или не?